V Семинар за наставници по хемија од средните училишта

Соопштение
14.12.2018

Почитувани наставници,

Секцијата за образование при СХТМ во соработка со Институтот за хемија, ПМФ организира семинари за наставници по хемија од основните и средните училишта. Основната цел на семинарите е професионален развој на наставниците и збогатување на нивното експериментално искуство, како и размена на идеи меѓу сите учесници на семинарите.

Семинарот за наставници по хемија од средните училишта ќе биде реализиран на Институтот за хемија на 02.03.2019, сабота.

Освен предавање, во рамките на Семинарот ќе се одржат и две работилници, во кои активно учество ќе земат сите учесници. Постои можност и самите наставници да учествуваат на Семинарот. Во делот „Од наставниците за наставниците“ предвидено е излагање на тројца наставници кои накусо ќе пренесат дел од нивната наставна практика. За таа цел, на официјалната мејл адреса (seminar.hemija@gmail.com) потребно е да се испрати word документ кој е достапен ТУКА.

Котизацијата за учество на Семинарот изнесува:

  • 800 ден. за активни членови на СХТМ
  • 1000 ден. за сите останати

Котизацијата вклучува: предавања, учество во работилници, сертификат за учество, сертификат за презентација (за прифатените пријави), ручек и кафе паузи, како и дополнителни консултации во текот на учебната година. Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 31.01.2019 година, на следнава сметка:

Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
Број на сметка: 300000001352895, Комерцијална банка
Цел на дознаката: Семинар средно (име и презиме на учесникот)

Рефундирање на уплатените средства е можно до 50 % од износот ако се поднесе писмено барање на официјалната мејл адреса до 15.01.2018. По овој датум, рефундирање не е можно.

Бројот на учесници на семинарот е ограничен на 60 (предност имаат првопријавените!)

Рокот за пријавување и уплата на котизација е 31.01.2019 или до пополнување на бројот на учесници.

Сите заинтересирани задолжително треба да се регистрираат на следниов линк:
https://docs.google.com/forms/d/1LNhqyNLa083q-JNdZ2QO35ZHWFDA9pumw11dgxyGxb0/edit

Сите дополнителни информации ќе бидат објавени на нашата официјална веб-страница
http://sctm.mk/seminari.htm

 

Со почит,
Секција за хемиско образование при СХТМ

 

13ти Студентски конгрес на СХТМ

19-21 септември, 2019, Скопје

Вести