На 20. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки која се одржа од 1 до 10 декември 2023 година во Бангкок, Тајланд, олимпијците од Македонија освоија 4 бронзени медали, и тоа:
• Андреа Нешковска, ученичка во прва година во СОУ „Јосип Броз-Тито“ во Битола
• Даниел Христовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје
• Ивано Божиновски, ученик во прва година во „Математичко-информатичка гимназија“ во Скопје
• Елена Јовановиќ, ученичка во прва година во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје
На олимпијадата успешно се претставија и учениците:
• Андреј Доневски, ученик во прва година во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово
• Мила Порјазоска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, Скопје
Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодаруваат на водачите и на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот. Во оваа прилика уште еднаш се заблагодаруваме и на ФД СН Финансии ДОО Битола од Битола кои целосно ги покрија трошоците за учеството на оваа олимпијада. Честитки за младите олимпијци и многу успеси и понатаму! Со почит, СХТМ, ДФРМ, МБД Соопштение Во текот на летото 2023 година се одржаа два селекциони натпревари за избор на тимот ученици кои ќе ја претставуваат Македонија на 20. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023), која ќе се одржи во Бангкок (Тајланд), од 1 до 10 декември 2023 година. На привиот селекционен натпревар (3.7.2023, ПМФ во Скопје) беа поканети и учествуваа најдобро рангираните ученици од основните училишта на државните натпревари по физика, хемија и биологија. Од повиканите 74 ученици на натпреварот учествуваа 41 ученик. Пласман за понатаму изборија 23 ученици. На вториот селекционен натпревар (Шеста македонска олимпијада по природни науки) учествуваа 22 натпреварувачи. Учениците решаваа теоретски проблеми и нумерички задачи од три области (физика, хемија и биологија) според содржините во програмата за олимпијадата. Од рангираните ученици, првите 6 натпреварувачи ќе ја претставуваат Македонија на олимпијадата. Тоа се учениците: 1. Андреа Нешковска, ученичка во девето одд. во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Битола. На сите ученици што учествуваа на селекционите натпревари и на нивните ментори им го честитаме успехот, а со олимпијците продолжуваме понатаму во очекување на достојно и успешно претставување на Македонија на оваа престижна олимпијада. Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија Соопштение Се известуваат учениците кои на Првиот селекционен натпревар по природни науки изборија пласман, дека Вториот селекционен натпревар по природни науки, на кој ќе се одбере тим кој ќе учествува на 20. Меѓународна олимпијада по природни науки во Тајланд, ќе се одржи на 23.08.2023 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултете во Скопје (учениците да бидат пристигнати во Горна зграда најкасно до 9.30 часот). Преземи го деталното соопштение Со почит Соопштение По одржаниот Прв селекционен натпревар по природни науки на Природно - математичкиот факултет во Скопје, следниве ученици се покануваат на Вториот селекционен натпревар кој ќе се одржи крај на август - почеток на септември 2023 година. Преземи го списокот на ученици. Дополнително известување за Вториот селекционен натпревар ќе има на страните на ДФРМ, СХТМ и МБД во следните денови. На сите ученици ДФРМ,СХТМ и МБД им го честита успехот! Соопштение Почитувани ученици, Преземи ја листата на поканети ученици Преземи го деталното известување за Селекциониот натпревар
29.8.2023
2. Даниел Христовски, ученик во девето одд. во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош.
3. Ивано Божиновски, ученик во девето одд. во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.
4. Андреј Доневски, ученик во девето одд. во ООУ „Кочо Рацин“ во Куманово.
5. Елена Јовановиќ, ученичка во девето одд. во ООУ „11 Октомври“ во Центар.
6. Мила Порјозоска, ученичка во осмо одд. во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.
Македонско биолошко друштво
7.7.2023
Преземи го списокот на литература за подготовка
ДФРМ, СХТМ, МБД
3.7.2023
8.6.2023
Првиот селекциониот натпревар за учество на Меѓународната Јуниорска Олимпијада по природни науки 2023., ќе се одржи на 03.07.2023 година (понеделник), со почеток од 10 часот на Природно - математичкиот факултет во Скопје (Горна зграда). На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија одржани во 2023 година.
Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: fizikanatprevari@gmail.com најкасно до 26.06.2023 година (23.59). Доколку учениците не го потврдат учеството до крајниот датум ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот.
Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД
27–28 октомври, 2025, Скопје