Натпревари по хемија - основно - 2016/2017

Соопштение
15.05.2017

Почитувани ученици, наставници и родители,

Конечните резултати од државниот натпревар по хемија за учениците од основното образование се дадени тука за: VIII одд. и IX одд, а подолу се дадени тестовите со решенијата.

Правилата за доделување награди се дефинирани со член 14 од Правилникот за организација и реализација на натпревари по хемија за учениците од основното образование.

Честитки за победниците и за сите учесници и за нивните ментори!
Благодарност до сите учесници, ментори и оние кои помогнаа за организација и реализација на натпреварите.
Подготвувајте се за следната година!

 

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com

 

Агенда – државен натпревар по хемија, 14 мај 2017 година

Време

Активност

Локација

10:30-11:00

Распоред на ученици по предавални

Амф, П101, П124,П125

11:00-13:00

Натпревар – решавање тестови

Амф, П101, П124,П125

11:30-12:00

Доделување сертификати за регионален натпревар

библиотека

12:30-13:30

Кафе, закуска и освежување

библиотека

13:00

Објавување на клучевите на огласна табла

хол I кат

13:00-14:30

Прегледување на тестовите

 

14:30

Објавување на прелиминарни резултати*

хол I кат

14:30-15:30

Поднесување приговори*

П124, П125,СК104

15:30-16:00

Одговор по приговорите*

 

16:00

Објавување на официјални резултати*

хол I кат

16:15

Прогласување на наградените ученици*
Доделување награди на првонаградените ученици

амфитеатар

* Можна е промена на времето во зависност од потребното време за преглед на тестовите.
Амф. – Хемиски амфитеатар на II кат, П – предавална, СК-сала за конференции

 

Почитувани ученици и наставници,

Државниот натпревар ќе се одржи на 14 мај 2017 година со почеток во 11 часот на Институтот за хемија - Ве молиме дојдете половина час порано за да си го најдете местото и натпреварот да започне точно навреме.

 

Соопштение
28.04.2017

Почитувани ученици, наставници и родители,

регионалниот натпревар по хемија се одржа на 22 април 2017 год., сабота. Им благо­да­ри­ме на сите училишта-домаќини кои ги отворија своите врати за учениците од својот регион и, секако, на регионалните координатори кои се најзаслужни за организацијата на регионалниот натпревар. Голема благодарност изразуваме и до наставниците-мен­то­ри кои ја пружија својата под­дрш­ка за поуспешно и пообјективно реализирање на самиот натпревар, а во интерес на своите ученици.

Според правилата за натпреварување на регионален натпревар (дадени во претходното соопштение), клучевите и прелиминарните резултати беа објавени истиот ден, а веднаш потоа беше овозможен и увид во тестовите на оние ученици кои беа заинтересирани за тоа. Врз основа на ваквиот увид, како и на претходните укажувања од наставниците-ментори, членовите на Државната комисија и регионалните комисии, беше направено проширување на клучот, односно корекција на дел од одговорите. Детали околу ваквите забелешки и сугестии погледнете ТУКА.

Според Правилникот, на државен натпревар се квалифицираат првите 10 најдобро пласирани ученици од секој регион во секоја категорија, доколку имаат освоено и најмалку 40 % од вкупниот број поени (прв критериум). Тоа се учениците чии имиња се означени со зелено. Листата е надополнета со ученици кои освоиле најмалку 44 поени во соодветната категорија (втор критериум). Тоа се учениците чии имиња се означени со сино. Ова значи дека сите ученици кои освоиле прва и втора награда, како и дел од учениците со трета награда (оние кои се пласираат врз основа на првиот критериум) продолжуваат на државен натпревар. Распределбата на награди е направена според критериумите од Правилникот: I награда – за освоени 95,0–100 бодови, II награда – за освоени 88,0–94,9 бодови и III награда – за освоени 80,0–87,9 бодови. Бодовите се пресметуваат според формулата n·100/nmax, каде што n е бројот на освоени бодови, а nmax е бројот на бодови на првопласираниот ученик на конечната ранг листа.

Би сакале да ве информираме дека на регионален натпревар учествуваа ученици кои освоиле прва награда на минатогодишниот натпревар, како и ученици кои од оправдани причини не беа во можност да учествуваат на општински натпревар (за што имаа доставено потврди) и ученици кои беа единствени пријавени од нивната општина (таков беше случајот со општина Конче). Поради тоа, не беше јасно како би ги рангирале овие ученици на општински и затоа општинскиот натпревар се сметаше како квалификација за регионален, па не беа назначувани местата што учениците би ги освоиле. Добредојдени се сите ваши конструктивни предлози за надминување на ваквите ситуации во иднина.

На крајот, би сакале да ве информираме дека на барање на дел од наставниците-ментори, државниот натпревар е закажан за 14 мај 2017 година поради тоа што постоеше поклопување со државниот натпревар по физика. Структурата на тестот за државен натпревар е следната: 10 прашања на заокружување (10х2=20 поени), 3-5 прашања/задачи (со вкупно 20 поени) и 1 замислен експеримент (10 поени).

Конечниот список на ученици кои се пласираа на државен натпревар е даден ТУКА. Им честитаме на пласираните ученици, а на сите останати им посакуваме многу успех следната година.

Решените тестови за VIII одд. од регионалниот натпревар можете да ги погледнете ТУКА, а за IX одд ТУКА.

Сите информации во врска со натпреварите ќе бидат објавувани на оваа веб-страница.

Се гледаме на државниот натпревар на Институтот за хемија во Скопје,

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com

 

Соопштение
23.04.2017


Почитувани ученици и наставници,
прелиминарните резултати од регионалните натпревари по хемија за основно образование по региони се дадени подолу. Пласманот на државен натпревар е регулиран во Правилникот и ќе биде објавен до крајот на оваа седмица.

Регион 1
Регион 2
Регион 4
Регион 5
Регион 6

Важна забелешка: Тестовите на учениците од регион 3 не се прегледани поради некооперативноста на дел од наставниците-ментори кои одбија да соработуваат со членовите на Државната комисија иако и самите се членови на регионалната комисија. Резултатите за регион 3 ќе бидат објавени заедно со официјалните резултати за сите региони.

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, СХТМ

 

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ:  

Државниот натпревар по хемија за ученици од основните и средните училишта ќе се одржи на 14 мај 2017 (недела) на Институтот за хемија во Скопје.

Почитувани ученици и наставници,

Конечниот список на учесници на регионалниот натпревар по хемија за ученици од основните училишта според региони е даден ТУКА.

Регионалниот натпревар ќе се одржи на 22 април 2017 година со почеток во 11 часот. Училиштата домаќини за секој регион се дадени ТУКА.

Подготвувајте се за натпревар!

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com

 

Почитувани ученици, наставници и родители,

резултатите од општинскиот натпревар по хемија одржан во сабота, 18 март 2017 година се сумирани. Подредени се по азбучен ред според општините. 

Пристигнатите забелешки и сугестии од страна на членовите на општинската комисија во текот на прегледувањето на тестовите, како и оние од записниците заедно со коментар од Државната комисија се дадени ТУКА.

Според Правилникот, на регионален натпревар, во одредена категорија, се квалифицираат најдобро пласираните ученици на општинскиот натпревар и тоа во број што е најмалку еднаков на бројот на училишта учесници на општинскиот натпревар (прв критериум). Тоа се учениците чии имиња се означени со зелено.
Листата е надополнета со ученици кои освоиле најмалку 35 бодови во соодветната категорија (втор критериум). Тоа се учениците чии имиња се означени со сино.

Конечниот список е даден ТУКА.

Ви благодариме за активното учество во реализацијата на општинските натпревари. Остануваме во контакт и се подготвуваме за регионалните натпревари закажани за 22 април 2017 година.


Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com


ИНФОРМАЦИЈА

06.03.2017 

Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија заврши! Се пријавија 1387 ученици од 161 училиштe од 52 општини за натпреварување во 2 категории! Ви посакуваме среќа на натпреварите!
Целосниот список со сите пријавени ученици (подредени порегиони) може да го видите ТУКА (проверете дали е се во ред со вашата пријава). Со жолто се означени учениците кои одат директно на регионален натпревар.
Напоменуваме дека за учество на натпреварот неопходно е пријавување и платена котизација (пример уплатница е дадена најдолу). Во моментот уплатите се проверуваат и до крајот на оваа недела ќе биде истакнат конечниот список на учесници на натпреварите.
Општинските натпревари се одржуваат во сабота на 18 март 2017 год. во 09:30 часот. Во кои општини и во кои училишта ќе се одржуваат општински натпревари ќе биде објавено заедно со конечниот список на учесници на натпреварите до крајот на оваа недела. Правилата кои треба да се почитуваат во текот на општинските натпревари се дадени ТУКА.

Подготвувајте се за натпревар!

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com


СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици, наставници и директори,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) ЗАВРШИСписокот на пријавени ученици е достапен во прикачените документи. 

Термините за натпреварите за 2016/17 година се: 
-   18 март 2017 – општински натпревари
-   22 април 2017 – регионални натпревари
-   13 мај 2017 – државен натпревар

Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат како за минатата година:
- право на учество има секој ученик од VIII и од IX одделение од сите основни училишта во Република Македонија
- секое пријавено училиште на oпштинскиот натпревар може да учествува со максимален број ученици во соодветната категорија кој е еднаков на вкупниот број паралелки од таа категорија помножен со 3
- училиштата-домаќини на регионален натпревар имаат право да пријават уште по двајца ученици во секоја категорија
- доколку ученикот што се пријавува за натпревар од IX одд. на минатогодишниот државен натпревар освоил прва награда, директно се пласира на регионален натпревар, но има обврска да се пријави во предвидениот рок и да уплати котизација за оваа година
- натпреварот се одржува во 2 категории дефинирани според програмата по хемија за основно образование: I категорија – VIII и II категорија – IX одделение
- подолу се дадени дополнителни материјали поврзани со соодветните наставни содржини наменети за продлабочување на знаењата (прашања/проблеми од дополнителниот материјал ќе бидат застапени само на регионален и на државен натпревар)
 - пријавувањето за натпревар е кај наставникoт, кој треба да ја пополни пријавата за своите ученици на посочената веб страница за пријавување, при што задолжително треба да се внесат електронски адреси и од учениците и од наставниците за полесна комуникација понатаму
- веб регистрацијата ќе биде отворена до 28 февруари 2017 год. до 22.00 часот
- за учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Упатството за уплата со уплатница е на веб страницата (задолжително да се внесе име/имиња на учениците при уплатата), а за уплата со фактура обратете се со барање за фактура на електронската адреса natprevar.hemija.osnovno@gmail.com и наведете за кое училиште и за кои ученици е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 5 март 2017.

Важно: Училиштата – кандидати за домаќини на општински и регионален натпревар да се пријават на дадената електронска адреса до 28 февруари за да може да се планираат натпреварите.

Срдечен поздрав и ги очекуваме Вашите пријави, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com

ТЕСТОВИ 2017:

Тестови од државниот натпревар: VIII одделение-МК, VIII одделение-АЛБ, IX одделение

Документи:

 

Вести