Натпревари по хемија - основно - 2018/2019

Соопштение
20.03.2019

Почитувани ученици и наставници,
Секцијата за хемиско образование при СХТМ им честита на сите ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар по хемија за постигнатите резултати. Истовремено се заблагодаруваме на наставниците кои активно учествуваа во општинските комисии, а особена благодарност изразуваме на координаторите од училиштата-домаќини, кои го реализираа натпреварот во ненадејно прогласениот работен ден.

Резултатите од општинскиот натпревар по хемија за учениците од основните училишта одржан на 16 март 2019 година (сабота) се сумирани во списокот кој може да се види ТУКА (подредени според регион, општина, категорија и поени). Во него се обоени со зелено учениците кои се пласираат на регионален натпревар по првиот критериум (прво место во својата категорија во општината), а со жолто се обоени учениците кои се пласираат според вториот критериум (освоени поени: најмалку 34 поени за VIII одделение и најмалку 38 поени за IX одделение).

Евентуални приговори по објавените резултати може да се испратат на е-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com само од страна на наставници-ментори најдоцна до четврток, 21.03.2019 година во 18.00 часот.

Регионалниот натпревар ќе се одржи на 6 април 2019 година и за тоа ќе бидат контактирани потенцијалните домаќини од страна на СХТМ и навреме ќе бидат објавени информациите.

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, СХТМ

Соопштение
16.03.2019

Почитувани ученици и наставници,

Ви благодариме за учеството на општинскиот натпревар по хемија!

Повелете тестови со решенија:
VIII одделение (МК, АЛБ, ТУР, СРП, АНГ), клуч
IX одделение (МК, АЛБ, ТУР, СРП, АНГ), клуч

Резултатите ќе бидат објавени во текот на следната недела!

Срдечен поздрав,
СХТМ

Соопштение
15.03.2019

Почитувани ученици и наставници,

Ви посакуваме среќа на општинскиот натпревар и ве известуваме за 
временскиот распоред на активностите за 16 март, 2019:

 9.30 - 10.00 - распоредување на учениците во просториите за натпреварување
10.00 - 11.00 - решавање на тестовите - 60 минути

Учениците по 11 часот се слободни да си заминат. Тестовите со решенија ќе бидат објавени на оваа веб страница по завршувањето на натпреварот во сите општини.

Наставниците се должни да земат учество во општинските комисии и да придонесат за објективно прегледување и ефикасно објавување на резултатите, што ќе биде во текот на идната недела, по пристигнување на прегледаните тестови (со затворени коверти) од сите општини. 

Официјално писмо од СХТМ до директорите на училиштата за одржувањето на натпреварот по хемија може да превземете ТУКА.

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, СХТМ

Соопштение
14.03.2019

Почитувани ученици и наставници,
до училиштата во текот на вчерашниот ден беше пратено известување од МОН дека сабота, 16.03.2019 ќе биде работен ден, поради што беше доведено во прашање одржувањето на Општинскиот натпревар по хемија за основно и средно образование, закажан уште во октомври 2018 година.

Со максимално вложување на сите инволвирани (општинските координатори, директорите на училиштата – домаќини и координаторите од СХТМ),
Ве известуваме дека Општинскиот натпревар по хемија за основно и средно образование 2019 ќе се одржи во закажаниот термин: САБОТА 16 МАРТ ВО 10.00
со мали промени во поглед на некои места на одржување (за Кавадарци, Карпош и Аеродром).

Ажурираниот список на местата на одржување на натпреварот може да го видите ТУКА.
Конечниот список на учесници е ТУКА (пред некои имиња има прашалници и тие ученици може да се натпреваруваат доколку приложат доказ за регулирана уплата на котизација до Општинскиот координатор).

Натпреварот почнува точно во 10 часот. Бидете на местото половина час порано и погледнете ги правилата дадени во претходното соопштение.

Срдечен поздрав и среќно во сабота!
Секција за хемиско образование, СХТМ

Соопштение
13.03.2019

Ажурирана листа на на училишта-домаќини е дадена ТУКА.

Почитувани ученици и наставници,
конечниот список на учесници на општинскиот натпревар по хемија за основно образование, кој ќе се одржи на 16 март 2019 година со почеток во 10 часот (бидете на местото половина час порано!) може да се види ТУКА. Доколку сте уплатиле котизацијаа, а ве нема во списокот, веднаш приложете потврда за уплата (на e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com) назначувајќи за кој ученик и училиште станува збор најдоцна до среда, 13 март 2019, во 12 часот!

Ви посакуваме успех на натпреварот!

СХТМ, 
Секција за хемиско образование

Соопштение
11.03.2019

Почитувани ученици и наставници,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните и средните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) заврши.
Конечниот список со пријавените ученици ќе биде објавен веднаш по конечната проверка на уредно пријавените со регулирана котизација, кои ќе имаат право на учество на натпреварот.
Листата на училишта-домаќини е дадена ТУКА.
Правилата за општински натпревар за учениците прочитајте ги ТУКА, за наставниците ТУКА, а за домаќинот на општинскиот натпревар ТУКА.
ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ ЗА НАТПРЕВАР!

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија

Соопштение
09.03.2019

Почитувани ученици и наставници,
ажурираниот список на пријавени ученици за натпреварите по хемија за основно образование може да се види ТУКА. Последните уплати ќе бидат ажурирани во понеделник и конечниот список на ученици кои имаат право да се натпреваруваат на општинскиот натпревар во сабота, 16 март 2019 година, ќе биде објавен во вторник. Доколку е реализирана уплатата, а тоа не е евидентирано во списокот, испратете потврда на e-mail бидејќи некои уплати се непрепознатливи (не се наведени имиња на ученици или училиште).

Следете информации и подготвувајте се!

Срдечен поздрав,
СХТМ

Соопштение
05.03.2019

Почитувани ученици и наставници,

заврши пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).
Списокот со пријавените ученици е даден ТУКА. Во него се означени со зелено имињата на учениците со регулирана котизација. За да имаат право на учество, останатите мора да уплатат котизација најдоцна до 8 март 2019 година (ако имаат на време уплатена котизација која не е евидентирана, веднаш да пратат уплатница на e-mail).
- Ве молиме проверете ги податоците за име на ученик и ментор, а особено за категорија и јазик за да нема проблеми при реализацијата на општинскиот натпревар.
Општинските натпревари ќе се одржат на 16 март 2019 година со почеток во 10 часот во сите општини и категории.
 - Менторите од сите општини ќе бидат контактирани за организацијата на општинскиот натпревар. Во оние општини каде што има мал број ученици или само еден предметен наставник ќе биде направено спојување на учениците и општинскиот натпревар ќе се реализира во една општина.
-Местата на одржување на општинските натпревари и правилата ќе бидат објавени во текот на идната седмица.
Подготвувајте се и следете ги информациите!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-osnovno-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

Соопштение
17.01.2019

Почитувани наставници,

Со задоволство Ве информираме дека секојдневно пристигнуваат пријави за учество на натпреварот по хемија за ученици од основното образование.
Доколку имате желба поактивно да учествувате во подготовката и реализацијата на натпреварите, Ве повикуваме да испратите на долунаведената e-адреса примери за прашања на заокружување со еден точен одговор од понудени четири опции (A, B, C и D) и/или проблеми за соодветните категории, кои би можеле да бидат земени предвид при составувањето на тестовите. Ги очекуваме Вашите предлози најдоцна до 5 февруари 2019.
Воедно упатуваме повик за пријавување на училишта – кандидати за домаќини на општински и регионален натпревар. Училиштата-домаќини на општински/регионален натпревар имаат право да пријават уште по двајца ученици во секоја категорија (сo пријава и уплатeна котизација во предвидениот рок).
Важно: Училиштата – кандидати за домаќини на општински и регионален натпревар да се пријават на дадената електронска адреса најдоцна до 15 февруари за да може да се планираат натпреварите. Препорачуваме предметните наставници од општината и регионот меѓусебно да се договорат и училиштата-домаќини да ротираат.

Се радуваме на нашата соработка.
Со почит,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта СХО (натпревар основно): natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Web: http://www.pmf.ukim.edu.mk/PMF/Chemistry/sojuz/index-mk.htm 
e-пошта СХТМ: sctmacedonia@gmail.com

Соопштение
28.12.2018

Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е отворено.

Формуларот за пријавување може да го пополните ТУКА.

Термините за натпреварите по хемија за учениците од основните училишта за 2018/19 година се веќе објавени:

  • 16 март 2019 година – општински
  • 6 април 2019 година – регионален
  • 17 мај 2019 година – државен

Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите (даден подолу), а основните принципи на натпреварите остануваат исти:
- право на учество има секој ученик од VIII и од IX одделение од сите основни училишта во Република Македонија
- секое пријавено училиште на oпштинскиот натпревар може да учествува со максимален број ученици во соодветната категорија кој е еднаков на вкупниот број паралелки од таа категорија помножен со 3. Учениците, доколку нивниот број е поголем од дозволениот, ги утврдува предметниот наставник по претходно спроведен училишен натпревар
- натпреварот се одржува во 2 категории дефинирани според програмата по хемија за основно образование: Категорија 1 – VIII и Категорија 2 – IX одделение
- за регионален и државен натпревар треба да се совлада и кусиот дополнителен материјал поврзан со соодветните наставни содржини со цел проширување на знаењата од темите кои се изучуваат во соодветните одделенија (даден подолу)
- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој треба да ја пополни електронската пријава за секој ученик на посочената веб страница (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците)


- веб регистрацијата ќе биде отворена до 1 март 2019 год. до 23:59 часот
- за учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик.

Пример за уплатница е даден долу и во неа задолжително треба да биде внесено име/имиња на учениците за кои е уплатата. За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com и наведете за кое училиште и за кои ученици е уплатата. Уплатата треба да се направи  најдоцна до 8 март 2019 год.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!

Срдечен поздрав и СРЕЌНА, ВЕСЕЛА И УСПЕШНА 2019!
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија

контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://www.sctm.mk/natprevari-osnovno-2019-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
31.10.2018

Почитувани ученици и наставници,
и оваа година Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) ќе ги организира и реализира натпреварите по хемија за учениците ос основното и средното образование.
Термините за натпреварите по хемија за учениците од основните и средните училишта за 2018/19 година година се:

  • 16 март 2019 година – општински натпревари
  • 6 април 2019 година – регионални натпревари
  • 17 мај 2019 година – државен натпревар за основни училишта
  • 18 мај 2019 година – државен натпревар за средни училишта

Правилата се дефинирани воПравилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат исти.
Веб регистрацијата ќе биде отворена во јануари 2019 година.

ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ И СЛЕДЕТЕ ГИ ИНФОРМАЦИИТЕ!

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија

 

ДОКУМЕНТИ:

13ти Студентски конгрес на СХТМ

19-21 септември, 2019, Скопје

Вести