Соопштение
16.9.2022
Денес, на 16 септември 2022 година, во ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет, пред зградата на Институтот за хемија, беше одбележано постигнувањето на македонскиот олимписки тим на Меѓународната олимпијада по хемија IChO-2022. На учениците, кои по пат на серија селекциони натпревари беа избрани од страна на СХТМ да бидат дел од тимот им беа врачени дипломи за постигнувањата:
Благодарници беа доделени и на сите оние кои активно учествуваат во помагањето на активностите поврзани со организацијата на селекционите натпревари и помагањето на талентираните ученици:
На присутните се обратија претседателот на СХТМ, проф. д-р Зоран Здравковски, раководителот на Институтот за хемија, проф. д-р Наташа Ристовска, како и проф. д-р Миха Буклески, одговорен за составување на олимпискиот тим. Честитки за постигнатите резултати на натпреварите упатија и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, градоначалникот на Општина Центар, м-р Горан Герасимовски, секретарот на Општина Куманово, Александар Гелевски, како и претставници од компанијата Johnson Matthey.
СХТМ им честита на учениците за освоените награди и им посакува успех во понатамошното образование.
Соопштение
19.7.2022
На 18 јули 2022 заврши 54-тата по ред Интернационалната Олимпијада по хемија (IChO-2022). Од учеството на оваа олимпијада, која се одржа далечински („on-line“) СХТМ може да се пофали со освоени две бронзени медали од страна на средношколците Ања Спасовска од СОУ „Гоце Делчев“, Куманово, и Дарко Стојчев од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“, Скопје. На оваа олимпијада учествуваа 326 ученици од 83 држави и еден индивидуален тим (натпреварувачи од Руската Федерација), со вкупно 166 официјални ментори.
Она што за нас е интересно е што секоја година, почнувајќи од 2015 во македонскиот тим имало по едно девојче, но оваа година за прв пат девојче е освојувач на бронзен медал на Меѓународна Олимпијада од областа на хемијата. Со својата скромност и истрајност, во текот на четири години, Ања успеа да се избори за место меѓу најдобрите светски средношколци кои покажаа одлични знаења од различни области во хемијата.
Македонскиот олимписки тим се состоеше од учениците:
Во кусите подготовки на учениците учествуваа професори од Институтот за хемија, членови на СХТМ: Миха Буклески, Слоботка Алексовска и Марина Стефова.
Македонскиот олимписки тим (од лево на десно): Филип Бојаџиевски, Ања Спасовска, Дарко Стојчев.
Церемонија на доделување на медалите.
Соопштение
31.1.2022
На 20 јануари со почеток од 10:00 h беше одржан квалификациониот натпревар, првиот од двата натпревари со кој се избира тимот од четворица што ќе ја претставува Македонија на меѓународните олимпијади и тоа Меѓународната Олимпијада Менделеев - IMO и Меѓународната Олимпијада по хемија - IChO. Квалификациониот натпревар го задржа форматот каков што беше низ годините, независно од актуелната состојба со пандемијата. Единствената промена која беше воведена е тоа што овој пат, не беа организирани подготовки од страна на СХТМ. Како и до сега, натпреварот траеше 5 часа, а натпреварувачите имаа задача да решат 7 комплексни теоретски проблеми од областа на аналитичката, физичката и органската хемија.
По завршување на натпреварот, комисијата ги прегледа тестовите и по разгледување на приговорите ја објави конечната ранг листа на учениците кои ќе имаат можност да учествуваат на селекциониот натпревар, предвиден да се реализира кон крајот на месец март. Според правилникот за организирање на квалификационите и селекционите натпревари од СХТМ, комисијата констатира дека 11 ученика ги исполнија условите да се пласираат за учество на селекциониот натпревар:
|
Име и презиме |
Училиште |
Поени |
1 |
Јан Стојановски |
ПСУ „Јахја Кемал“, Карпош |
84,10 |
2 |
Дарко Стојчев |
СУГС „Јосип Броз-Тито“, Скопје |
82,50 |
3 |
Ања Спасовска |
СОУ „Гоце Делчев“, Куманово |
77,20 |
4 |
Амин Идризовски |
ПСУ „Јахја Кемал“, Тетово |
67,30 |
5 |
Емилија Николовска |
Математичко-информатичка гим. |
55,70 |
6 |
Дамјан Каранфиловски |
СОУ „Јосип Броз-Тито“, Битола |
46,60 |
7 |
Васил Кузмановски |
СУГС „Јосип Броз-Тито“, Скопје |
41,50 |
8 |
Филип Бојаџиевски |
СУГС „Орце Николов“, Скопје |
41,30 |
9 |
Матеј Гелев |
ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје |
32,30 |
10 |
Теона Кировска |
СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе |
31,80 |
10 |
Иван Костевски |
СОУ „Славчо Стојменски“, Штип |
31,80 |
Во зависност од решенија на организационите одбори на IMO и IChO за начинот на организирање на натпреварите (на далечина или со физичко присуство), селекциониот натпревар ќе се состои само од теоретски или од теоретски и експериментален дел.
Државната комисија за натпревари по хемија (ДКНХ) им посакува многу успех и среќа на сите оние кои се ќе учествуваат на селекциониот натпревар.
27–28 октомври, 2025, Скопје