Со завршување на проект од програмата „Science and me“ на Johnson Matthey London, координиран од проф. д-р Миха Буклески и СХТМ, беше завршена обновата на лабораторијата за подготовка на талентирани ученици и студенти од Институот за хемија.
Завршувањето на проектот и отворањето на лабораторијата беше одбележо на 8 јуни 2023 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со претставници од Џонсон Мети, Скопје. Со модернизирањето на лабораторијата се подобрени условите за работа со примена на потребните безбедносни системи за заштита и превенција од незгоди.
По 55 години, ова е прва студентска лабораторија во која е направена модернизација со замена на работните површини со современ материјал, обновување на водоводната инсталација, интервенција во електричната инсталација итн.
На отворањето, се обрати деканот на Природно-математичкиот факултет, проф. д-р Александар Скепаровски, како и раководителот на секцијата за образование при СХТМ, проф. д-р Марина Стефова. Тие ја потенцира важноста од овој вид проекти и изразија подготвеност и за идна соработка. Ентузијазмот и добро завршената работа беше препознаена од страна на претставниците на Џонсон Мети од Скопје, за што директорот г-дин Боријан Борозанов укажа на можностите за соработка преку поддршка и вклучување на студентите во различни програми за практиканство на Џонсон Мети. Дополнително, на настанот присуствуваше и директорот за глобално производство на „Clean Air“ - Мауриц Виларт (Maurits Willaert) кој ја нагласи заложбата и посветеноста на ЈМ во подобрување на условите за студии на младите и ја истакна потребата за блиска соработка меѓу компаниите и високообразовните институции.
При реализирањето на обновата на лабораторијата, несебично помогна и Природнно-математичкиот факултет, Институтот за хемија, а СХТМ ги обезбеди потребниот инвентар, опрема и материјал за работа, преку помошта обезбедена од повеќе компании и институции.
25–28 септември, 2024, Охрид