На 11.2.2025, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија се одржа Глобален женски појадок по повод Меѓународниот ден на жената во науката.
Темата на овој настан беше „Поврзување за одржлива иднина“, со што се истакна значењето на зајакнувањето на улогата на жените во науката, технологијата и општеството.
Дополнително, беше посветено и внимание на еден од најголемите предизвици на нашето време – борбата против загадувањето, и беше истакната важноста на науката во создавањето почиста и поодржлива иднина.
Настанот беше координиран од проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, а свои обраќања имаа и:
- проф. д-р Наташа Ристовска, раководител на Институтот за хемија
- г-ѓа Петра Дрекслер, Амбасадорка на Германија
- проф. д-р Гордана Сиљаноска Давкова, Претседател на Република Македонија
- Видео обраќање на проф. д-р Светлана Мојсов, Универзитет Рокфелер, Њујорк, САД
На настанот беше одржано и кратко предавање под наслов „Проблемот со загадувањето: Нерешлива мистерија или предизвик што бара заеднички напор за поздрава иднина?“ од страна на проф. д-р Марина Стефова
На настанот беа присутни 70 учесникки, претставнички од високообразовни институции, основни и средни училишта, компании и лаборатории од приватниот и државниот сектор, како и студентки од Институтот за хемија, ПМФ.
Учеснички на Глобалниот женски појадок
Отворање на настанот од страна на проф. д-р Јасмина Петреска Станоева
Обраќање на проф. д-р Гордана Сиљаноска Давкова, Претседател на РСМ
Отворање на настанот од страна на г-ѓа Петра Дрекслер, Амабасадорка на Република Германија
Видео обраќање на проф. д-р Светлана Мојсов, Рокфелер Универзитет, САД
Обраќање на проф. д-р Наташа Ристовска, раководител на Институт за хемија
Презентација на проф. д-р Марина Стефова, Институт за хемија
27–28 октомври, 2025, Скопје