Глобален женски појадок 2020

На 12.02.2020 година на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје се одржа т.н. „Глобален женски појадок“ под наслов „Building bonds to create future leaders“ по иницијатива IUPAC.

Идејата за овој појадок е да се соберат жени, активни на полето на хемијата и сродните науки, вработени во различен тип на организации (универзитети, компании, училишта, лаборатории од приватен и државен сектор) со цел да ги споделат различните искуства во досегашната кариера, како и да се разгледаат можностите за идни соработки.

Настанот беше координиран од проф. д-р Марина Стојановска и проф. д-р Јасмина Петреска Станоева од Институтот за хемија при ПМФ и членови на СХТМ. На настанот свои обраќања имаа и  и г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Лилјана Поповска, пратеник во собранието на РСМ,  како и претставници од Фондот за иновации и технолошки развој кои ќе презентираат дел од своите проекти и можностите за соработка меѓу институциите и компаниите.

Учеснички на Глобалниот женски појадок

Отворање на настанот од страна на координаторите

 

 

16-ти Студентски конгрес на СХТМ

27–28 октомври, 2025, Скопје

Вести