Натпревари по хемија 2013/2014

Почитувани ученици-натпреварувачи и колеги-наставници,

на 25 мај 2014 година, на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје,  се одржа првиот државен натпревар по хемија за учениците од средните училишта во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија.

На него се пласираа 120 ученици од вкупно пријавените 471 ученик после одржаните општински и регионални натпревари на 26 април и 10 мај, соодветно.

Конечните резултати после државниот натпревар се следните:

Честитки за победниците и за сите учесници и за нивните ментори!

Благодарност за оние кои помогнаа:
  • Џонсон-Мети, Македонија
  • Европа АД Скопје
  • Кожувчанка ДОО Кавадарци
  • државната комисија и наставниците кои се вклучија во прегледувањето
  • младите соработници на Институтот за хемија

Подготвувајте се за следната година!

Планот е: пријавување во февруари, а првиот круг – општински натпревари во првата половина на март 2015 год.

Сите информации ќе бидат достапни на оваа страница, зачувајте си ја!

Коментари и сугестии за подобрување се добредојдени на: natprevar.hemija@gmail.com

Сакајте ја хемијата и откривајте ги нејзините тајни!

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

Документи, правила, препораки:

 

27-ми Конгрес на СХТМ

25–28 септември, 2024, Охрид

Вести