Натпревари по хемија - основно - 2025/2026

Соопштение
24.2.2026

Почитувани ученици и наставници,

Конечните резултати од општинските натпревари се дадени ТУКА.  Вреднувани се сите точни одговори и проверени повеќе пати за се да биде коректно.

Пласираните на регионален натпревар според првиот критериум - прво место на општинскиот натпревар се обоени зелено, а со жолто се обоени оние пласирани според вториот критериум, а тој е: освоени најмалку 19 поени за VIII одд. и најмалку 20 поени за VII и IX одд. имајќи го предвид Правилникот кој предвидува пласман на регионален натпревар на најмногу 50% од учесниците на општинските натпревари. 

Честитки за постигнатите резултати на сите натпреварувачи и ви посакуваме уште поголеми успеси на следните натпревари!

Срдечен поздрав и подготвувајте се за регионалните натпревари,

контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com;
web:https://sctm.mk/natprevari-osnovno-2026-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
20.2.2026

Почитувани ученици и наставници,

честитки за успешно завршените општински натпревари по хемија на 20 февруари 2026 со online тестирање на ClassMarker.

Благодариме на домаќините и набљудувачите за одличната организација и на сите учесници за почитувањето на правилата.

Резултатите на секој ученик се пратени на e-mail. Преглед на прелиминарните резултати по регион/општина и категорија е даден ТУКА.

Конечните резултати и списокот со пласирани ученици на регионален натпревар ќе бидат објавени следната недела, најдоцна до среда.

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com 
https://sctm.mk/natprevari-osnovno-2026-mk.htm

 

Соопштение
20.2.2026

Почитувани ученици и наставници,

Општинскиот натпревар се одржува денес, 20 февруари 2026 година со почеток во 12:00 за основните училишта и во 13:00 часот за средните училишта.

Следете ги упатствата и дајте придонес за успешна реализација на натпреварот.

Сертификат за учество на општински натпревар ќе добиете автоматски од платформата Classmarker по поднесување на тестот и ќе ви биде достапен да го земете со логирање на ClassMarker до крајот на февруари 2026.

Индивидуалните резултати ќе ги добиете веднаш по поднесување на тестот (вкупни поени), а по 15 ч ќе добиете резултати и на електронска пошта. 

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени денес, неколку часа по натпреварот, по сумирање на резултатите во секоја категорија. 

Приговор може да поднесе само ментор на e-mail: natprevar.hemija@gmail.com (за средно) и natprevar.hemija.osnovno@gmail.com (за основно) најдоцна до понеделник, 23.02.2026 во 15 часот.

Конечните резултати од општинските натпревари ќе бидат објавени во среда 25.02.2026 година.

Среќно!

 

Соопштение
19.2.2026

Почитувани ученици и наставници,

Општинскиот натпревар ќе се одржи во петок, 20 февруари 2026 година со почеток во 12:00 часот.

Конечниoт список со натпреварувачи на општинскиот натпревар е даден ТУКА.

Конечниот распоред на местата на одржување на натпреварите е даден ТУКА.

Инструкциите за натпреварувачите се дадени ТУКА, а упатство за наставниците-домаќини ТУКА.

Срдечен поздрав и среќно,

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
https://sctm.mk/natprevari-osnovno-2026-mk.htm

 

Соопштение
17.2.2026

Почитувани ученици и наставници,

Општинскиот натпревар ќе се одржи во петок, 20 февруари 2026 година со почеток во 12 часот.

Корисничко име и лозинка за најава на Classmarker на секој ученик кој ќе се натпреварува на општинскиот натпревар по хемија се пратени на нивните е-адреси.

Ве молиме проверете дали секој ученик ја добил пораката и следете го упатството за најава на Classmarker дадено ТУКА. Зачувајте си ги податоците за најава за во петок! Доколку некој ученик не добил порака, најпрво проверете во SPAM/JUNK, а потоа доколку ни таму не се стигнати податоците, испратете ни име и точна e-mail адреса од ученикот веднаш на e-mail адресата дадена долу.

Распоредот на училишта за општинските натпревари е дададен ТУКА подредени по регион и општина и задебелени се училиштата домаќини и бројките на ученици од другите училишта според тоа каде ќе се натпреваруваат. Овој список е прелиминарен бидејќи се уште се потврдаат домаќините.  

Училиштата домаќини треба да обезбедат доволно училници за реализација на натпреварот. Менторите задолжително да го контактираат училиштето домаќин за детали за реализација на натпреварот (за информација за тоа дали учениците треба да носат свој лаптоп или да се приклучат од десктоп компјутер доколку е обезбедена компјутерска училница).

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

e-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
https://sctm.mk/natprevari-osnovno-2026-mk.htm

 

Соопштение
12.2.2026

Почитувани ученици и наставници,

Списокот со пријавени ученици може да го видите ТУКА (подредени според општина, училиште, категорија и име на ученик). Учениците со регулирана уплата се означени во зелена боја, а за оние кај кои недостасува уплата или некој друг податок, соодветните полиња се означени со црвена боја. Оние за кои е издадена фактура, а не е се уште платена се означени со жолта боја.

Проверете дали е се во ред со категоријата и јазикот на кој ќе се натпреварувате. Конечниот список на натпреварувачи ќе биде објавен во понеделник (доколку се уште не е регулирана котизацијата, тоа треба да се направи веднаш).
Учениците без регулирана котизација ќе бидат отстранети од списокот.
Натпреварот ќе се одржи во петок, 20 февруари, а точното време и местата ќе бидат објавени тука.

Подготвувајте се за натпревар и следете нови информации тука!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com;
web: https://sctm.mk/natprevari-osnovno-2026-mk.htm 
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
21.1.2026

Почитувани ученици и наставници,

Отворено е пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).

Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат исти:
- натпреварот се одржува во 3 категории дефинирани според програмата по хемија за основно образование: VII, VIII и IX одделение;
- право да се натпреварува има секој ученик од основно училиште во Македонија;
- темите од тековната година за општински, регионален и државен натпревар се дадени во документот Распоред на темите.
- за натпреварите за VIII и IX одделение треба да се совлада и кусиот дополнителен материјал со цел проширување на знаењата од темите кои се изучуваат во соодветната година (даден подолу),
- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој пополнува електронска пријава за секој ученик (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците).

Општинските натпревари и оваа година  ќе се одржат online, со физичко присуство во училиштата на 20 февруари 2026, а точното време ќе биде определено во зависност од бројот на пријавени ученици. За организацијата на натпреварот ќе биде одговорен наставникот – координатор во училиштето домаќин на натпреварот. За непречено одвивање на натпреварот ќе биде потребен компјутер за секој натпреварувач, по еден компјутер со камера и микрофон во секоја училница и стабилна интернет врска.

Ги охрабруваме наставниците да се пријават за координатор - домаќин на општинскиот натпревар на natprevar.hemija.osnovno@gmail.com.

Формуларот за пријавување може да го пополните ТУКА. Задолжително треба да се внесе точен e-mail на секој ученик и ментор.

Веб регистрацијата ќе биде отворена до петок, 6 февруари 2026 год. во 18:00 часот!

За учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Пример за уплатница е даден долу и во неа задолжително треба да биде внесено име/имиња на учениците (училиште и категорија) за кои е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 6 февруари 2026 година. За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail најдоцна до 6 февруари 2026 година и наведете за кое училиште и за кои ученици е фактурата. Уплатницата/фактурата задолжително треба да се прикачи во формуларот за пријавување за да биде успешна пријавата.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија

Контакт
e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com;
web: http://sctm.mk
https://www.facebook.com/sctmacedonia

Соопштение
26.12.2025

Почитувани колешки и колеги, драги ученици,
Ве повикуваме да земете учество на натпреварот по хемија за учениците од основните и средните училишта, кој и оваа учебна година го организира Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, акредитиран од МОН за натпревари по хемија.

Пријавувањето ќе биде отворено во втората половина на јануари 2026 година.

Календарот за натпреварите е следниот:

  • Општински натпревари (online во училиштата) на 20 февруари 2026 година.
  • Регионални натпревари (online во училиштата) на 16-17 април 2026 година
  • Државeн натпревар на Институтот за хемија на 15 мај 2026 година.

Подготвувајте се!
Срдечен поздрав и Ви посакуваме СРЕЌНА И УСПЕШНА 2026 ГОДИНА!
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

e-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com

 

28-ми Конгрес на СХТМ

23–26 септември, 2026, Охрид

Вести