Почитувани,
Ве известуваме дека нашиот тим кој учествуваше на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки која се одржа од 2 до 11 декември 2018 година во Габороне, Боцвана освои 3 бронзени медали.
Честитки за заедничкиот успех до учесниците, водачите и Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД).
На олимпијадата учествуваа 46 земји од 5 континенти, односно околу 250 натпреварувачи (ученици помлади од шеснаесет години) и околу 150 водачи.
Македонскиот тим го сочинуваа:
Водачи на тимот:
На свечената церемонија, медалите на учениците од Македонија ги додели неговата екселенција амбасадорот на Германија во Боцвана г-дин Ралф Брет, кој од 2005 до 2008 година беше Амбасадор на Германија во Македонија, а од 2011 до 2015 година амбасадорот Брет беше шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Македонскиот тим го помогнаа Агенцијата за млади и спорт, Фондот за иновации и технолошки развој, градоначалниците на Кавадарци и на Петровец, Митко Јанчев и Борче Митевски, и фирмите „Кожувчанка“, „Вардар Доломит“ и „Витаминка“, како и 120 донатори од цел свет кои помогнаа во фондот на социјалните мрежи отворен од Анита Кузмановска-Фелдман, дипл. инж. по хемија која живее во САД.
Македонија оваа година учествува по вторпат на оваа престижна олимпијада, која од Министерството за образование и наука е категоризирана во листата на 13 значајни меѓународни натпреварувања.
Следната 16. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки ќе се одржи од 3 до 12 декември 2019 година во Доха, Катар.
Скопје, 11.12.2018
Со почит,
Проф. д-р Боце Митревски, Претседател на ДФРМ
Проф. д-р Зоран Здравковски, Претседател на СХТМ
Проф. д-р Сузана Ќовкаровска Диневска, Претседател на МБД
На неколку дена пред почетокот на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, која годинава се одржува од 2 до 11 декември во Габороне Боцвана, тимот ученици кој ќе ја преставува Република Македонија успеа да ги собере потребните средства за учество на истата. Тимот ученици и нивните водачи најтопло би сакале да се заблагодарат на финансиската подршка која ја добија од:
Агенција за спорт и млади на Република Македонија,
Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија,
АД Витаминка од Прилеп,
Г-дин Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци,
Г-дин Борче Митевски, градоначалник на општина Петровец,
Кожувчанка од Кавадарци,
Вардар Доломит ДООЕЛ од Скопје.
Голема благодарност и до Дипл. инж по хемија Анита Кузмановска Фелдман која ја организираше доброволната акција за собирање на преостанатите потребни средства и за целосниот нејзин ангажман и посветеност.
Искрено се заблагодаруваме и на сите кои донираа лични средства преку доброволната акција која во изминатиов период се одвиваше на интернет. (Списокот на имиња е преземен од донаторската листа и имињата се пренесени онака како што донаторите се потпишале при донирањето.)
Голема подршка и за интернет порталот Fakulteti.mk за одвоеното време, простор и за подршката и промоцијата на нашите активности.
Листа на донатори
Соопштение
21.09.2018
Почитувани ученици и наставници,
На следниот ЛИНК се дадени програмата и водичот за натпреварувачите за Втората македонска олимпијада по природни науки.
Со почит,
ДФРМ, СХТМ, МБД
Соопштение
05.07.2018
На Првиот селекционен натпревар по природни науки одржан на ПМФ на 4.07.2018 год. со почеток од 10 часот учествуваа 38 ученици. Со одлука на Комисјата за природни науки на Вториот селекционен натпревар се покануваат најдобро пласираните 17 ученици.
Преземи го списокот на ученици.
Корисни информации во врска со силабусот на Меѓународната ЈУНИОРСКА олимпијада по ПРИРОДНИ НАУКИ, како и список на расположива литература на македонски јазик која учениците може да ја користата во своите подготовки се дадени во документот подолу.
Преземи го документот
Со почит,
ДФРМ, СХТМ, МБД
Соопштение
13.06.2018
Се известуваат учениците кои ќе учествуваат на Првиот селекционен натпревар по природни науки дека истиот се презакажува и ќе се одржи на 4 јули 2018 година со почеток од 10 часот на ПМФ во Скопје.
Со почит,
ДФРМ, СХТМ, МБД
Соопштение
28.05.2018
Почитувани ученици,
На Првиот Селекционен натпревар по природни науки кој ќе се одржи на 22.06.2018 година во Голем физички амфитеатар - ПМФ - Горна зграда, со почеток од 10 часот, со одлука на Комисијата за IJSO се покануваат најдобро пласираните ученици на Државните натпревари по физика, хемија и биологија, како и сите ученици кои минатата година го сочинуваа резервниот тим и ги посетуваа подготовките на ПМФ. Список со учениците кои имаат право на учество е даден ТУКА.
Сите ученици кои планираат да учествуваат на овој натпревар своето учество треба да го потврдат со испраќање на електронска пошта на fizikanatprevari@gmail.com, најдоцна до 15.06.2018 година.
Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД.
Соопштение за Меѓународна олимпијада за природни науки 2018 (IJSO 2018)
Почитувани ученици,
Меѓународната олимпијада за природни науки 2018 година ќе се одржи во Габороне (Боцвана) од 2 до 11 декември 2018 година.
Информации за процедурата за избор на македонската екипа се дадени во овој документ.
Подготвувајте се!
Срдечен поздрав,
Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија,
Секција за хемиско образование
Почитувани ученици,
Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки е една од тринаесетте олимпијади категоризирани од Министерството за образование и наука како значајна меѓународна олимпијада за ученици од Република Македонија и за постигнат успех на некоја од овие олимпијади МОН доделува стипендии на учениците. Ова е престижна олимпијада, добра можност за учениците да го покажат своето знаење, способности и вештини, како и споредба на секоја земја со останатите земји-учеснички.
Активностите во врска со олимпијадата се реализираат од страна на три здруженија: Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД).
Планираните термини за престојните активности во врска со Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2018) се следните:
- јуни/јули 2018 – прв селекционен натпревар за IJSO 2018 на ПМФ, Скопје
- август 2018 – втор селекционен натпревар за IJSO 2018 на ПМФ, Скопје
- септември–декември 2018 – подготовки на тимот за Олимпијада на ПМФ
- декември 2018 – учество на тимот од РМ на IJSO 2018
На првиот селекционен натпревар ќе бидат поканети најдобро пласираните ученици од натпреварите по физика, хемија и биологија од VIII и IX одд., но и најдобро пласираните ученици од трите натпревари од прва година кои до 31.12.2018 нема да наполнат 16 год.
Трите друштва ќе организираат селекција на учениците преку два селекциони натпревари, со тоа што на првиот селекционен натпревар ќе бидат дадени и задачи од математика кои ќе бидат непосредно поврзани со проблемските прашања и задачи од физика, хемија и биологија кои бараат предзнаења од математика. На вториот селекционен натпревар ќе има прашања и задачи од физика, хемија и биологија.
Со почит,
СХТМ
25–28 септември, 2024, Охрид