Ноември – МЕСЕЦ НА НАУКАТА!

Соопштение
24.9.2019

Почитувани ученици, наставници и родители,

Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“, во организација на Македонското географско друштво (МГД), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти географи „Природник“ (ИДСГ – Природник), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), и Природно-математичкиот факултет (ПМФ). 

Настанот е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика. Оваа година настанот ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена во ноември 2019 година и тоа:

  • 16. ноември за ученици од I-VI одделение
  • 23. ноември за ученици од VII-IX одделение и
  • 30. ноември за ученици од I-IV година

и ќе вклучува повеќе настани:

  • научно-популарни предавања,
  • експерименти - натпревар во експерименти/изработки/симулации од ученици,
  • презентации на искуства од наставници,
  • работилници,
  • посета на лаборатории на ПМФ и други активности. 

За учество на настанот секој ученик и секој ментор/наставник треба да се пријави најдоцна до 1октомври (петок) 2019 година со пополнување на оваа електронска пријава. Пријавувањето ќе започне од 25 септември (среда).

Сите детали за пријавување и формулари за учество на настанот се дадени тука: http://www.mgd.mk/vesti/noemvrimesecnanaukata

ЗАЕДНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО АФИРМАЦИЈА НА НАШИТЕ НАУКИ!

Со почит,

Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД 
Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Доц. д-р Ламбе Барандоски, претседател на ДФРМ
Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски , претседател на СММ
Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД
Мартин Стојановски, претседател на САД
Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД
Александар Стојановски, претседател на ИДСГ Природник
Алексеј Ановскиќ, претседател на ИДСБ
Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ

27-ми Конгрес на СХТМ

25–28 септември, 2024, Охрид

Вести