III Семинар за наставници по хемија од основните училишта

Соопштение
12.02.2020

Почитувани наставници,
Секцијата за образование при СХТМ и оваа учебна година организира семинар за наставници по хемија од основните училишта со цел професионален развој на наставниците и размена на идеи меѓу учесниците.
Семинарот за наставници по хемија од основните училишта ќе биде реализиран на Институтот за хемија на 20.03.2020 (петок) и/или 21.03.2020 (сабота), во зависност од изјаснувањето на пријавените наставници. Доколку има повеќе од 40 пријавени за секој од двата дена, тогаш семинарот ќе се одржи и во двата дена, ако се помалку, тогаш ќе се одржи во сабота 21 март 2020.
Во рамките на семинарот се планирани две предавања и две работилници од интерес за наставата по хемија и во функција на натпреварите и олимпијадите, за утврдување на дополнителни материјали и обуки:
Предавања: 
      1. Анализа на наставните програми за VIII и IX одделение - споредба со претходните програми и со оние од регионот
      2. Натпревари по хемија – краток преглед, концепт на тестови, потреба за дополнителен материјал
Работилници:
      1. Основи на хемиско сметање
      2. Анализа на прашања - проверка на концептуално знаење

Котизацијата за учество на Семинарот изнесува:

  • 800 ден. за активни членови на СХТМ
  • 1000 ден. за сите останати

Котизацијата вклучува: предавања, учество во работилници, сертификат за учество, ручек и кафе паузи, како и дополнителни консултации во текот на учебната година. Котизацијата треба да се уплати на следнава сметка:

Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
Број на сметка 300000001352895, Комерцијална банка
Цел на дознаката: Семинар основно (име и презиме на учесникот)
Рокот за пријавување е 29.02.2020 година, а крајниот рок за уплата на котизација е 05.03.2020 година.
Линкот за регистрација е: https://docs.google.com/forms/d/1ub8QM_qiKdlTZ-FJYSFE5XgBQq8zD8zzn4MX5XXH5_Q/edit

Сите дополнителни информации ќе бидат објавени на нашата официјална веб-страница
http://www.sctm.mk/seminari.htm
Искрено се надеваме дека идеите што ќе произлезат од овој семинар ќе го најдат своето место во наставата по хемија за учениците од основните училишта и со тоа ќе ги зголемат интересот и љубовта на учениците кон хемијата.

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ
e-mail: seminar.osnovno@gmail.com

26ти Kонгрес на СХТМ

16-19 септември, 2020, Oхрид

Вести