Соопштение
30.08.2019

Почитувани,

Поради покажаниот интерес за дводневните обуки по природни науки за одделенките наставници, Ве известуваме дека дополнителните термини за обуките е 12 и 13 септември.

Дополнителни информации се дадени ТУКА.

Соопштение
24.08.2019

Почитувани,

Поради големиот интерес за дводневните обуки по природни науки, Ве известуваме дека рокот за пријавувањето на заинтересираните предметни наставници по природни науки е продолжен и ќе се одвива:

  • до 29 август 2019 година за термините - 3 и 4 септември 2019 г.
  • до 6 септември 2019 година за термините - 10 и 11 септември 2019 г.

Информациите за обуките кои се дадени во првиот допис пратен до училиштата во јуни, 2019 се дадени ТУКА.

 

Соопштение
26.06.2019

Почитувани,

Ве информираме дека трите здруженија - Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) ќе организираат обуки со работилници за практична работа за наставници кои изведуваат настава по предметот Природни науки.

Обуките и работилниците се поделени во две категории и се однесуваат на темите по природни науки од:

  • прво до четврто одделение (подетално ТУКА) и
  • петто и шесто одделение (подетално ТУКА).

Со почит,

ДФРМ, СХТМ, МБД

 

13ти Студентски конгрес на СХТМ

19-21 септември, 2019, Скопје

Вести