Соопштение
31.07.2020

Александар Трајковски го заокружи своето средно образование со освоен бронзен медал на Интернационалната олимпијада по хемија – IChO-2020

52-рата по ред Интернационална олимпијада по хемија (International Chemistry Olympiad) – IChO-2020 заврши со церемонијата на on-line доделувањето на медали на 30 јули 2020 година. Овој настан ќе остане запаметен по последиците кои ги предизвика пандемијата на вирусот Ковид-19. Вирусот не претставуваше пречка да се реализира IChO-2020. 60 држави од целиот свет го потврдија своето присуство и учествуваа на предизвикот поставен од домаќините. Турција како земја домаќин, успешно се прави со предизвикот и ја понесе одговорноста за реализација на овогодинешното специјално издание на олимпијадата – натпревар на далечина. За жал, експерименталниот дел од натпреварот беше невозможно да се реализира, така што учениците имаа можност да се натпреваруваат само во делот на решавањето на теоретските пролеми од областа на хемијата, што за нас како добри експериментатори беше разочарувачки.
Нашите натпреварувачи, како и изминатите години така и оваа, достојно ја претставија нашата држава. Во конкуренција од 235 учесници од 60 држави, Александар Трајковски ученик од IV година во СОУ „Крсте Петков Мисирков“, Демир Хисар освои бронзен медал, додека Дарко Стојчев, ученик од II година во СОУ „Добри Даскалов“, Кавадарци доби пофалница. Оваа година, заради неможноста да се реализираат селекциони натпревари за IChO, тимот кој беше избран за Интернационалната Олимпијада Менделеев, ја претстави нашата држава и на IChО. Тимот се состоеше од:

  • Александар Трајковски, IV година СОУ „Крсте Петков Мисирков“, Демир Хисар,
  • Дарко Стојчев, II година, СОУ „Добри Даскалов“, Кавадарци,
  • Леонид Сајков, III година, СОУ „Јосип Броз Тито“, Битола,
  • Михаил Трајков, III година ПСУ „Јахја Кемал“, Карпош.

Во подготовките на учениците учествуваа професори од Институтот за хемија, членови на „Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија“:

  • Миха Буклески,
  • Наташа Ристовска,
  • Јасмина Петреска Станоева,
  • Марина Стефова,
  • Слоботка Алексовска,
  • Владимир Петрушевски.

Оваа година и реализацијата на подготовките се одвиваше on-line, а делумно и со физичко присуство (до почетокот на април). И покрај техничките ограничувања, преостанатите подготовки беа одржани со намален обем. Натпреварувањето пак, се одржа со физичко присуство на Институтот за хемија во Скопје при постојан видео надзор од страна на организаторите во Истанбул.

Познато е дека СХТМ секоја година се соочува со проблеми од финансиска природа. Затоа сакаме да ја изразиме нашата благодарност на градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, кој целосно и несебично се заложи за реализирање на финансиската поддршка во услови на пандемија и избори. Тој и семејството Шоптрајанови (професорите Лидија и Бојан) беа единствените кои финансиски го помогнаа учеството на учениците на олимпијадата.

Дел од виртуелната завршна церемонија на прогласувањето на победниците која се одвиваше во живо на YouTube.

Учениците по завршувањето на 5-часовниот натпревар кој се реализираше на Институтот за хемија во Скопје под видео надзор од организаторот во Истанбул (Од лево кон десно: Леонид Сајков, Дарко Стојчев, Михаил Трајков, Александар Трајковски).

 

Соопштение
20.07.2020

УШТЕ ЕДЕН МЕДАЛ НА МЕЃУНАРОДНАТА ОЛИМПИЈАДА ПО ХЕМИЈА - МЕНДЕЛЕЕВ

54-тата меѓународна олимпијада по хемија – Менделеев (IMO) за прв пат требаше да биде одржана надвор од границите на поранешниот Советски Сојуз, но пандемијата го смени текот на настаните. Овогодинешното издание на IMO е првото кое се одржа на далечина – „online“. Како резултат на тоа, овој пат натпреварувачите немаа можност да ги покажат своите експериментални вештини.
Натпреварот се одржа на 14 и 15 јули 2020 година и во текот на двата натпреварувачки дена, учениците од средните училишта од целиот свет имаа можност да ги покажат своите способности во решавањето на теоретските проблеми од речиси сите области на хемијата. Како екипа која секогаш покажува подобри резултати во експерименталниот дел, одржувањето олимпијада без физичко присуство (со отсуство на експерименти) беше демотивирачки. Сепак, Александар Трајковски од СОУ „ Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, успеа да совлада добар дел од проблемите и да освои бронзен медал на Менделеевата Олимпијада.


Александар Трајковски од СОУ „ Крсте Петков Мисирков“, Демир Хисар освојувач на бронзен медал.


Оваа година, македонскиот тим беше составен од:

  • Александар Трајковски од СОУ „ Крсте Петков Мисирков“, Демир Хисар
  • Михаил Трајков од ПСУ „Јахја Кемал“, Карпош
  • Дарко Стојчев од СОУ „Добри Даскалов“, Кавадарци
  • Леонид Сајков од СОУ „Јосип Броз Тито“, Битола.

130 учесници кои доаѓаа од 27 држави од Евроазискиот континент беа дел од оваа олимпијада. Србија за прв пат оваа година се приклучи на овој настан, а имаше и држави кои по повеќе години се одлучија да се вратат на „Менделеевата сцена“.

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.0-9/107823091_643552132912642_8701249142279523429_o.jpg?_nc_cat=108&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=1KxPrn2gZVEAX_F-VWB&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=a43afce65dfb80b84e61718843d81c8d&oe=5F3A0B5E

„Online“ отворање на 54-тата Меѓународна олимпијада Менделеев.

Во подготовките на тимот, исто како во изминатите 5 години, учествуваа професори од Институтот за хемија кои се исторемено и членови на „Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија“:

  • Миха Буклески,
  • Наташа Ристовска,
  • Јасмина Петреска Станоева,
  • Марина Стефова,
  • Слоботка Алексовска,
  • Владимир Петрушевски.


Дел од работната атмосфера во библиотеката на институтот за хемија.

Во наредниот кус период, продолжуваат индивидуалните подготовки на учениците за нивен настап на најпрестижната олимпијада – International Chemistry Olympiad (IChO-2020) која ќе се одржи на 25 јули, исто така online.  
Целиот овој настан беше посветен на животот и делото на академик Валериј Василевич Лунин, човекот кој се смета за најзаслужен за олимпијадата која од олимпијада на СССР прерасна во меѓународна. Академик Лунин почина на 9 март 2020 година.
https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/1/14/Lunin.jpg

Академик Валериј Василевич Лунин (1940-2020)

 

Соопштение
09.03.2020

Составен тимот кој ќе ја претставува нашата држава на Меѓународната олимпијада Менделеев

На 6 и 7 март 2020 година (петок и сабота) на Институтот за хемија, а во организација на СХТМ се одржаа селекционите натпревари за избор на четворицата ученици кои ќе ја претставуваат нашата држава на меѓународната олимпијада Менделеев (International Mendeleev Olympiad). Оваа година IMO за прв пат ќе се одржи на територија надвор од земјите на поранешниот Советски Сојуз, практика која беше на сила 53 години. Домаќин на 54-тата по ред олимпијада ќе биде Будимпешта од 20-ти до 27-ми април 2020. Оваа олимпијада е најстарата хемиска олимпијада која е призната како интернационална олимпијада во светски рамки. Оваа година се очекува да учествуваат најмногу до сега, вкупно 30 држави (наспроти 29 во 2019 година) и преку 200 натпреварувачи.
Нашите средношколци се натпреваруваа два дена и тоа првиот ден на експериментални, а вториот ден на теорeтски проблеми. Успешно сработените експерименти ни влеваат надеж за добри резултати и на интернационалните натпревари. Она на што треба повеќе да се работи е теоријата. Во текот од 5 часа, учениците имаа задача успешно да решат три експериментални проблеми и тоа да спроведат:

  • Квалитативна хемиска анализа за испитување на содржината на осум епрувети,
  • Квантитативна комплексометриска анализа за определување на содржина на цинк во цинков концентрат,
  • Синтеза на органско соединение и негова анализа.

Теоретскиот дел, исто така, беше во времетраење од 5 часа. Во овој сегмент беше предвидено да се решат 8 проблеми од различни области (неорганска, органска, физичка, аналитичка и инструментална хемија).
Во периодот пред натпреварите, почнувајќи од 13 јануари до 29 февруари, 6 професори од Институтот за хемија и тоа:

  • Проф. д-р Владимир Петрушевски,
  • Проф. д-р Слоботка Алексовска,
  • Проф. д-р Марина Стефова,
  • Проф. д-р Наташа Ристовска,
  • Проф. д-р Јасмина Петреска Станоева,
  • Доц. д-р Миха Буклески

во текот на 112 наставни часа одржаа подготовки со учениците (предавања, теориски, нумерички и лабораториски вежби). Во подготовките беа вклучени вкупно 13 ученици кои беа избрани на претходниот циклус квалификациони натпревари.
По сумирањето на сите резултати, комисијата ја состави ранг листата врз основа на освоените поени и сторед тоа, заклучи дека четворицата прворангирани се учениците кои придружувани со ментор од СХТМ ќе отпатуваат во Будимпешта.

 

Име и презиме

Квалиф.

Ред.

Тест мат.

Експ.

Теор.

вкупно

макс. поени

5,00

3,00

2,00

40,00

50,00

100,00

1

Михаил Трајков

3,25

3,00

2,00

34,12

28,475

70,85

2

Александар Трајковски

5,00

3,00

1,50

31,32

27,75

68,57

3

Дарко Стојчев

3,55

3,00

1,23

28,9

29,25

65,93

4

Леонид Сајков

3,69

2,38

1,64

24,1

22,75

54,56

5

Иван Попјанев

2,81

2,82

1,64

23,2

21,00

51,47

6

Мила Ивановска

4,89

2,47

1,82

17,40

17,25

43,83

7

Марио Петров

2,30

2,29

0,36

21,80

16,725

43,48

8

Никола Донов

3,04

3,00

1,14

18,08

14,775

40,04

9

Петар Малиновски

2,84

1,68

1,64

17,40

10,00

33,55

10

Албин Алиу

2,15

2,47

0,82

21,08

6,75

33,27

11

Константин Трипуновски

3,41

1,68

1,36

11,20

11,25

28,90

Дел од работната атмосфера на селекциониот натпревар:

Комисијата и СХТМ им посакува многу успеси на сите ученици во понатамошните подготовки, а исто така и многу среќа на Интернационалната олимпијада Менделеев.

 

Соопштение
11.01.2020

Втор квалификационен натпревар за избор на ученици за учество на меѓународните олимпијади по хемија

 

На 9 јануари 2020 година (четврток) беше одржан вториот квалификационен натпревар за избор на група ученици кои ќе започнат темелни подготовки за учество на меѓународните олимпијади по хемија. На петчасовниот натпревар учествуваа 19 ученика од голем број училишта. Избраните ќе имаат можност да ги посетуваат предавањата и лабораториските вежби кои ќе се одвиваат на Институтот за хемија во Скопје. По овие подготовки, учениците ќе ги измерат силите на селекциониот натпревар кој вклучува теоретски и експериментален дел и се одвива во текот на два дена. На овој начин, се симулираат услови еквивалентни на оние со кои учениците ќе се соочат на меѓународните натпревари.

Дел од атмосферата на вториот квалификационен натпревар (9.1.2020)

 

Комисијата во состав: доц. д-р Миха Буклески, проф. д-р Наташа Ристовска, проф. д-р Јасмина Петреска-Станоева, проф. д-р Марина Стефова и проф. д-р Слоботка Алексовска ги состави и прегледа комплексните проблеми за овој натпревар и ја изврши селекцијата на учениците, како резултат на што ја објавува и оваа прелиминарна листа:


1

Александар Трајковски

СОУ „Крсте Петков Мисирков“

Демир Хисар

77,86

2

Мила Ивановска

СОУ „Јосип Броз-Тито“

Битола

75,73

3

Леонид Сајков

СОУ „Јосип Броз-Тито“

Битола

57,65

4

Дарко Стојчев

СОУ „Добри Даскалов“

Кавадарци

57,18

5

Никола Донов

СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“

Скопје

49,19

6

Константин Трипуновски

СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“

Скопје

48,60

7

Михаил Трајков

ПСУ „Јахја Кемал“

Скопје

47,07

8

Иван Поп Јанев

СУГС „Орце Николов“

Скопје

45,40

9

Драго Јакимовски

СУГС „Орце Николов“

Скопје

43,15

10

Петар Малиновски

СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“

Скопје

40,50

11

Ања Спасовска

СОУ „Гоце Делчев“

Куманово

39,13

12

Марио Петров

ПСУ „Јахја Кемал“

Скопје

36,91

13

Албин Алиу

ПСУ „Јахја Кемал“

Струга

33,68

14

Даниел Зарев

СУГС „Георги Димитров“

Скопје

25,45

15

Ангела Мирческа

СУГС „Георги Димитров“

Скопје

16,58

16

Филип Ангелевски

СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“

Скопје

16,18

17

Иво Хриб

СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“

Скопје

14,85

18

Јовица Димовски

ССОУ „Димитрија Чуповски“

Велес

11,36

19

Матеа Штрковска

American School Macedonia

Скопје

9,26

На последниот состанок на комисијата за натпревари при СХТМ, беше донесена одлука за учество на тим од нашата држава на Меѓународната олимпијада Менделеев што оваа година за прв пат ќе се одржи надвор од границите на поранешниот Советски Сојуз и тоа во Будимпешта, Унгарија. Олимпијадата е закажана за периодот од 20 до 27 април 2020, додека пак, Меѓународната олимпијада по хемија ќе се одржи од 6 до 15 јули 2020 во Истанбул, Турција.
Комисијата му посакува успешна работа на тимот, успех на учениците во совладувањето на предвидените наставни содржини, а исто така и стекнување одлични експериментални вештини.

 

 

27-ми Конгрес на СХТМ

25–28 септември, 2024, Охрид

Вести