„Глобален женски појадок“

По повод 100 години од постоењето на IUPAC постои иницијатива од IUPAC за организирање на „Глобален женски појадок“ на 12 февруари 2019.

Идејата на IUPAC е на тој појадок да се соберат жени хемичари, вработени во различен тип на организации (универзитети, компании, училишта, лаборатории од приватен и државен сектор) со цел да ги споделат нивните искуства во дотогашната кариера, како и да ги разгледаат можностите за идни соработки. Повеќе детали во врска со идејата на IUPAC можете да најдете на следниот ЛИНК.

СХТМ како друштво на хемичарите и технолозите на Македонија се придружува на оваа иницијатива на IUPAC и на 12 февруари 2019 год., ќе организира женски појадок на Институтот за хемија, ПМФ, Скопје, за сите жени кои се регистрирани во базата на СХТМ (по претходно пријавување на организаторите).

Дополнителни информации во врска со појадокот може да се добијат на sctmacedonia@gmail.com

Во име на СХТМ со почит,

Доцент д-р Јасмина Петреска Станоева

Проф. д-р Марина Стојановска

 

Термини за натпревари по хемија

Дел од позначајните активности предвидени за 2019 г. се:

Како што ви е познато членовите на СХТМ имаат посебни повластици ако учествуваат во овие активности.

Со почит,

Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ