Натпревари по хемија 2017/2018

Соопштение
07.05.2018

Почитувани натпреварувачи и ментори,
Петтиот државен натпревар по хемија за ученици од средните училишта се одржа на 5 мај 2018 на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Конечните резултати се дадени ТУКА, а подолу се дадени и тестовите за сите 4 категории. 

Нагрaдата на конкурсот за дизајн на маица ја доби Михаил Трајков (ССОУ „Димитрија Чуповски“, Велес).

Им честитаме на сите учесници и Ве очекуваме следната година.
Прифатете го предизвикот и учете хемија, откривајте нови и интересни нешта и забавувајте се!

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com

Tестови од Државниот натпревар 2018 се дадени тука:

- I категорија (МК, АЛБ),
- II атегорија (МК, АЛБ, АНГ),
- III категорија (МК, АНГ),
- IV категорија (MK)

Соопштение
02.05.2018

Почитувани ученици и наставници,

Државниот натпревар ќе се одржи на 5 мај 2018 година со почеток во 10 часот на Институтот за хемија - Ве молиме дојдете половина час порано за да си го најдете местото и натпреварот да започне точно навреме.

 

Агенда – државен натпревар по хемија за средношколци, 5 мај 2018 година

Време

Активност

Локација

9:30-10:00

Распоред на ученици по предавални

Амф, П124

10:00-12:30

Натпревар – решавање тестови

Амф, П124

10:00-12:00

Доделување сертификати за регионален натпревар

библиотека

12:30-13:30

Кафе, закуска и освежување

библиотека

12:30

Објавување на клучевите

хол I кат

12:30-14:30

Прегледување на тестовите
Награден конкурс – дизајн на маица

 

хол II кат

14:30

Објавување на прелиминарни резултати*

хол I кат

14:30-15:30

Поднесување приговори* и
одговор по приговорите

P101, П124, П125,СК104

15:30-16:00

Објавување на официјални резултати*

хол I кат

16:00

Прогласување на наградените ученици*
Доделување дипломи и пофалници

амфитеатар

* Можна е промена на времето во зависност од потребното време за преглед на тестовите.
Амф. – Хемиски амфитеатар на II кат, П – предавална, СК-сала за конференции

 

Соопштение
25.04.2018

Почитувани ученици,

Секоја година учесниците на државниот натпревар по хемија добиваат маица со дизајн кој симболизира љубов кон хемијата. Оваа година, Секцијата за хемиско образование при СХТМ организира

Награден конкурс за дизајн на маица

Секој ученик пласиран на државниот натпревар има право да учествува со своја идеја – дизајн на маица, кој треба да биде претставен на лист со формат А4 на кој рачно, со молив или со пенкало, треба да биде напишан текст и/или нацртана скица во врска со хемијата (симболи на елементи, структури на молекули, кристали, апаратура, ...). Во долниот десен агол треба да се наведе име и презиме на ученикот, одделение, училиште и град.
Учениците ќе ги презентираат своите идеи откако ќе завршат со решавање на тестот на државниот натпревар (на вториот кат на Инститотут за хемија). Најдобрата идеја ќе биде наградена.

Срдечен поздрав,
СХТМ

 

 

Тестовите од регионалниот натпревар се дадени тука:
- I категорија (МК, АЛБ, АНГ),
- II атегорија (МК, АЛБ, АНГ),
- III категорија (МК, АЛБ, АНГ),
- IV категорија (MK)

 

Соопштение
27.03.2018

Почитувани ученици и наставници,

Регионалните натпревари се одржаа на 24 март 2018 година и изразуваме голема благодарност на координаторите и училиштата домаќини за беспрекорната организација и на сите наставници кои се вклучија во комисиите и придонесоа за ефикасно прегледување и објективност на регионалните натпревари!

Официјалните резултати од регионалните натпревари по региони се дадени ТУКА. Со зелено се означени учениците кои се пласираа на државниот натпревар според критериумите од Правилникот:

  • сите ученици со освоени 80% од максималниот број бодови постигнат во соодветната категорија (45,50 бода во I и II кат; 50 во III; 36,2 бода во IV кат)
  • ако има помалку од 5 ученици по првиот критериум, бројот се надополнува до 5 ученици според пласманот, но притоа мора да имаат најмалку 40% од максималниот број бодови во соодветната категорија.

Им честитаме на пласираните на државниот натпревар, на наградените и пофалените на регионалните натпревари и на сите за учеството и фер-борбата.

Срдечен поздрав и сакајте и учете хемија,

Секција за хемиско образование при СХТМ

 

 

ВАЖНО ЗА НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ НА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА И ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА

Доколку има ученици кои се квалификувале да се натпреваруваат на овие два натпревари веднаш(најдоцна до четврток, 22 март, до 15 часот) да се пријават на e-mail: natprevar.hemija@gmail.com за да се организира нивното учество на двата натпревари во договор со комисијата за регионалниот натпревар по хемија во Скопје и Здружението на информатичарите на Македонија.

Соопштение
20.03.2018

Почитувани ученици и наставници,

се надеваме дека сте веќе подготвени за регионалните натпревари во сабота, 24 март 2018 година.

Списокот на учесници и местата на одржување се дадени во соопштенијата подолу.
Натпреварите почнуваат во 10 часот (бидете таму 15 минути порано за да си го најдете местото).

Правилата за регионален натпревар се дадени ТУКА.

Листата на пријавените училишта-домаќини и регионални комисии заклучно со 20.03.2018 е дадена ТУКА.

Срдечен поздрав и се гледаме во сабота,
СХТМ

 

Соопштение
19.03.2018

Листата на пријавените училишта-домаќини комисии заклучно со 19.03.2018 е дадена ТУКА.

Соопштение
14.03.2018

Почитувани ученици и наставници,

Регионалните натпревари ќе се одржат на 24 март 2018 година со почеток во 10 часот (дојдете порано), а листата со местата на одржување може да ја видите ТУКА. Освен тоа, за наставниците-ментори во документот е даден и потребниот број на членови на регионалната комисија за секој регион и Ве молиме да се пријавите кај координаторот за учество во комисија за прегледување. Им благодариме на училиштата и колегите кои се пријавија да бидат домаќини и координатори на регионалните натпревари!

Тестовите ќе бидат прегледани истиот ден, веднаш по регионалниот натпревар, од страна регионалната комисија, во која ќе членува и претставник на СХТМ. Прелиминарни резултати ќе бидат истакнати истиот ден на огласна табла на училиштето домаќин. Приговори ќе може да се поднесат веднаш по истакнувањето на резултатите и нема да бидат разгледувани приговорите поднесени подоцна. Официјални резултати од регионалниот натпревар ќе бидат објавени на веб страницата на СХТМ најдоцна 7 дена по завршување на регионалните натпревари. 

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

Соопштение
04.03.2018

Почитувани ученици, наставници и родители,

Листата на ученици кои ќе се натпреваруваат на регионалниот натпревар по хемија за ученици од средните училишта на 24 март 2018 година е дадена ТУКА.

ВАЖНО ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР
Наставниците ментори имаат обврска, преку меѓусебен договор, да достават предлог за училиште домаќин на регионален натпревар. Координаторот на регионалниот натпревар (од училиштето домаќин) со наставниците ментори од својот регион треба да формира регионална комисија која ќе биде задолжена за регуларноста на натпреварите и за прегледување на тестовите. Бројот на членови во регионалната комисија зависи од бројот на ученици во тој регион и изнесува:

Регион

Број на ученици

Број на членови на рег. комисија

1

54

мин. 5

2

27

мин. 3

3

42

мин. 4

4

29

мин. 3

5

43

мин. 4

6

45

мин. 4

Ве молиме предлозите за училиште домаќин за регионалниот натпревар по хемија за ученици од средните училишта да ги доставите најдоцна до 10 март 2018 година на natprevar.hemija@gmail.com.
Во некои општини можно е натпреварот за основно и за средно образование да се реализира во едно училиште во дадениот регион, а во организацијата да бидат вклучени два координатора – еден од основно и еден од средно училиште.

Следете ги новостите на оваа страница и подготвувајте се!

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при СХТМ,
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
01.03.2018

Почитувани ученици, наставници и родители,

СХТМ им честита на сите ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар по хемија. Резултатите од општинскиот натпревар по хемија за учениците од средните училишта одржан на 24 февруари 2018 година (сабота) се сумирани и се дадени ТУКА.

Рангирањето на учениците е направено согласно Правилникот за организација и реализација на натпреварите. Учениците кои се означени со зелена боја се пласирани директно на регионален, а учениците означени со жолто се пласирани од општински на регионален.

СХТМ не сноси одговорност за непочитување на роковите и правилата за натпреварување од страна на учениците и нивните ментори.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Наставниците ментори имаат обврска, преку меѓусебен договор, да достават предлог за училиште домаќин за регионален натпревар и да формираат регионална комисија која ќе биде задолжена за регуларноста на натпреварите и за прегледување на тестовите. Ве молиме предлозите за училиште домаќин за регионалниот натпревар и за членови на комисијата да ги доставите до 10 март 2018 година на natprevar.hemija@gmail.com. Во некои општини можно е натпреварот за основно и за средно образование да се реализира во едно училиште во дадениот регион, а во организацијата да бидат вклучени два координатора – еден од основно и еден од средно училиште.

Ви благодариме за активното учество во реализацијата на општинските натпревари.

Остануваме во контакт и се подготвуваме за регионалните натпревари закажани за 24 март 2018 година.

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при СХТМ,
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

Соопштение
26.02.2018

Почитувани ученици и наставници,

Општинскиот натпревар по хемија за средните училишта се реализираше на 24 февруари 2018 година во 13 општини. Резултатите ќе бидат објавени за 7 дена.

Тестовите и одговорите од општинскиот натпревар се дадени тука:
- I категорија (МК, АЛБ, АНГ), одговори
- II категорија, одговори
- III категорија, одговори

Следете ги новостите и подготвувајте се за регионалниот натпревар!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, СХТМ

контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

Соопштение
21.02.2018

Почитувани ученици и наставници,

Конечниот список со учениците кои оваа година ќе се натпреваруваат е даден ТУКА. Во него се означени со жолто имињата на учениците кои ќе се натпреваруваат на општински натпревар во сабота, а со зелено имињата на учениците кои одат директно на регионален натпревар.

- Училиштата-домаќини на општински натпревар во сабота, 24 февруари 2018, се дадени ТУКА

- Општинскиот натпревар во сабота почнува во 10 часот. Бидете таму 30 min пред почетокот за да си го најдете местото и натпреварот да почне навреме!

- Правилата за општински натпревар прочитајте ги ТУКА.

СРЕЌНО ВО САБОТА!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

Соопштение
20.02.2018

Почитувани ученици и наставници,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) заврши.

Конечниот списокот со пријавените ученици е даден ТУКА. Во него се означени со зелено имињата на учениците со регулирана котизација, а останатите немаат право на учество на натпреварот (ако имаат на време уплатена котизација која не е евидентирано, веднаш да пратат уплатница на e-mail).

- Општински натпревар на 24 февруари 2018 ќе се одржи во следните општини и категории (онаму каде што е категоријата е означена со жолто во списокот):
Карпош (категорија I), Центар (категорија I, II), Куманово (категорија I, II), Свети Николе (категорија I), Струга (категорија I), Велес (категорија III), Кавадарци (категорија I), Битола (категорија I, II, III), Прилеп (категорија I, II), Берово (категорија III), Радовиш (категорија I), Струмица (категорија I), Штип (категорија II).

- Правилата за општински натпревар прочитајте ги ТУКА.

- Директно на регионален натпревар ќе се натпреваруваат оние каде категоријата е означена со зелено во дадениот список (според Правилникот), како и членовите на селекцијата, која се подготвува за IChO2018 – означени со темно црвена боја во списокот.

- Менторите од општините каде ќе се одржи општински натпревар ќе бидат контактирани за организација на општинскиот натпревар. Од практични причини, во општините каде има малку натпреварувачи на општинскиот натпревар, натпреварот може да се одржи во основното училиште кое е домаќин на општинскиот натпревар по хемија за ученици од основното образование.

- Правилата за менторите и домаќинот прочитајте ги ТУКА.

 

ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ ЗА НАТПРЕВАР!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
17.02.2018

Ажурираната листата на пријавените ученици со регулирана котизација е дадена ТУКА (оние без котизација немаат право да се натпреваруваат). Општините каде ќе се одржат општински натпревари ќе бидат објавени во понеделник, а местата на одржување ќе бидат објавени во среда.

Соопштение
12.02.2018

Почитувани ученици и наставници,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) заврши.

Списокот со пријавените е даден ТУКА (подредени според: регион, општина, категорија, училиште). Во него се означени со зелено имињата на учениците со регулирана котизација. За да имаат право на учество, останатите мора да уплатат котизација веднаш: рокот за уплата од 9 февруари е продолжен до 12 февруари-понеделник!
Проверете и дали се во ред вашите податоци во списокот!

Во зависност од бројот на пријавени ученици/училишта/општини по категории со регулирана котизација, по проверката на котизациите ќе биде објавено каде ќе има општински натпревар, во согласност со Правилникот. Директно на регионален натпревар ќе се натпреваруваат членовите на пошироката селекција, која се подготвува за IChO2018 (означени со темно црвена боја во списокот).

ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ ЗА НАТПРЕВАР!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-2018-mk.htm

https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
08.02.2018

Почитувани ученици и наставници,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е отворенo до 9 февруари 2018 год. до 23:59 часот

Формуларот за пријавување се пополнува ТУКА.

Списокот со пријавените до 7 февруари е даден ТУКА. Потсетуваме дека за учество на натпреварите мора да се регулира и котизацијата (упатство-подолу во претходното соопштение).

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-2018-mk.htm

https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
29.12.2017

Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е отворено.

Формуларот за пријавување се пополнува ТУКА.

Во меѓувреме се реализираа подготовките на учениците за Македонската хемиска олимпијада за избор на членови на македонскиот тим за Mеѓународната олимпијада по хемија (IChO2018), која се одржува на 29.12.2017 год. на Институтот за хемија при природно-математичкиот факултет во Скопје (резултатите ќе бидат објавени тука). Селектираните ученици ќе поминат низ подготовки и од нив ќе биде селектирана 4-члената македонска екипа за IChO2018 која ќе се одржи во Прага и Братислава во јули 2018 год. Среќно!

Термините за натпреварите по хемија за учениците од средните училишта за 2017/18 година година се:

  • 24 февруари 2018 - општински
  • 24 март 2018 - регионален
  • 5 мај 2018 -  државен

Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите (даден подолу), а основните принципи на натпреварите си остануваат исти:
- право на пријавување за општински натпревар има секој ученик
- натпреварот се одржува во 4 категории дефинирани според програмата за гимназиско образование: I, II, III и IV година/категорија, а за стручните училишта според табелата дадена подолу во Категории
- темите од тековната година за општински, регионален и државен натпревар се дадени во документот Распоред на темите подолу на страницава
- за регионален и државен натпревар за I, II и III категорија треба да се совлада и кусиот дополнителен материјал со цел проширување на знаењата од темите кои се изучуваат во соодветната година (даден подолу)
- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој пополнува електронска пријава за секој ученик на дадената веб страница (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците)
- веб регистрацијата ќе биде отворена до 9 февруари 2018 год. до 23:59 часот
- за учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Пример за уплатница е даден долу и во неа задолжително треба да биде внесено име/имиња на учениците за кои е уплатата. За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail: natprevar.hemija@gmail.com и наведете за кое училиште и за кои ученици е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 9 февруари 2018 год.

 

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија

контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

ДОКУМЕНТИ:

27-ми Конгрес на СХТМ

25–28 септември, 2024, Охрид

Вести