Соопштение
10.7.2026
Прв селекционен натпревар за учество на Меѓународната олимпијада по природни науки (IJSO 2026)
На 1. селекционен натпревар, кој се одржа на 07.07.2026 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје беа поканети и учествуваа најдобро рангираните ученици од основните училишта на државните натпревари по физика, хемија и биологија. Од повиканите 168 ученици на натпреварот учествуваа 69 ученици. За учество на 2. селекционен натпревар се пласираа следниве 33 ученици:
Преземи го списокот на ученици
Дополнително известување за 2. селекционен натпревар, кој ќе се одржи на крајот на август или на почетокот на септември 2026 година, ќе биде објавено на страните на ДФРМ, СХТМ и МБД.
На сите ученици ДФРМ,СХТМ и МБД им го честитаат успехот!
Соопштение
15.6.2026
ДФРМ, СХТМ и МБД отпочнуваат со активности за селекција и избор на македонскиот тим за учество на Меѓународната олимпијада по природни науки (IJSO) која ќе се одржи во декември 2026 година во Софија, Бугарија. За таа цел, се организира 1. селекционен натпревар кој ќе се одржи на 7. јули 2026 (вторник) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Списокот на ученици кои се поканети да земат учество на овој селекционен натпревар е даден ТУКА.
Ситe заинтересирани ученици своето учество задолжително треба да го најават на следниот линк – https://forms.gle/wzoeJsbBQiQGpfpK8 најдоцна до 30.06.2026 година (23.59).
Целосното соопштение во кое се дадени и темите за селекционите натпревари можете да го преземете ТУКА.
Друштво на физичарите на Република Македонија
Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
Македонско биолошко друштво
23–26 септември, 2026, Охрид