Ноември – МЕСЕЦ НА НАУКАТА!

Соопштение
29.10.2018
(Превземено од https://biologija.yolasite.com/)

Почитувани, 

По барање на ментори и родители, го продолжуваме рокот за уплата на котизација за манифестацијата „Месец на науката“ за сите категории - до 2. ноември (петок)

  • за секој ученик–учесник - 300 денари
  • за наставник или ментор-учесник – 300 денари за еден ден од настанот.

МБД во име на организаторите на настанот 

 

Соопштение
15.10.2018

за учениците, наставниците и сите заинтересирани за манифестацијата Ноември – месец на науката 2018,

Продолжување на рокот за пријавување

Почитувани,  

За да излеземе во пресрет на сите заинтересирани за овој настан, по барање на повеќемина наставници, рокот за пријавување за учество на манифестацијата за сите категории (ученици од I до VI одд.; ученици од VII до IX одд.; ученици од I до IV година) се продолжува до 19.  октомври 2018 година, до 15 часот.  

Електронскиот формулар е достапен ТУКА
*Во формуларот е неопходно да го пополните полето ‚‚наслов на експеримент/демонстрација‘‘

Потсетуваме за роковите за доставување опис на експеримент/демонстрација:

  • 22. октомври 2017 –за ученици од основно образование (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com)
  • 22. октомври 2017 –за наставници од основно образование – презентација за ментори (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com
  • 26. октомври 2017 – за ученици од средно образование (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com)
  • 26. октомври 2017 –за наставници од средно образование  – презентација за ментори (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com)  и 
  • 26. октомври 2017 – уплата на котизација – за сите категории регистрирани учесници.

Ве молиме да се почитуваат наведените термини. Пријави и уплати по овие датуми нема да бидат земени предвид и учесниците го губат правото на учество на настанот. 

Ве информираме дека досега преку електронскиот формулар се регистрирани над 800 учесници за оваа манифестација.

МБД во име на организаторите се заблагодарува за покажаниот интерес, желбата за истражување, за проширување на знаењата и стекнување на нови пријателства. 

Со почит, 
СХТМ во име на организаторите на настанот

Соопштение
13.09.2018

Почитувани ученици и наставници,

Ве известуваме дека започнаа подготовки за реализација на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“, во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ). 

Како и минатите две години, настанот е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика. Оваа година настанот ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена во ноември 2018 година и тоа:

  • 10. ноември за ученици од I-VI одделение
  • 17. ноември за ученици од VII-IX одделение и
  •  24. ноември за ученици од I-IV година

и ќе вклучува повеќе настани:

  • научно-популарни предавања,
  • натпревар во експеримент/изработка/ симулација/модел од ученик (во понатамошниот текст експерименти),
  • презентации на искуства од наставници,
  • работилници,
  • посета на лаборатории на ПМФ и
  • други активности. 

 *Делот од настанот „Ноември - месец на науката“ од областа на физика за учениците од основните и средните училишта ќе се одржи во рамките на 42. Школа на млади физичари која ќе се одржи 9. и 10.  ноември (информации за организација и пријавување: http://dfrm.org ).

 За учество на настанот секој ученик и секој ментор/наставник треба да се пријави најдоцна до 15 октомври (петок) 2018 година со пополнување на електронска пријава на: https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА).

 Пријавувањето ќе започне од 17. септември (понеделник).

 Еден експеримент се изведува од еден или најмногу двајца ученици.

Во формуларите, покрај учениците се пријавуваат и менторите со пополнување на следните формулари:

  • пријава за експерименти 10. ноември за ученици од I-VI одделение
  • пријава за експерименти 17. ноември за ученици од VII-IX одделение
  • пријава за експерименти 24. ноември за ученици од I-IV година

.Наставниците (освен како ментори) може да учествуваат со презентација со пополнување на соодветниот формулар за презентацијата даден погоре во текстот при што со една презентација се пријавува еден наставник.

 Пополнувањето на образец со опис на експериментите (на учениците) или презентацијата (на наставниците) кој може да го најдете на https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА) треба да се испрати на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com  најдоцна

  • до 15. октомври (за основно - - VI одд.) 
  • до 22. октомври (за основно - VII, VIII и IX одд.) и
  • до 26. октомври (за средно).

За дополнителни информации испратете порака на mesec.na.nauka@gmail.com

Котизацијата за учество на настанот треба да се уплати најдоцна до 26.октомври 2018 година (петок) (пример уплатница е дадена на https://biologija.yolasite.com (во полето НОЕМВРИ-МЕСЕЦ НА НАУКАТА) (за групна уплата да се достави список на дадениот e-mail) и изнесува:

  • за ученик – 300 денари и вклучува учество на еден ученик со еден експеримент.  Ученик има право да се пријави на настанот без експеримент и да учествува во другите активности.
  • за наставник – 300 денари.

Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на „Ноември - месец на науката“ ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите учесници на натпреварот во експериментите од одредена област, како и на нивните ментори. 

Со почит,

Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Проф. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ
Проф. д-р Алекса Малчески, претседател на СММ
Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД 
Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД
Мартин Стојановски, претседател на САД
Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД
Моника Димиќ, претседател на ИДСБ
Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ

 

25ти Конгрес на СХТМ

19-22 септември, 2018, Охрид

Вести