Соопштение
21.09.2018

Почитувани ученици и наставници,

На следниот ЛИНК се дадени програмата и водичот за натпреварувачите за Втората македонска олимпијада по природни науки.  

Со почит,
ДФРМ, СХТМ, МБД

Соопштение
05.07.2018

На Првиот селекционен натпревар по природни науки одржан на ПМФ на 4.07.2018 год. со почеток од 10 часот учествуваа 38 ученици. Со одлука на Комисјата за природни науки на Вториот селекционен натпревар се покануваат најдобро пласираните 17 ученици. 
Преземи го списокот на ученици.

Корисни информации во врска со силабусот на Меѓународната ЈУНИОРСКА олимпијада по ПРИРОДНИ НАУКИ, како и список на расположива литература на македонски јазик која учениците може да ја користата во своите подготовки се дадени во документот подолу.
Преземи го документот

Со почит,
ДФРМ, СХТМ, МБД

 

Соопштение
13.06.2018

Се известуваат учениците кои ќе учествуваат на Првиот селекционен натпревар по природни науки дека истиот се презакажува и ќе се одржи на 4 јули 2018 година со почеток од 10 часот на ПМФ во Скопје. 

Со почит,
ДФРМ, СХТМ, МБД

Соопштение
28.05.2018

Почитувани ученици,

На Првиот Селекционен натпревар по природни науки кој ќе се одржи на 22.06.2018 година во  Голем физички амфитеатар - ПМФ - Горна зграда, со почеток од 10 часот, со одлука на Комисијата за IJSO се покануваат најдобро пласираните ученици на Државните натпревари по физика, хемија и биологија, како и сите ученици кои минатата година го сочинуваа резервниот тим и ги посетуваа подготовките на ПМФ. Список со учениците кои имаат право на учество е даден ТУКА.
Сите ученици кои планираат да учествуваат на овој натпревар своето учество треба да го потврдат со испраќање на електронска пошта на fizikanatprevari@gmail.com, најдоцна до 15.06.2018 година.

Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД. 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МЕЃУНАРОДНА ЈУНИОРСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ПРИРОДНИ НАУКИ 2018

International Junior Science Olympiad, IJSO, 2018

Соопштение за Меѓународна олимпијада за природни науки 2018 (IJSO 2018)

Почитувани ученици,

Меѓународната олимпијада за природни науки 2018 година ќе се одржи во Габороне (Боцвана) од 2 до 11 декември 2018 година. 
Информации за процедурата за избор на македонската екипа се дадени во овој документ.

Подготвувајте се!

Срдечен поздрав,
Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија,
Секција за хемиско образование

 

Почитувани ученици,

Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки е една од тринаесетте олимпијади категоризирани од Министерството за образование и наука како значајна меѓународна олимпијада за ученици од Република Македонија и за постигнат успех на некоја од овие олимпијади МОН доделува стипендии на учениците. Ова е престижна олимпијада, добра можност за учениците да го покажат своето знаење, способности и вештини, како и споредба на секоја земја со останатите земји-учеснички.

Активностите во врска со олимпијадата се реализираат од страна на три здруженија: Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД).

Планираните термини за престојните активности во врска со Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2018) се следните:
- јуни/јули 2018 – прв селекционен натпревар за IJSO 2018 на ПМФ, Скопје
- август 2018 – втор селекционен натпревар за IJSO 2018 на ПМФ, Скопје
- септември–декември 2018 – подготовки на тимот за Олимпијада на ПМФ 
- декември 2018 – учество на тимот од РМ на IJSO 2018

На првиот селекционен натпревар ќе бидат поканети најдобро пласираните ученици од натпреварите по физика, хемија и биологија од VIII и IX одд., но и најдобро пласираните ученици од трите натпревари од прва година кои до 31.12.2018 нема да наполнат 16 год.

Трите друштва ќе организираат селекција на учениците преку два селекциони натпревари, со тоа што на првиот селекционен натпревар ќе бидат дадени и задачи од математика кои ќе бидат непосредно поврзани со проблемските прашања и задачи од физика, хемија и биологија кои бараат предзнаења од математика. На вториот селекционен натпревар ќе има прашања и задачи од физика, хемија и биологија.

Со почит,
СХТМ

25ти Конгрес на СХТМ

19-22 септември, 2018, Охрид

Вести