Натпревари по хемија 2014/2015

Драги ученици-натпреварувачи и колеги-наставници,

на 16 мај 2015 година, на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје,  се одржа вториот државен натпревар по хемија за учениците од средните училишта во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија.

На него се пласираа 87 ученици од вкупно пријавените 510 ученици од 50 училишта  по одржаните општински и регионални натпревари на 14 март и 18 април, соодветно.

Конечните резултати од државниот натпревар се следните:

Честитки за победниците и за сите учесници и за нивните ментори!

Благодарност за оние кои помогнаа:

  • Пелистерка АД
  • Мак Прогрес ДОО
  • државната комисија и наставниците кои се вклучија во прегледувањето
  • студентите од Групата на не толку среќни хемичари и младите соработници на Институтот за хемија

Подготвувајте се за следната година! Планирано време за првиот круг – општински натпревари е првата половина на март 2016 год.

Сите информации ќе бидат достапни на оваа страница, зачувајте си ја и посетувајте ја одвреме навреме!
Коментари и сугестии за подобрување се добредојдени на: natprevar.hemija@gmail.com

Во меѓувреме, се подготвува македонската екипа за IChO2015 - Меѓународната олимпијада за хемија која ќе се одржи во Баку, Азербејџан, од 20-29 јули 2015 год. Резултатите од елиминационите натпревари за селекција на четиричлената екипа се дадени тука.

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com;

 

Документи, правила, препораки:

Вести