Соопштение
26.2.2025
Почитувани ученици и наставници,
Конечните резултати од општинските натпревари се дадени ТУКА со освоените дипломи и пофалници (ќе бидат испратени до менторите во текот на идната недела). Вреднувани се сите точни одговори и проверени повеќе пати за се да биде коректно.
Пласираните на регионален натпревар според првиот критериум - прво место на општинскиот натпревар се обоени зелено, а со жолто се обоени оние пласирани според вториот критериум, а тој е: освоени најмалку 15 поени за I година, 17 поени за II година, 17 поени за III година и 17 поени за IV година, имајќи ја предвид воспоставената практика на регионален натпревар да се пласираат 50% од учесниците на општинските натпревари.
Честитки за постигнатите резултати на сите натпреварувачи и ви посакуваме уште поголеми успеси на следните натпревари!
Срдечен поздрав и подготвувајте се за регионалните натпревари,
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com;
web: https://sctm.mk/natprevari-2025-mk.htm;
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
21.2.2025/22.2.2025
Почитувани ученици и наставници,
честитки за успешно завршените општински натпревари по хемија на 21 февруари 2025 со online тестирање на ClassMarker.
Благодариме на домаќините и набљудувачите за одличната организација и на сите учесници за почитувањето на правилата.
Резултатите на секој ученик се пратени на e-mail. Преглед на прелиминарните резултати по регион/општина и категорија е даден ТУКА.
Во резултатите е направена корекција на следното:
- во II категорија - елиминирано е едно прашање за кое воочивме дека не е сосема коректно формулирано (прашањето со енталпија на согорување комбинирана со енталпија на испарување на вода)
- во III категорија се пребодирани две прашања со корекција на точниот одговор заради ненамерна техничка грешка: 1) при реакција на 2-метилфенол и литиум се добива 2-метилфенолат и водород, а не 2-метил фенолат и вода ; 2) при радикално хлорирање на 3-етилпентан се добива само 1 хирален монохлориран продукт.
Конечните резултати и списокот со пласирани ученици на регионален натпревар ќе бидат објавени следната недела.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com
https://sctm.mk/natprevari-2025-mk.htm
Соопштение
20.2.2025
Почитувани ученици и наставници,
Општинскиот натпревар ќе се одржи во петок, 21 февруари 2025 година со почеток во 12:00 часот.
Конечниoт список со натпреварувачи на општинскиот натпревар е даден ТУКА.
Конечниот распоред на местата на одржување на натпреварите е даден ТУКА.
Инструкциите за натпреварувачите се дадени ТУКА, а упатство за наставниците-домаќини ТУКА.
ВАЖНО: За сите категории дозволено е користење само на оваа верзија на Периоден систем. Доколку учениците користат друга верзија, истата ќе им биде одземена.
Срдечен поздрав и среќно,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com
https://sctm.mk/natprevari-2025-mk.htm
Соопштение
19.2.2024
Почитувани ученици и наставници,
Општинскиот натпревар ќе се одржи во петок, 21 февруари 2025 година со почеток во 12 часот.
Корисничко име и лозинка за најава на Classmarker на секој ученик кој ќе се натпреварува на општинскиот натпревар по хемија се пратени на нивните е-адреси.
Ве молиме проверете дали секој ученик ја добил пораката и следете го упатството за најава на Classmarker дадено ТУКА. Зачувајте си ги податоците за најава за во петок! Доколку некој ученик не добил порака, најпрво проверете во SPAM/JUNK, а потоа доколку ни таму не се стигнати податоците, испратете ни име и точна e-mail адреса од ученикот веднаш на e-mail адресата дадена долу.
Распоредот на училишта за општинските натпревари е дададен ТУКА подредени по регион и општина и задебелени се училиштата домаќини и бројките на ученици од другите училишта според тоа каде ќе се натпреваруваат.
Училиштата домаќини треба да обезбедат доволно училници за реализација на натпреварот. Менторите задолжително да го контактираат училиштето домаќин за детали за реализација на натпреварот (за информација за тоа дали учениците треба да носат свој лаптоп или да се приклучат од десктоп компјутер доколку е обезбедена компјутерска училница).
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com
https://sctm.mk/natprevari-2025-mk.htm
Соопштение
16.2. 2025
Почитувани ученици и наставници,
Списокот со пријавени ученици може да го видите ТУКА (подредени според општина, училиште, категорија и име на ученик). Учениците со регулирана уплата се означени во зелена боја а оние за кои е издадена фактура а не е се уште платена се означени со сина боја.
Проверете дали е се во ред со категоријата и јазикот на кој ќе се натпреварувате. Конечниот список на натпреварувачи ќе биде објавен во понеделник (доколку се уште не е регулирана котизацијата, тоа треба да се направи веднаш).
Учениците без регулирана котизација ќе бидат отстранети од списокот.
Натпреварот ќе се одржи во петок, 21 февруари, а точното време и местата ќе бидат објавени тука.
Подготвувајте се за натпревар и следете нови информации тука!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com;
web: https://sctm.mk/natprevari-2025-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
23.1. 2025
Почитувани ученици и наставници,
отворено е пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).
Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат исти:
- натпреварот се одржува во 4 категории дефинирани според програмата по хемија за гимназиско образование: I, II, III и IV година/категорија (стручните училишта треба да се вклопат во овие категории според изучуваните теми наведени на веб страницата на БРО);
- право да се натпреварува има секој ученик од средно училиште во Македонија;
- темите од тековната година за општински, регионален и државен натпревар се дадени во документот Распоред на темите,
- за регионален и државен натпревар за I, II, III и IV категорија треба да се совлада и кусиот дополнителен материјал со цел проширување на знаењата од темите кои се изучуваат во соодветната година (даден подолу),
- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој пополнува електронска пријава за секој ученик (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците).
Општинските натпревари и оваа година ќе се одржат online, со физичко присуство во училиштата на 21 февруари 2025, а точното време ќе биде определено во зависност од бројот на пријавени ученици. За организацијата на натпреварот ќе биде одговорен наставникот – координатор во училиштето домаќин на натпреварот. За непречено одвивање на натпреварот ќе биде потребен компјутер за секој натпреварувач, по еден компјутер со камера и микрофон во секоја училница и стабилна интернет врска.
Ги охрабруваме наставниците да се пријават за координатор - домаќин на општинскиот натпревар на natprevar.hemija@gmail.com.
Формуларот за пријавување може да го пополнитеТУКА. Задолжително треба да се внесе точен e-mail на секој ученик.
Веб регистрацијата ќе биде отворена до 7 февруари 2025 година во 18:00 часот!
За учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Пример за уплатница е даден долу и во неа задолжително треба да биде внесено име/имиња на учениците (училиште и категорија) за кои е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 7 февруари 2025 година.
За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail најдоцна до 7 февруари 2025 година и наведете за кое училиште и за кои ученици е фактурата.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com;
web: http://sctm.mk
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
27.12.2024
Почитувани колешки и колеги, драги ученици,
Ве повикуваме да земете учество на натпреварот по хемија за учениците од основните и средните училишта, кој и оваа учебна година го организира Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, акредитиран од МОН за натпревари по хемија.
Пријавувањето ќе биде отворено во втората половина на јануари 2025 година.
Календарот за натпреварите е следниот:
Општински натпревари (online во училиштата) на 21 февруари 2025 година.
Регионални натпревари (на ист начин како досега) на 12 април 2025 година
Државни натпревари на Институтот за хемија на 16 мај 2025 година.
Сите информации ќе бидат достапни на веб-страницата на СХТМ.
Подготвувајте се!
Срдечен поздрав и Ви посакуваме СРЕЌНА И УСПЕШНА 2025 ГОДИНА!
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com
27–28 октомври, 2025, Скопје