Натпревари по хемија 2016/2017

Соопштение
15.05.2017

Почитувани натпреварувачи и ментори,
државниот натпревар по хемија се одржа на 14 мај 2017 на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Конечните резултати се дадени ТУКА, а подолу се дадени и тестовите со решенија за сите 4 категории. 
Оваа година Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија повторно доби акредитација за организација на натпревари по хемија за средно образование со малку модифициран Правилник, според кој се доделува едно прво место и повеќе награди во секоја категорија, и според него се доделени наградите оваа година. 

Им честитаме на сите учесници и Ве очекуваме и следната година!

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com

 

Агенда – државен натпревар по хемија, 14 мај 2017 година

Време

Активност

Локација

10:30-11:00

Распоред на ученици по предавални

Амф, П101, П124,П125

11:00-13:00

Натпревар – решавање тестови

Амф, П101, П124,П125

11:30-12:00

Доделување сертификати за регионален натпревар

библиотека

12:30-13:30

Кафе, закуска и освежување

библиотека

13:00

Објавување на клучевите на огласна табла

хол I кат

13:00-14:30

Прегледување на тестовите

 

14:30

Објавување на прелиминарни резултати*

хол I кат

14:30-15:30

Поднесување приговори*

П124, П125,СК104

15:30-16:00

Одговор по приговорите*

 

16:00

Објавување на официјални резултати*

хол I кат

16:15

Прогласување на наградените ученици*
Доделување награди на првонаградените ученици

амфитеатар

* Можна е промена на времето во зависност од потребното време за преглед на тестовите.
Амф. – Хемиски амфитеатар на II кат, П – предавална, СК-сала за конференции

 

Почитувани ученици и наставници,

Државниот натпревар ќе се одржи на 14 мај 2017 година со почеток во 11 часот на Институтот за хемија  - Ве молиме дојдете половина час порано за да си го најдете местото и натпреварот да започне точно навреме.

 

Соопштение
28.04.2017

Почитувани ученици и наставници,

регионалниот натпревар по хемија се одржа на 22 април 2017 год., сабота. Им благо­да­ри­ме на сите училишта-домаќини кои ги отворија своите врати за учениците од својот регион и, секако, на регионалните координатори кои се најзаслужни за организацијата на регионалниот натпревар. Голема благодарност изразуваме и до наставниците-мен­то­ри кои ја пружија својата под­дрш­ка за поуспешно и пообјективно реализирање на самиот натпревар, а во интерес на своите ученици.

Според правилата за натпреварување на регионален натпревар, клучевите и прелиминарните резултати беа објавени истиот ден. Според Правилникот, на државен натпревар се квалифицираат првите 5 најдобро пласирани ученици од секој регион во секоја категорија, доколку имаат освоено и најмалку 40% од максимално освоениот број поени во соодветната категорија (во сите региони). Тоа се учениците чии имиња се означени со зелено во листата која може да се види ТУКА (најдолу по списокот се дадени потребните минимум поени, 40%, и поените со кои секој се пласира на државен натпревар, 80% од максимално освоените). Списокот со наградените ученици на регионален натпревар е даден ТУКА.

Државниот натпревар ќе се одржи на 14 мај 2017 година (поместувањето од еден ден е на барање на наставници и ученици поради совпаѓање со државниот натпревар по физика за основно образование). Тестот за државен натпревар ќе содржи 5-6 проблеми (со вкупно 35 поени) и 1 замислен експеримент (15 поени).

Сите информации во врска со натпреварите ќе бидат објавувани на оваа веб-страница.

Се гледаме на државниот натпревар на Институтот за хемија во Скопје,

Срдечен поздрав, 

Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com

Почитувани ученици и наставници,

ова се прелиминарни резултати од регионалните натпревари по хемија за средно образование. Пласманот на државен натпревар е регулиран во правилникот и ќе биде објавен до петок.

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование, СХТМ

 

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ:  

Државниот натпревар по хемија за ученици од основните и средните училишта ќе се одржи на 14 мај 2017 (недела) на Институтот за хемија во Скопје.

Почитувани ученици и наставници,

Конечниот список на учесници на регионалниот натпревар по хемија за ученици од средните училишта според региони е даден ТУКА

Регионалниот натпревар ќе се одржи на 22 април 2017 година со почеток во 11 часот. Училиштата домаќини за секој регион се дадени ТУКА.

Подготвувајте се за натпревар!

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com

 

Почитувани ученици и наставници,

Резултатите од општинскиот натпревар по хемија одржан во сабота, 18 март 2017 година се сумирани. Подредени се по азбучен ред според името на општината каде се одржани. 

Ви благодариме за активното учество во реализацијата на општинските натпревари. Остануваме во контакт и се подготвуваме за регионалните натпревари закажани за 22 април 2017 година. 

 

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com


ИНФОРМАЦИЈА

06.03.2017 

Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија заврши! Се пријавија 381 ученик од 44 училишта од 25 општини за натпреварување во 4 категории! Ви посакуваме среќа на натпреварите!
Целосниот список со сите пријавени ученици (по азбучен ред на општините) може да го видите ТУКА (проверете дали е се во ред со вашата пријава). Со зелено се означени учениците кои се во селекцијата, избрана на Македноската хемиска олимпијада, која се подготвува за Меѓународната олимпијада по хемија IChO2017 и тие одат директно на регионален натпревар.
Напоменуваме дека за учество на натпреварот неопходно е пријавување и платена котизација (пример уплатница е дадена најдолу). Во моментот уплатите се проверуваат и до крајот на оваа недела ќе биде истакнат конечниот список на учесници на натпреварите.
Општинските натпревари се одржуваат во сабота на 18 март 2017 год. во 10 часот и тоа во оние општини во кои бројот на пријавени ученици во една категорија е поголем од производот: број на училишта по 3. Во кои општини и во кои училишта ќе се одржуваат општински натпревари ќе биде објавено заедно со конечниот список на учесници на натпреварите до крајот на оваа недела.

Подготвувајте се за натпревар!

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com


СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици, наставници и директори,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) ЗАВРШИ! Списокот на пријавени ученици е достапен во прикачените документи.

Термините за натпреварите за 2016/17 година се: 
-   18 март 2017 – општински натпревари
-   22 април 2017 – регионални натпревари
-   13 мај 2017 – државен натпревар

Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат како за минатата година:
- право на учество има секој ученик од сите средни училишта во Република Македонија;
- натпреварот се одржува во 4 категории дефинирани според програмата за гимназиско образование:I, II, III и IV година/категорија (за стручните училишта во истите категории прилагодени според содржините, табела подолу);
- распоредот на темите за општински, регионален и државен натпревар (корекција, 17.02.2017) за сите категории се дадени во документот даден подолу; 
- за продлабочување на знаењата на учениците во I категоријаII категоријаIII категорија и IV категорија, подолу се дадени дополнителни материјали поврзани со соодветните наставни содржини (прашања и проблеми од дополнителниот материјал ќе бидат застапени на регионален и државен натпревар, а дополнителниот материјал за I и IV категорија е ист);
 - пријавувањето за натпревар е кај наставникoт, кој треба да ја пополни пријавата за своите ученици на посочената веб страница за пријавување, при што задолжително треба да се внесат електронски адреси и од учениците и од наставниците за полесна комуникација понатаму;
- веб регистрацијата ќе биде отворена до 28 февруари 2017 год. до 22.00 часот;
- за учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Упатството за уплата со уплатница е на веб страницата (задолжително да се внесе име/имиња на учениците при уплатата), а за уплата со фактура обратете се со барање за фактура на електронската адреса natprevar.hemija@gmail.com и наведете за кое училиште и за кои ученици е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 5 март 2017.

Важно: Училиштата – кандидати за домаќини на регионален натпревар да се пријават на дадената електронска адреса до 28 февруари за да може да се планираат натпреварите.

Срдечен поздрав и ги очекуваме Вашите пријави, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

e-mail: natprevar.hemija@gmail.com

 

ТЕСТОВИ 2017:

Тестови од државниот натпревар: I категорија, II категорија, III категорија, IV категорија

ДОКУМЕНТИ:

ТЕСТОВИ 2014:

 

 

27-ми Конгрес на СХТМ

25–28 септември, 2024, Охрид

Вести