Соопштение
6.8.2024
На Меѓународната олимпијада по хемија (International Chemistry Olympiad - IChO-2024), која се одржа од 21 до 31 јули 2024 во Ријад, Саудиска Арабија, македонскиот олимписки тим успеа да оствари историски резултати освојувајќи еден сребрен и еден бронзен медал. Ученикот Петар Мирчевски од Гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп е освојувачот на сребрениот медал, додека Марио Ванчоски од Гимназија „Славчо Стојменски“, Штип освои бронзен медал на 56-тата по ред меѓународна олимпијада. Тимот кој учествуваше на 56-тата по ред олимпијада, го сочинуваа:
Во подготовките на учениците учествуваше кадарот од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а како резултат на застапеноста на теми од областа на полимерите, на помош беше повикана и професорка од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Исто така, голем дел од подготовките ги реализираа и поранешни натпреварувачи, учесници на двете најпрестижни олимпијади (Меѓународната олимпијада по хемија - IChO, како и Меѓународната Олимпијада по хемија – Менделеев - IMChO):
Учесници на Меѓународната Олимпијада по Хемија – IChO-2024, во Ријад, Саудиска Арабија, (од лево на десно): Миха Буклески (ментор), Иван Костевски, Марио Ванчоски (бронзен медал), Петар Мирчевски (сребрен медал), Елена Живаљевиќ, Марина Стефова (ментор).
За постигнувањата на учениците свои заслуги имаат и нивните професори од средните училишта и тоа:
Учесници на Меѓународната Олимпијада - Менделеев – IМChO-2024, во Шенџен, Кина, (од лево на десно): Јусуф Луш, Иван Костевски, Петар Мирчевски, Марио Ванчоски, Миха Буклески (ментор).
СХТМ изразува особена благодарност до Општина Прилеп и Општина Штип за издвоените средства кои помогнаа при реализацијата на патувањата на учениците. Особено се заблагодаруваме и на професорот Блаже Димески, директорката на Гимназијата „Мирче Ацев“, директорката на Гимназијата „Славчо Стојменски“, како и на градоначаниците на Прилеп и Штип за несебичната поддршка и напорот кој го направија за реализација на финансиската помош.
Оваа година СХТМ повторно доби поддршка и од Цементарница УСЈЕ при набавка на дел од потребниот инвентар, потоа од АДИНГ, Скопје за набавка на дел од авиобилетите. Дополнително, финансиска помош беше добиена и од „Гинис“; Ведрина ДОО Прилеп; Атеље Ирена, Прилеп; како и други поединци и физички лица. За соодветно дизајнираните маици и кошули, се заблагодаруваме на поддршката од Центаур Компани, Штип.
Долги години, компанијата „Лукоил“ и амбасадорот на Руската Федерација во Скопје, неговата екселенција Сергеј Баздникин, покриваат најголем дел од трошоците за реализација на учеството на Менделеевата олимпијада. Македонската екипа во состав:
имаше успешен настап и на оваа олимпијада.
И покрај поголемиот број донатори и донации, на крајот СХТМ мораше да се задолжи за да може да ги набави потребните авионски билети за учесниците на 56-тата меѓународна олимпијада.
СХТМ изразува неизмерна благодарност на порталот УМНО.МК и Весна Ивановска-Илиевска за несебичната и неизмерна поддршка во целиот процес на обезбедување средства, како и интересот за постигнувањата на нашите талентирани ученици. Таа, преку порталот за уметност, наука, образование и култура, го пренесува нашиот глас за тој да допре до пошироката јавност и надлежните.
Соопштение
17.8.2023
По успешно завршената 2023 година, со освоени три бронзени медала и една пофалница на Меѓународната олимпијада по хемија IChO-2023, СХТМ ги започнува активностите за следниот циклус натпревари.
Најдобро пласираните од секоја категорија на државниот натпревар 2023 (IX-то одд.; I, II и III година од учебната 2022/2023) веќе добија покана по електронска пошта да се пријават за учество на квалификациониот натпревар за избор на 10 ученика кои ќе се подготвуваат за составување тим кој ќе ја претставува Македонија на меѓународните олимпијади по хемија во 2024 година.
Доколку не добивте покана, а сте еден од десетмината прворангирани на државните натпревари, обратете се кај проф. д-р Миха Буклески (mihabukleski@pmf.ukim.mk) најдоцна до 25 август.
Со почит,
СХТМ
27–28 октомври, 2025, Скопје