Натпревари по хемија - средно - 2025/2026

Соопштение
19.2.2026

Почитувани ученици и наставници,

Општинскиот натпревар ќе се одржи во петок, 20 февруари 2026 година со почеток во 13:00 часот.

Конечниoт список со натпреварувачи на општинскиот натпревар е даден ТУКА.

Конечниот распоред на местата на одржување на натпреварите е даден ТУКА.

Инструкциите за натпреварувачите се дадени ТУКА, а упатство за наставниците-домаќини ТУКА.

Срдечен поздрав и среќно,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com
https://sctm.mk/natprevari-2026-mk.htm

 

Соопштение
17.2.2026

Почитувани ученици и наставници,

Општинскиот натпревар ќе се одржи во петок, 20 февруари 2026 година со почеток во 13 часот.

Корисничко име и лозинка за најава на Classmarker на секој ученик кој ќе се натпреварува на општинскиот натпревар по хемија се пратени на нивните е-адреси.

Ве молиме проверете дали секој ученик ја добил пораката и следете го упатството за најава на Classmarker дадено ТУКА. Зачувајте си ги податоците за најава за во петок! Доколку некој ученик не добил порака, најпрво проверете во SPAM/JUNK, а потоа доколку ни таму не се стигнати податоците, испратете ни име и точна e-mail адреса од ученикот веднаш на e-mail адресата дадена долу.

Распоредот на училишта за општинските натпревари е дададен ТУКА подредени по регион и општина и задебелени се училиштата домаќини и бројките на ученици од другите училишта според тоа каде ќе се натпреваруваат. Овој список е прелиминарен бидејќи се уште се потврдуваат домаќините.  

Училиштата домаќини треба да обезбедат доволно училници за реализација на натпреварот. Менторите задолжително да го контактираат училиштето домаќин за детали за реализација на натпреварот (за информација за тоа дали учениците треба да носат свој лаптоп или да се приклучат од десктоп компјутер доколку е обезбедена компјутерска училница).

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com
https://sctm.mk/natprevari-2026-mk.htm

 

Соопштение
12.2.2026

Почитувани ученици и наставници,

Списокот со пријавени ученици може да го видите ТУКА (подредени според општина, училиште, категорија и име на ученик). Учениците со регулирана уплата се означени во зелена боја, а за оние кај кои недостасува уплата или некој друг податок, соодветните полиња се означени со црвена боја. Оние за кои е издадена фактура, а не е се уште платена се означени со жолта боја.

Проверете дали е се во ред со категоријата и јазикот на кој ќе се натпреварувате. Конечниот список на натпреварувачи ќе биде објавен во понеделник (доколку се уште не е регулирана котизацијата, тоа треба да се направи веднаш).
Учениците без регулирана котизација ќе бидат отстранети од списокот.
Натпреварот ќе се одржи во петок, 20 февруари, а точното време и местата ќе бидат објавени тука.

Подготвувајте се за натпревар и следете нови информации тука!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com;
web: https://sctm.mk/natprevari-2026-mk.htm 
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
21.1.2026

Почитувани ученици и наставници,

Отворено е пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).
Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат исти:
- натпреварот се одржува во 4 категории дефинирани според програмата по хемија за гимназиско образование:  I, II, III и IV година/категорија (стручните училишта треба да се вклопат во овие категории според изучуваните теми наведени на веб страницата на БРО);
- право да се натпреварува има секој ученик од средно училиште во Македонија;
- темите од тековната година за општински, регионален и државен натпревар се дадени во документот Распоред на темите,
- за регионален и државен натпревар за II, III и IV категорија треба да се совлада и кусиот дополнителен материјал со цел проширување на знаењата од темите кои се изучуваат во соодветната година (даден подолу),
- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој пополнува електронска пријава за секој ученик (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците).

Општинските натпревари и оваа година  ќе се одржат online, со физичко присуство во училиштата на 20 февруари 2026, а точното време ќе биде определено во зависност од бројот на пријавени ученици. За организацијата на натпреварот ќе биде одговорен наставникот – координатор во училиштето домаќин на натпреварот. За непречено одвивање на натпреварот ќе биде потребен компјутер за секој натпреварувач, по еден компјутер со камера и микрофон во секоја училница и стабилна интернет врска.
Ги охрабруваме наставниците да се пријават за координатор - домаќин на општинскиот натпревар на natprevar.hemija@gmail.com.

Формуларот за пријавување може да го пополните ТУКА. Задолжително треба да се внесе точен e-mail на секој ученик и ментор.

Веб регистрацијата ќе биде отворена до петок, 6 февруари 2026 год. во 18:00 часот!


За учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Пример за уплатница е даден долу и во неа задолжително треба да биде внесено име/имиња на учениците (училиште и категорија) за кои е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 6 февруари 2026 година. За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail најдоцна до 6 февруари 2026 година и наведете за кое училиште и за кои ученици е фактурата. Уплатницата/фактурата задолжително треба да се прикачи во формуларот за пријавување за да биде успешна пријавата.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија

Контакт
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com;
web: http://sctm.mk
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
26.12.2025

Почитувани колешки и колеги, драги ученици,
Ве повикуваме да земете учество на натпреварот по хемија за учениците од основните и средните училишта, кој и оваа учебна година го организира Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, акредитиран од МОН за натпревари по хемија.

Пријавувањето ќе биде отворено во втората половина на јануари 2026 година.

Календарот за натпреварите е следниот:

  • Општински натпревари (online во училиштата) на 20 февруари 2026 година.
  • Регионални натпревари (online во училиштата) на 16-17 април 2026 година
  • Државeн натпревар на Институтот за хемија на 14 мај 2026 година.

Подготвувајте се!
Срдечен поздрав и Ви посакуваме СРЕЌНА И УСПЕШНА 2026 ГОДИНА!
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com

 

 

28-ми Конгрес на СХТМ

23–26 септември, 2026, Охрид

Вести