Натпревари по хемија 2019/2020

Соопштение
24.09.2019

Почитувани ученици и наставници,

и оваа година Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) ќе ги организира и реализира натпреварите по хемија за учениците од средното образование.
Во договор со акредитираните здруженија од МОН за организирање на натпревари за учениците од основните и средните училишта по наставните предмети хемија, биологија, физика, математика, информатика и природни науки,
термините за натпреварите по хемија за учениците од средните училишта за 2019/20 година година се:

  • 22 февруари 2020 година – општински натпревари,
  • 4 април 2020 година – регионални натпревари,
  • 16 мај 2020 година – државен натпревар.

Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите остануваат исти.
Веб регистрацијата ќе биде отворена во јануари 2020 година.

ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ И СЛЕДЕТЕ ГИ ИНФОРМАЦИИТЕ!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија

ДОКУМЕНТИ:

13ти Студентски конгрес на СХТМ

19-21 септември, 2019, Скопје

Вести