Соопштение
24.9.2025
Почитувани ученици и наставници,
По одржување на Вториот селекциониот натпревар на Природно-математичкиот факултет на 10 септември 2025 година кој се состоеше во решавање задачи и проблеми од областите предвидени со програмата на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, ДФРМ, СХТМ и МБД го одредија тимот на ученици од Македонија кои ќе учествуваат на 22. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки која од 23 ноември до 2 декември 2025 година ќе се одржи во Сочи, Русија:
1. Валентино Атанасоски, ученик во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“ Центар, Скопје (сега ученик во прва година ПСУ Јахја Кемал, Скопје)
2. Дора Милева, ученичка во деветто одделение во ООУ „Ванчо Прќе“ Штип, (сега ученичка во прва година во СОУ „Јане Сандански“ Штип)
3. Јордан Соколовски, ученик деветто одделение во ООУ „Димитар Миладинов“, Центар, Скопје, (сега ученик во прва година во ПСУ Јахја Кемал, Скопје)
4. Глигор Иваноски, ученик во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп, (сега ученик во прва година во Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп)
5. Дамјан Чамушев, ученик во осмо одделение во ООУ „Ванчо Прќе“ Штип, (сега ученик во деветто одделение ООУ „Ванчо Прке“ Штип),
6. Никола Зорески, ученик во деветто одделение во ООУ „Лазо Ангеловски“, Скопје (сега ученик во прва година во ПСУ Алгоритам, Скопје).
Водачи на тимот ќе бидат:
1. проф. д-р Боце Митревски, од Институтот за физика при ПМФ - Скопје и член на ДФРМ,
2. проф. д-р Методија Најдоски, од Институтот за биологија при ПМФ - Скопје и член на СХТМ,
3. Дипл. мол. био. Филип Петровски, член на МБД
На тимот му посакуваме голем успех!
ДФРМ, СХТМ, МБД
Соопштение
22.8.2025
Почитувани ученици и наставници,
ВТОРИОТ селекционен натпревар за Меѓународната олимпијада по природни науки која ќе се одржи во декември 2025 година во Сочи, Русија ќе се одржи на 10.09.2025 година (среда) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Учениците да бидат пред горната зграда најдоцна до 9.30 часот.
Право на учество на овој натпревар имаат само учениците кои избориле пласман преку првиот селекционен натпревар одржан на 04.07.2025 година.
ДФРМ, СХТМ, МБД
Соопштение
28.7.2025
Почитувани ученици и наставници,
Резултатите од првиот селекционен натпевар за Меѓународната олимпијада по природни науки е даден ТУКА.
ДФРМ, СХТМ, МБД
Соопштение
23.6.2025
Почитувани ученици и наставници,
Првиот селекционен натпревар за Меѓународната олимпијада по природни науки која ќе се одржи во декември 2025 година во Сочи, Русија ќе се одржи на 04.07.2025 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Подолу е даден списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар. Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на електронската пошта fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 25.06.2025 година (23.59).
Преземи го целосното известување
Преземи го списокот на поканети ученици
ДФРМ, СХТМ, МБД
27–28 октомври, 2025, Скопје