Прво соопштение, 9.3.2022
Драги студенти,
Ви го најавуваме 15-тиот Студентски конгрес на СХТМ (со меѓународно учество), кој ќе се одржи во Скопје, на Институтот за хемија, ПМФ, во периодот од 29-ти септември до 1-ви октомври 2022 согласно препораките за Covid-19.
Целта на конгресот е да се претстават резултатите од дипломски, постдипломски и докторски истражувања преку усни презентации. Може да се пријават теми од сите области на чистата и применетата хемија како и хемиското инженерство.
Ве молиме следете ја веб страната www.sctm.mk која ќе биде ажурирана со нови информации. Ве очекуваме со вашите презентации да го збогатите овој конгрес и да се запознаете со истражувањата на младите од регионот.
Организатори:
вонр. проф. д-р Наташа Ристовска, научен одбор, natasa@pmf.ukim.mk
асс. м-р Пеце Шеровски, организациски одбор, sherovskip@pmf.ukim.mk
29 септември до 1 октомври, 2022, Скопје