Натпревари по хемија - основно - 2017/2018

Соопштение
20.02.2018

Почитувани ученици и наставници,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) заврши.

Конечниот списокот со пријавените ученици е даден ТУКА. Во него се означени со зелено имињата на учениците со регулирана котизација, а останатите немаат право на учество на натпреварот (ако имаат на време уплатена котизација која не е евидентирано, веднаш да пратат уплатница на e-mail).

Конечна листа на училишта-домаќини е дадена ТУКА.

- Правилата за општински натпревар за учениците и за менторите и домаќинот прочитајте ги ТУКА.

 ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ ЗА НАТПРЕВАР!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-osnovno-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
17.02.2018

Ажурираната листата на пријавените ученици со регулирана котизација е дадена ТУКА (оние без котизација немаат право да се натпреваруваат).

Соопштение
16.02.2018

Листата на досега пријавените училишта-домаќини заклучно со 16.02.2018 е дадена ТУКА.

ВАЖНО: ВО ОПШТИНИТЕ БИТОЛА, НОВАЦИ И МОГИЛА НЕМА ПРИЈАВЕНО УЧИЛИШТЕ-ДОМАЌИН.  Потребно е да се пријави координатор за овие општини.

Упатства за реализација на општинскиот натпревар, структурата на тестовите и начинот на оценување се дадени ТУКА.

Ажурираната листата на пријавените ученици со регулирана котизација е дадена ТУКА (ќе биде ажурирана уште еднаш и во петок ќе биде објавена конечната листа на натпреварувачи).

Соопштение
12.02.2018

Почитувани ученици и наставници,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) заврши.

Списокот со пријавените е даден ТУКА (подредени според: регион, општина, категорија, училиште). Во него се означени со зелено имињата на учениците со регулирана котизација. За да имаат право на учество, останатите мора да уплатат котизација веднаш: рокот за уплата од 9 февруари е продолжен до 12 февруари-понеделник!
Проверете и дали се во ред вашите податоци во списокот!

Во зависност од бројот на пријавени ученици/училишта/општини по категории со регулирана котизација, по проверката на котизациите ќе биде објавено каде ќе има општински натпревар, во согласност со Правилникот. Директно на регионален натпревар ќе се натпреваруваат учениците кои учествуваат на општински натпревар по математика кој се одржува во исто време со натпреварот по хемија, како и ученици од 9 одд. кои на минатогодишниот државен натпревар освоиле прва награда. Сите ученици треба да имаат регулирани обврски заклучно со 12 јануари 2018.

Листата на досега пријавените училишта-домаќини заклучно со 12.02.2018 е дадена ТУКА. За непречено одвивање на општинските и регионалните натпревари потребно е да се пријават училишта-домаќини од останатите општини. Ве молиме тоа да го сторите во најкус можен рок. Во оние општини каде што има мал број ученици или само еден предметен наставник ќе биде направено спојување на учениците и општинскиот натпревар ќе се реализира во една општина.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-osnovno-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
08.02.2018

Почитувани ученици и наставници,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е отворенo до 9 февруари 2018 год. до 23:59 часот

Формуларот за пријавување се пополнува ТУКА.

Списокот со пријавените до 7 февруари е даден ТУКА. Потсетуваме дека за учество на натпреварите мора да се регулира и котизацијата (упатство-подолу во претходното соопштение).

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
За непречено одвивање на општинските и регионалните натпревари потребно е да се пријават училишта-домаќини. Ве молиме тоа да го сторите во најкус можен рок.

Менторите на учениците кои се натпреваруваат по математика во истиот период да испратат список на ученици преку мејл, а потоа да достават официјална потврда од СММ за учество на натпреварот по математика.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-osnovno-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

Соопштение
22.01.2018

Почитувани ученици и наставници,
врз основа на досегашното искуство од организирањето и реализацијата на натпреварите по хемија за ученици од основно образование Ве известуваме дека Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија изврши измена на член 11 и член 14 од Правилникот за организација и реализација на натпревари по хемија за учениците од основното образование која се однесува на обезбедувањето пласман на повисоко ниво на натпреварување и наградувањето на државен натпревар, што сметаме дека ќе биде во интерес на учениците. Оваа одлука е донесена во согласност со сугестиите добиени од повеќе наставници вклучени во натпреварите и за истата се известени БРО и МОН.  

Направените измени може да се видат ТУКА.

Ве потсетуваме дека пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е во тек и сите информации се дадени подолу.

Соопштение
29.12.2017

Почитувани ученици и наставници,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е во тек. 

Формуларот за пријавување се пополнува ТУКА.

Термините за натпреварите по хемија за учениците од средните училишта за 2017/18 година година се:

  • 24 февруари 2018 - општински
  • 24 март 2018 - регионален
  • 6 мај 2018 - државен

Структура на тестовите:

  • општински – 25 прашања со повеќекратен одговор
  • регионален – 15 прашања со повеќекратен одговор и 4-5 отворени прашања
  • државен – 10 прашања со повеќекратен одговор, 2-3 отворени прашања и 1 замислен експеримент

Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат како за минатата година:
- право на учество има секој ученик од VIII и од IX одделение од сите основни училишта во Република Македонија
- секое пријавено училиште на oпштинскиот натпревар може да учествува со максимален број ученици во соодветната категорија кој е еднаков на вкупниот број паралелки од таа категорија помножен со 3. Учениците, доколку нивниот број е поголем од дозволениот, ги утврдува предметниот наставник по претходно спроведен училишен натпревар.
- училиштата-домаќини на регионален натпревар имаат право да пријават уште по двајца ученици во секоја категорија, но имаат обврска да се пријават во предвидениот рок и да уплатат котизација за оваа година (за ова треба да ги известат организаторите по електронски пат)
- доколку ученикот кој се пријавува за натпревар од IX одд. на минатогодишниот државен натпревар освоил прва награда, директно се пласира на регионален натпревар, но има обврска да се пријави во предвидениот рок и да уплати котизација за оваа година
- доколку ученикот учествува и на општински натпревар по математика, може директно да се пласира на регионален натпревар по хемија, но има обврска да се пријави во предвидениот рок и да уплати котизација за оваа година. Освен тоа, по натпреварот задолжително треба да достави официјална потврда од Сојузот на математичари на Македонија за учество на општински натпревар по математика.
- натпреварот се одржува во 2 категории дефинирани според програмата по хемија за основно образование: I категорија – VIII и II категорија – IX одделение
- подолу се дадени дополнителни материјали поврзани со соодветните наставни содржини наменети за продлабочување на знаењата (прашања/проблеми од дополнителниот материјал ќе бидат застапени само на регионален и на државен натпревар)
 - пријавувањето за натпревар е кај наставникoт, кој треба да ја пополни пријавата за своите ученици на посочената веб страница за пријавување, при што задолжително треба да се внесат електронски адреси и од учениците и од наставниците за полесна комуникација понатаму. Податоците од формуларот се користат за објавување на резултати и изработка на сертификати и дипломи.
- формуларот за регистрацијата ќе биде достапен до 9 февруари 2018 год. до 23:59 часот;
- за учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Упатството за уплата со уплатница е на веб страницата (задолжително да се внесе име/имиња на учениците при уплатата), а за уплата со фактура обратете се со барање за фактура на електронската адреса natprevar.hemija.osnovno@gmail.com и наведете за кое училиште и за кои ученици е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 9 февруари 2018.

Важно: Училиштата – кандидати за домаќини на општински и регионален натпревар да се пријават на дадената електронска адреса до 1 февруари за да може да се планираат натпреварите. Препорачуваме предметните наставници од општината и регионот меѓусебно да се договорат и училиштата-домаќини да ротираат.

Срдечен поздрав и ги очекуваме Вашите пријави, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com

ДОКУМЕНТИ:

25ти Конгрес на СХТМ

19-22 септември, 2018, Охрид

Вести