Првото Советување на хемичарите и технолозите на Македонија е организирано во 1970. Во 1997 советувањата се преименувани во конгреси и XV Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија се одржал во Скопје, Македонија. Ваквите конгреси и понатаму се организираат еднаш на две години.

Во 1994 е организиран Првиот конгрес за чиста и применета хемија за студентите од Македонија (со интернационално учество) кој сè уште се одржува еднаш на две години.

Во 1995 е организиран и Првиот симпозиум за полимери и полимерни материјали во рамките на XIV Советување на хемичарите и технолозите на Македонија.

Во 1996 во Скопје, Македонија се одржани и Вториот Југословенски конгрес по индустриска хемија и Петтиот Југословенски симпозиум на хемичарите и технолозите.

Во 2006 во Охрид, Македонија е одржана Петтата интернационална конференција на друштвото на хемичарите од земјите од југоисточна Евопа (ICOSECS 5) .

Во 2007 по повод 100 години од смртта на Менделеев, од страна на сојузот организирани се средби на кои се презентирани сознанија за животот и работата на Менделеев.

Сојузот исто така учествува во организација на предавања и семинари од различни области кои се од интерес на неговите членови и работи на промоција на хемијата и хемиското инженерство.

Во 2011 по иницијатива на Сојузот и Институтот за хемија, Македонската пошта издаде марка по повод година на хемијата.

 

Исто така како една од активностите на Сојузот е електронскиот билтен e-Bulletin којшто се испраќа до сите членови на сојузот.

 

Главна активност на Сојузот на хемичарите и технолозите е издавањето на Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering - MJCCE и организирање на конгреси, натпревари по хемијасеминари за наставници и промотивни активности за популаризација на хемијата и природните науки" 

 

 

16-ти Студентски конгрес на СХТМ

27–28 октомври, 2025, Скопје

Вести