IV Семинар за наставници по хемија од средните училишта

 

Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија и Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, Скопје организираше семинар за наставници по хемија од средните училишта во Р. Македонија. Семинарот, на којшто присуствуваа околу 40 наставници, беше реализиран на Институтот за хемија на 01.04.2017 година (сабота). Основната цел на Семинарот беше професионален развој на наставниците, како и размена на идеи меѓу сите учесници на Семинарот.

Темата на Семинарот беше „Концептуални прашања и задачи“. Беа одржани две предавања во следниов редослед:

1. Проф. д-р Марина Стефова – Натпревари по хемија за ученици од средните училишта во Македонија – преглед, искуства, планови

2. Проф. д-р Слоботка Алексовска – Краток осврт кон методика на решавање задачи во хемија

Во рамките на Семинарот се одржаа две работилници, во кои активно учество земаа сите учесници. Активностите во работилницитебеа во врска со составување и решавање концептуални прашања и задачи, абеа организирани од професорите на Институтот за хемија: Марина Стојановска, Миха Буклески и Љупчо Пејов (прва група) и Слоботка Алексовска, Наташа Ристовска и Јане Богданов (втора група). Во првата работилница беа разгледувани прашања и задачи од наставниот материјал за прва и втора година, а во втората група – за трета и четврта година. Овен тоа, посебен осврт беше даден на проблемите со кои се соочуваат учениците при решавање на концептуалните прашања и задачи на натпреварите по хемија.

Последната сесија на Семинарот беше насловена „Од наставниците за наставниците“. Во овој дел колешката Александра Блажевска од ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје, која од неодамна е Scientix амбасадор, ги запозна присутните наставници со Scientix проектот за СТЕМ образование.

Искрено се надеваме дека активностите, материјалите (дадени подолу) и идеите што произлегоа од овој семинар ќе го најдат своето место во наставата по хемија за учениците од средните училишта и со тоа ќе ги зголемат интересот и љубовта на учениците кон хемијата.

 

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

e-mail: seminar.hemija@gmail.com

 

Презентации одржани на семинарот:

16-ти Студентски конгрес на СХТМ

27–28 октомври, 2025, Скопје

Вести