Соопштение
2.8.2021

Празничен медал за македонскиот тим на Меѓународната олимпијада по хемија

 

Дарко Стојчев е ученикот од III година во гимназијата „Јосип Броз Тито“, Скопје, кој освои бронзен медал на Меѓународната олимпијада по хемија (IChO-2021). Олимпијадата се одржа на далечина, а нејзин домаќин беше Јапонија.

Оваа е 53-та олимпијада по ред, на која Македонија учествува од 2013 година. До сега освоени се вкупно 7 бронзи. И минатата година Дарко Стојчев беше дел од тимот, кога освои пофалница. Оваа година учествуваа 312 ученици и 158 ментори од 79 земји во светот. Дополнително 5 држави беа набљудувачи, што значи дека наредната година се очекува да се зголеми бројот на земји кои ќе имаат свои претставници на IChO.

Беспрекорната реализација на овој настан се должи на посветеноста на домаќинот кој оваа година не само што е организатор на IChO (што требаше да се одржи во Осака), туку е домаќин и на Олимписките Игри во Токио. Будното следење на текот на олимпијадата od 25-ти јули до 2-ри август, за доследно спроведување на правилата, протоколите и обезбедување на регуларноста, е напорна работа на која организаторот беше целосно посветен.

Македонскиот тим се состоеше од четворица ученици и двајца ментори:

  • Дарко Стојчев, , III година, СУГС „Јосип Броз Тито, Скопје (бронзен медал)
  • Ања Спасовска, III година, СОУ „Гоце Делчев“, Куманово
  • Јан Стојановски, I година,  ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
  • Михаил Трајков, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
  • проф. д-р Миха Буклески, Институт за хемија, ПМФ, Скопје
  • проф. д-р Наташа Ристовска, Институт за хемија, ПМФ, Скопје

Од церемонијата на отворањето на 53-тата Меѓународна Олимпијада по хемија.

По завршувањето на натпреварот на Институтот за хемија каде се спроведе натпреварот. Од лево кон десно: Ања Спасовска, Јан Стојановски, Дарко Стојчев, Михаил Трајков.

Во подготовките на учениците учествуваа дел од професорите од Институтот за хемија, кои истовремено се членови на СХТМ: Владимир Петрушевски, Слоботка Алексовска, Наташа Ристовска, Марина Стефова, Билјана Пејова, Љупчо Пејов, Јасмина Петреска Станоева и Миха Буклески. Дел од подготовките беа реализирани со физичко присуство на Институтот за хемија, а другиот дел со помош на средствата за електронска комуникација.

СХТМ се заблагодарува на Агенцијата за млади и спорт, која финансиски ги поддржа учениците, а исто така и Општина Центар и Општина Куманово. СХТМ искажува особена благодарност и на професорката Гордана Геческа од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“.

Дел од церемонијата на отворањето на IChO-2021. Обраќање на јапонскиот нобеловец Јакира Ошино (Нобелова награда за хемија – 2019 година)

 

 

Соопштение
28.06.2021

Подготовка и селекција за
Меѓународни олимпијади по хемија за средно образование

Државната комисија за натпревари по хемија ДКНХ, по одржаниот состанок на 24 јуни 2021 година, донесе одлука за измени во Правилникот за организирање и одржување на селекциони натпревари за учество на меѓународни натпревари по хемија. Според измените, заради настанатите вонредни услови со пандемијата, ДКНХ дава можност на сите учесници на државниот натпревар по хемија за ученици од средните училишта за 2021 година да се пријават за учество на селекциониот натпревар. Главните измени, во поглед на изборот на тимот за меѓународните олимпијади, се состојат во:

  • Право на учество: имаат сите учесници на државниот натпревар по хемија за средно од 2021 година, за што ќе добијат известување по електронска пошта од Миха Буклески најдоцна до 30 јуни. Доколку не добиете покана и/или повратен одговор по вашето пријавување, обратете се на natprevar.hemija@gmail.com.

  • Термини за натпревари: Првиот селекционен натпревар ќе се одржи во јануари 2022 година. Натпреварот ќе се состои од теоретски проблеми. Вториот селекционен натпревар ќе се одржи кон крајот на март 2022 година и ќе вклучува два дела, теорија и експерименти.

  • Материјали за натпреварите: ДКНХ по електронски пат ќе достави материјали за подготовка на учениците согласно наставниот план и програма утврдена од организаторите на Меѓународната Олимпијада по хемија (IChO). Овие материјали ќе бидат достапни на Microsoft Teams, а сите заинтересирани ученици треба да се пријават на e-mail: mihabukleski@pmf.ukim.mk за да бидат вклучени во групата.

  • Подготовки: Подготовки од страна на СХТМ за селекционите натпревари нема да бидат организирани. Учениците треба да се подготват со своите ментори од средните училишта како за теоретскиот, така и за експерименталниот дел. Подготовки ќе бидат организирани од СХТМ откако ќе бидат селектирани екипите за учество на меѓународните олимпијади.

ДКНХ ви посакува, пред сè здравје и многу успеси во претстојните подготовки и селекциони натпаревари.

 

Соопштение
13.04.2021

Избран тимот што ќе учествува на Меѓународната олимпијада Менделеев

На 5 април 2021 година со почеток во 10:00 h на Институтот за хемија се одржа селекциониот натпревар за избор на тимот од 4 ученика кои ќе учествуваат на Меѓународната олимпијада Менделеев чиј почеток е закажан за 20 април 2021 година. Натпреварувачи­те имаа на располагање 5 часа да ги решат 8-те комплексни проблеми кои беа составени од професори од Институтот за хемија во Скопје. На овој селекционен натпревар претходеа неколкунеделни „on-line“ подготовки.

На овој селекционен натпревар претходеа неколкунеделни „on-line“ подготовки.

May be an image of text that says '55 Cs'

Лого на 55-тата меѓународна олимпијада Менделеев.

Од 10-темина ученици кои беа избрани на квалификациониот натпревар во февруари, подготовките ги продолжија 8-мина од кои на селекцијата присуствуваа 7 и ги постигнаа овие резултати:

 

Име и презиме

Училиште, град

поени

1

Дарко Стојчев

Јосип Броз-Тито, Скопје

56,3

2

Михаил Трајков

Јахја Кемал, Карпош, Скопје

42,4

3

Константин Трипуновски

Раде Јовчевски-Корчагин, Скопје

42,0

4

Јан Стојановски

Јахја Кемал, Карпош, Скопје

42,0

5

Емилија Николовска

Математичко-информатичка гимназија, Скопје

36,0

6

Иво Хриб

Раде Јовчевски-Корчагин, Скопје

28,5

7

Ања Спасовска

Гоце Делчев, Куманово

26,5

 

Пласман на олимпијадата обезбедија Дарко Стојчев, Михаил Трајков, Константин Трипуновски и Јан Стојановски.


Менделеевата олимпијада ќе се организира далечински и ќе се состои од два теоретски дела. И оваа година, заради светската пандемија, неможноста за одржување на олимпијадата со физичко присуство, го оневозможува и спроведувањето на експериментал­ниот дел од натпреварот. Церемонијата на свеченото отворање ќе биде на 21 април, а прогласувањето на победниците и свеченото затворање на 26 април. Натпреварувачки денови се 22 и 23-ти април.


Подготовките продолжуваат и во меѓувреме, а следната „станица“ е Меѓународната олимпијада по хемија IChO. СХТМ им посакува многу успеx на сите натпреварувачи во периодот што следи, а пред сè добро здравје.

 

Соопштение
22.02.2021

Избрани 10 ученика кои ќе се подготвуваат за престојната селекција

 

На 16 февруари 2021 година со почеток од 10:00 h во амфитеатарот на Институтот за хемија се одржа квалификациониот натпревар за избор на тим од 10 ученика кои ќе ги започнат подготовките за составување тим за учество на меѓународните натпревари по хемија. Во текот на 5-те часа, натпреварувачите имаа задача да одговорат на 7 комплексни проблеми од различни хемиски области. Натпреварот се одржа непречено со запазување на сите мери и протоколи за заштита од пандемијата.


Од атмосферата на квалификациониот натпревар.

Подготовките на избраните 10 ученика ќе се одвиваат кобинирано: преку on-line предавања, но и со физичко присуство во лабораториите и предавалните на Институтот за хемија. По завршување на подготовките, следува селекционен натпревар кој ќе опфаќа експериментален и теоретски дел и ќе се одвива во текот на два дена. На крај, ќе бидат избрани четири ученика кои ќе ги продолжат подготовките и ќе бидат дел од делегацијата на нашата држава на меѓународните натпревари по хемија.

Од пријавените 43 натпреварувачи, присуствуваа 26 и ги постигнаа овие резултати:

 

Име и презиме

Училиште, град

поени

1

Михаил Трајков

Јахја Кемал, Карпош, Скопје

84,5

2

Дарко Стојчев

Добри Даскалов, Кавадарци

81,5

3

Леонид Сајков

Јосип Броз-Тито, Битола

65,0

4

Константин Трипуновски

Раде Јовчевски-Корчагин, Скопје

61,8

5

Мила Ивановска

Јосип Броз Тито, Битола

60,5

6

Ања Спасовска

Гоце Делчев, Куманово

56,0

7

Емилија Николовска

Математичко-информатичка гимназија, Скопје

54,5

8

Јан Стојановски

Јахја Кемал, Скопје

53,5

9

Драго Јакимовски

Орце Николов, Скопје

51,5

10

Иво Хриб

Раде Јовчевски-Корчагин, Скопје

42,5

11

Марио Петров

Јахја Кемал, Карпош, Скопје

40,0

12

Дамјан Каранфиловски

Јосип Броз-Тито, Битола

38,0

13

Филип Бојаџиевски

Орце Николов, Скопје

37,5

14

Илина Дураковска

Георги Димитров, Скопје

36,0

15

Васил Кузмановски

Орце Николов, Скопје

35,5

16

Теона Кировска

Кочо Рацин, Свети Николе

35,0

17

Даниел Зарев

Георги Димитров, Скопје

34,5

18

Матеј Гелев

Јахја Кемал, Скопје

31,5

19

Филип Алчевски

Георги Димитров, Скопје

28,0

20

Исидора Стефановска

Орце Николов, Скопје

24,0

21

Теа Колевска

Ѓорче Петров, Прилеп

21,5

22

Амин Идризовски

Јахја Кемал, Тетово

12,5

23

Михаил Стојкоски

Мирче Ацев, Прилеп

12,5

24

Борјан Димовски

Георги Димитров, Скопје

10,0

25

Гала Арсовска

Наце Буѓони, Куманово

8,5

26

Беким Кајоли

Панче Караѓозов, Скопје

2,0

 

СХТМ и секцијата за образование им посакува успех и добро здравје на 10-темина кои се пласираа во 10-темина кои продолжуваат со подготовките.

 

Соопштение
24.10.2020

Подготовки за олимпијади по хемија (International Chemistry Olympiad – IChO, International Mendeleev Olympiad – IMO) 

Драги натпреварувачи,

Како резултат на тоа што оваа година не се одржаа регионалните и државните натпревари по хемија, ДКНХ донесе одлука, изборот на кандидати за подготовки да го направи врз основа на резултатите од општинските наптревари. 
Според тоа, сите ученици кои освоиле прва и втора награда на општинскиот натпревар по хемија за средно од сите три категории (I, II и III), како и учениците кои биле дел од минатогодишната поширока селекција (со тоа што беа ослободени од општинските натперевари) се поканети да учествуваат на новиот циклус подготовки.
Затоа, се замолуваат сите заинтересирани кандидати, кои ги исполнуваат условите и сакаат да бидат дел од овие подготовки да го потврдат своето учество на координаторот Миха Буклески (mihabukleski@pmf.ukim.mk) до 15-ти ноември 2020 год.
Подготовките на почетокот ќе се организираат online, а првата селекција ќе се изврши со физичко присуство во февруари (доколку моментната состојба го дозволува тоа). На оваа селекција ќе бидат избрани 10 кандидати со кои ќе продолжат поинтензивни подготовки со физичко присуство.

Државна комисија за натпревари по хемија,
Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
http://www.sctm.mk 

27-ми Конгрес на СХТМ

25–28 септември, 2024, Охрид

Вести