Соопштение
5.9.2024

По завршувањето на Вториот селекционен натпревар за учество на Меѓународната Јуниорска Олимпијада по природни науки (IJSO 2024), која што ќе се одржи во декември 2024 во Букурешт, Романија, одржан на  04.09.2024. на Природно - математичкиот факултет во Скопје, одреден е тимот ученици кои ќе ја преставуваат на Македонија на оваа олимпијада:

1. Мила Порјазоска ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром
2. Андреј Тасиќ     ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром
3. Никола Стојковски ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром
4. Михаела Блажевска      ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Кисела Вода
5. Јаков Геговски   ООУ „Јохан Х. Песталоци“, Центар
6. Валентино Атанасоски ООУ „Кочо Рацин“, Центар

На сите ученици им посакуваме голем успех!
ДФРМ, СХТМ, МБД

 

Соопштение
19.8.2024

Почитувани ученици и наставници,

По одржаниот Прв селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година, ги известуваме учениците кои освоиле пласман на Вториот селекционен натпревар дека истиот ќе се одржи на 04.09.2024 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Списокот на ученици кои ќе учествуваат на вториот селекционен натпревар можете да го преземете ТУКА.

Известувањето за вториот селекционен натпревар можете да го преземете ТУКА.

Списокот на литература за подготовки можете да го преземете ТУКА.

 

Соопштение
13.6.2024

Почитувани ученици и наставници,

на 05.07.2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе се одржи Првиот селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година. ДФРМ, СХТМ и МБД ги покануваат учениците кои освоиле најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија да учествуваат на овој натпревар.

Подолу се дадени целосните информации за овој натпревар како и списокот на учениците кои може да учествуваат на истиот. 

Пријавувањето за учеството да се направи најдоцна до 26.06.2024 година до 23.59 часот, на адресата fizikanatprevari@gmail.com.

Преземи:
- известување за Првиот селекционен натпревар
- список на поканети ученици 

Со почит,
ДФРМ, СХТМ, МБД

 

27-ми Конгрес на СХТМ

25–28 септември, 2024, Охрид

Вести