Натпревари по хемија 2021/2022

Соопштение
28.05.2022

Почитувани ученици и наставници,

зад нас е уште еден успешно завршен циклус на натпревари по хемија за учениците од средните училишта.

Секцијата за хемиско образование при СХТМ и Државната комисија за натпревари по хемија им честитаат на сите учесници за постигнатите резултати.

Конечните резултати од Државниот натпревар по хемија за учениците од средното образование одржан на 28 мај 2022 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје може да се видат ТУКА.

Tестовите од Државниот натпревар 2022 се дадени тука:

  • I категорија (MK, ALB)
  • II категорија (MKALB)
  • III категорија (MK)
  • IV категорија (MK)

Секцијата за хемиско образование при СХТМ е благодарна на сите наставници-ментори за учеството на овогодишните натпревари по хемија и за сета помош и соработка во организирањето и реализирањето на натпреварите.

Ве очекуваме и следната година со нови сили и знаења и мотивирани за постигнување на уште подобри резултати.

Учете и сакајте ја хемијата, откривајте нови и интересни нешта и забавувајте се!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

 

Соопштение
26.05.2022

Почитувани ученици и наставници,

Државниот натпревар по хемија за ученици од средното образование оваа година ќе се одржи на 28 мај на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Натпреварот почнува во 11 часот (дојдете 15 минути порано).

Распоредот на активностите е даден во табелата подолу.

Срдечен поздрав и се гледаме на натпреварот подготвени за фер натпреварување и спектaкл,

СХТМ

Агенда за државен натпревар по хемија за ученици од средното образование, 28 мај 2022

 

Време

Активност

Локација

10:45

Распоред на ученици по предавални

Амф., П101, П124, П125

11:00-13:30

Натпревар – решавање тестови

Амф., П101, П124, П125

 

11:00-13:30

13:00-14:00

Ментори:
Доделување сертификати за регионален
и државен натпревар
Кафе, закуска и освежување

Библиотека

13:30

Објавување на клучевите

хол I кат

13:30-15:00

Прегледување на тестовите

П124, П125

14:00

Ученици и наставници:
Хемиски спектакл

Амф.

15:00

Објавување на прелиминарни резултати

хол I кат

15:00-16:00

Поднесување приговори и
одговор по приговорите

П101, П124

16:30

Прогласување на наградените ученици
Доделување дипломи и пофалници

Амф.

Амф. – Хемиски амфитеатар на II кат, П – предавална на I кат

 

Соопштение
12.05.2022

Почитувани ученици и наставници,

Конечните резултати од регионалните натпревари се дадени ТУКА (со зелено се обоени пласираните на државен натпревар по првиот критериум, 80% освоени поени, а со жолто според вториот критериум, 5 ученици од регион во категорија).

Им честитаме на наградените на регионалните натпревари, на пласираните на државниот натпревар и на сите ученици за учеството и фер-борбата.

Државниот натпревар по хемија за ученици од средното образование ќе се одржи во сабота, 28 мај 2022 година на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје со почеток во 11 часот.

Подготвувајте се и ве очекуваме на Институтот за хемија на државниот натпревар. 

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com

Соопштение
10.05.2022

Почитувани ученици и наставници,

Регионалните натпревари се одржаа на 6 мај 2022 година во 22 училишта во Македонија. Изразуваме голема благодарност на координаторите и училиштата домаќини за одличната организација и ефикасноста во реализацијата на натпреварите.

Честитки за постигнатите резултати на сите ученици и нивните ментори, имајќи ги предвид условите во кои се одвиваше наставата во последниве години.

Прелиминарните резултати може да ги видите ТУКА подредени по регион, категорија и освоени бодови, а конечните резултати и списокот на ученици пласирани на државниот натпревар ќе биде објавен во четврток.

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com

 

Соопштение
06.05.2022

Почитувани ученици и наставници,

Повелете тестови од регионалниот натпревар со решенија:

I категорија (МКАЛБАНГ)
II категорија (МКАЛБАНГ)
III категорија (МК, АЛБ, АНГ),
IV категорија (МКАНГ)

Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени во вторник.

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

Соопштение
28.04.2022

Почитувани ученици и наставници,

Регионалниот натпревар ќе се одржи на 6 мај 2022 (петок) со почеток од 12:00 ч со присуство во училиште и решавање на класични тестови за време од 90 минути.

Учениците треба да бидат во училиштето-домаќин најдоцна до 11:50 ч

Списокот со училиштата-домаќини и координаторите за реализација на Регионалниот натпревар по хемија за основно и средно образование 2022 е даден ТУКА. Списокот на ученици кои ќе учествуваат на Регионалниот натпревар е даден во соопштението од 1 март 2022, а координаторт од училиштето домаќин ќе објави список со распоред за седење на учесниците на натпреварот.

Тестовите ќе бидат прегледани од Државната комисија за да нема собирање и задржување во училиштата, а резултатите ќе бидат објавени на веб страницата на СХТМ во најкус можен рок.

Ви посакуваме успех на натпреварот!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
http://sctm.mk/natprevari-2022-mk.htm

 

Соопштение
15.04.2022

Почитувани ученици и наставници,
Регионалниот натпревар ќе се одржи во закажаниот термин: 6 мај 2022 (петок) со почеток од 12:00 ч со присуство во училиште и решавање на класични тестови.

Пријавете се за училиште-домаќин и координатор, а потенцијалните домаќини ќе бидат и директно контактирани. Местата на одржување на регионалните натпревари ќе бидат објавени до крајот на април.

Подготвувајте се за натпревар!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

 

Соопштение
01.03.2022

Почитувани ученици и наставници,

Конечните резултати од општинските натпревари се дадени ТУКА со освоените дипломи и пофалници (ќе бидат испратени до менторите во текот на оваа и идната недела). Вреднувани се сите точни одговори и проверени повеќе пати за се да биде коректно.

Списокот со пласирани на регионалните натпревари е даден ТУКА

Првиот критериум за пласман е прво место на општинскиот натпревар (обоени зелено), а вториот критериум е освоени најмалку 17 поени за I год., 19 поени за II год., 16 поени за III год. и 20 поени за IV год. (обоени жолто).

Уште еднаш ви честитаме за постигнатите резултати на сите и ви посакуваме уште поголеми успеси во следните натпревари!

Срдечен поздрав и подготвувајте се за регионалните натпревари,


Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
http://sctm.mk/natprevari-2022-mk.htm

 

Соопштение
25.02.2022

Почитувани ученици и наставници,

честитки за успешно поминатите општински натпревари по хемија одржани на 25 февруари 2022 со online тестирање на платфромата ClassMarker.
Благодариме за домаќините и набљудувачите за одличната организација и на сите учесници за почитувањето до правилата.

Резултатите секој за себе ги доби на својот e-mail, а ТУКА е даден преглед на резултатите по регион/општина и категорија. Имајте предвид дека ненамерната грешка со означувањето на точниот одговор во едно прашање (однос на количества на азот и кислород) е коригирано кај сите.

Конечните резултати и списокот со пласирани ученици на регионален натпревар ќе бидат објавени следната недела.

Срдечен поздрав,


Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
http://sctm.mk/natprevari-2022-mk.htm

Соопштение
23.02.2022

Почитувани ученици и наставници,

Општинскиот натпревар ќе се одржи во петок, 25 февруари 2022 година 
- од 12 часот за учениците од IX одделение,
- од 13 часот за учениците од VIII одделение
- од 13 часот за учениците од I, II, III и IV година

Конечниот распоред на местата на одржување на натпреварите се дадени ТУКА.

Инструкциите за натпреварувачите се дадени ТУКА, а упатство за наставниците-домаќини ТУКА

Доколку некој не се чувствува добро или имал контакт со позитивно лице на Covid-19, нека остане дома за да нема опасност за останатите и веднаш да не извести за тоа, а котизацијата ќе важи за следната година!

Конечните списоци со натпреварувачи се ажурирани во претходното соопштение.

Срдечен поздрав и среќно,

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
http://sctm.mk/natprevari-2022-mk.htm

 

Соопштение
22.02.2022

Почитувани ученици и наставници,

Општинскиот натпревар ќе се одржи во петок, 25 февруари 2022 година 
- од 12 часот за учениците од IX одделение,
- од 13 часот за учениците од VIII одделение
- од 13 часот за учениците од I, II, III и IV година .

Конечниот список на учесници на општинскиот натпревар е даден ТУКА
Бидете на местото на одржување на натпреварот 10 минути пред почетокот.

Денес се пратени корисничко име и лозинка за најава на Classmarker на секој ученик кој ќе се натпреварува на општинскиот натпревар по хемија.
Ве молиме проверете дали секој ученик ја добил пораката и следете го упатството за најава на Classmarker дадено ТУКА. Зачувајте си ги податоците за најава за во петок!
Доколку некој ученик не добил порака и не може да се најави на Classmarker, испратете ни име и точна e-mail адреса од ученикот веднаш на e-mail адресата дадена долу. E-mail адресата да не биде @schools.mk, a ако за некој ученик е внесен @schools.mk мејл при пријавувањето, веднаш пратете ни друг приватен мејл доколку не добил податоци за најава.

Распоредот на училишта за општинските натпревари е даден ТУКА подредени по регион и општина и обоени се училиштата домаќини и бројките на ученици од другите училишта според тоа каде ќе се натпреваруваат.
Училиштата домаќини треба да обезбедат безжичен интернет и доволно училници за реализација на натпреварот (да нема никаде повеќе од 15, а пожелно до 10 ученици во една училница). Учениците треба да имаат лаптоп или да се приклучат од десктоп компјутер доколку е обезбедена компјутерска училница. Училиштата со црвени букви да се договорат и да не известат за договореното училиште домаќин.

Училиштата домаќини и сите учесници треба да ги почитуваат мерките за заштита од Covid-19. Доколку некој не се чувствува добро, треба да остане дома и ПРЕД натпреварот на e-mail да не извести дека нема да се натпреварува.

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
http://sctm.mk/natprevari-2022-mk.htm

 

Соопштение
18.02.2022

Конечниот список со учесници на општинскиoт натпревар може да то видите ТУКА (подредени според општина, училиште, категорија и име на ученик).
Подготвувајте се за натпревар и очекувајте до понеделник секој ученик да добие корисничко име и лозинка за најава на платформата ClassMarker.

Срдечен поздрав, следете информации тука и проверувајте e-mail,

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
http://sctm.mk/natprevari-2022-mk.htm

 

Соопштение
15.02.2022

Конечниот список со учесници на општинскиoт натпревар може да то видите ТУКА (подредени според општина, училиште, категорија и име на ученик).
Подготвувајте се за натпревар и очекувајте до понеделник секој ученик да добие корисничко име и лозинка за најава на платформата ClassMarker.
Менторите се вклучени во групата „Натпревари по хемија 2022“ на Teams и добија покана за online состанок во среда, 16.2.2022, за договор за организацијата на општинскиот натпревар (доколку не сте добиле покана пишете порака на e-mail).

Срдечен поздрав, следете информации тука и проверувајте e-mail,

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
http://sctm.mk/natprevari-2022-mk.htm

 

Соопштение
11.02.2022

Почитувани ученици и наставници,

Ажурираниот список со пријавени ученици и евидентирани котизации може да го видите ТУКА (подредени според општина, училиште, категорија и име на ученик). 
Со зелено се обоени учениците со регулирана котизација, со сиво оние за кои се очекува уплата на фактура, а необоените немаат регулирана котизација и треба веднаш да го сторат тоа доколку сакаат да се натпреваруваат.

Конечниот список на натпреварувачи ќе биде објавен во понеделник.

Менторите ќе бидат поканети на online состанок во текот на следната недела за договор за организацијата на општинскиот натпревар.

Поздрав и подготвувајте се за натпревар,
...

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
http://sctm.mk/natprevari-2022-mk.htm

 

Соопштение
08.02.2022

Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за натпреварите по хемија оваа година заврши.

Списокот со пријавени ученици може да то видите ТУКА (подредени според општина, училиште, категорија и име на ученик). 

Проверете дали е се во ред со категоријата и јазикот на кој ќе се натпреварувате. Конечниот список на натпреварувачи ќе биде објавен во петок (доколку се уште не сте ја регулирале котизацијата направете го тоа веднаш).

Поздрав и подготвувајте се за натпревар,
...

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
http://sctm.mk/natprevari-2022-mk.htm

 

Соопштение
29.01.2022

Почитувани ученици и наставници,

имајќи го предвид продолжувањето на зимскиот распуст,
пријавувањето за натпреварите по хемија ќе биде отворено до 4 февруари 2022 година во 18:00 часот!
Сите други информации од претходното соопштение важат.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија

 

Соопштение
10.01.2022

Почитувани ученици и наставници,

отворено е пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).

Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите (даден подолу), а основните принципи на натпреварите си остануваат исти:
- натпреварот се одржува во 4 категории дефинирани според програмата по хемија за гимназиско образование:  I, II, III и IV година/категорија (стручните училишта треба да се вклопат во овие категории според изучуваните теми наведени на веб страницата на БРО);
- право на пријавување за општински натпревар има секој ученик од средно училиште во Македонија;
- темите од тековната година за општински, регионален и државен натпревар се дадени во документот Распоред на темите подолу на страницава,
- за регионален и државен натпревар за I, II, III и IV категорија треба да се совлада и кусиот дополнителен материјал со цел проширување на знаењата од темите кои се изучуваат во соодветната година (даден подолу),
- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој пополнува електронска пријава за секој ученик (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците).

Општинските натпревари и оваа година  ќе се одржат online, но со физичко присуство во училиштата. Натпреварот ќе се организира во секое училиште од каде што ќе има пријавени ученици со следење на текот на натпреварот online за да се обезбеди објективност и веродостојност на постигнатите резултати.
Општинските натпревари ќе бидат организирани на 25 и 26 февруари 2022, а точното време ќе биде определено во зависност од бројот на пријавени ученици. За организацијата на натпреварот и почитувањето на здравствените протоколи ќе биде одговорен наставникот – координатор, секој во своето училиште. За непречено одвивање на натпреварот ќе биде потребен компјутер за секој натпреварувач, по еден компјутер со камера и микрофон во секоја училница и стабилна интернет врска.

Формуларот за пријавување може да го пополните ТУКА. Задолжително треба да се внесе точен e-mail на секој ученик.

Веб регистрацијата ќе биде отворена до 31 јануари 2022 година во 18:00 часот!

За учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Пример за уплатница е даден долу и во неа задолжително треба да биде внесено име/имиња на учениците (училиште и категорија) за кои е уплатата. За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail најдоцна до 31 јануари 2022 година и наведете за кое училиште и за кои ученици е фактурата.
Уплатата треба да се направи најдоцна до 4 февруари 2022 година.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија

контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com;
web:;http://sctm.mk/natprevari-2022-mk.htm;
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

 

27-ми Конгрес на СХТМ

25–28 септември, 2024, Охрид

Вести