Соопштение
17.06.2021
Почитувани ученици и наставници,
зад нас е уште еден циклус на натпревари по хемија за учениците од основните училишта, реализиран во невообичаени услови на пандемија со COVID-19, со почитување на сите безбедносни протоколи. Стекнавме нови искуства во одржување на натпревари на далечина со ClassMarker и реализација во повеќе градови од еден регион.
Секцијата за хемиско образование при СХТМ и Државната комисија за натпревари по хемија им честитаат на сите учесници за одличните резултати. Вие сте најдобрите хемичари во своите генерации и треба да сте горди на своите постигнувања.
Конечните резултати од Државниот натпревар по хемија за учениците од основното образование одржан на 16 јуни 2021 на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје може да се видат тука за VIII и за IX одделение.
Tестовите од Државниот натпревар 2021 се дадени тука:
Секцијата за хемиско образование при СХТМ е благодарна на сите наставници-ментори за учеството на овогодишните натпревари по хемија за учениците од основните училишта и за сета помош и соработка во организирањето и реализирањето на натпреварите.
Ви посакуваме пријатен летен одмор и следната година да ја почнеме со нови сили и елан. Ве очекуваме подготвени за фер натпревар, побогати за уште едно искуство, со нови сили и знаења и мотивирани за постигнување на уште подобри резултати. Прифатете го предизвикот, учете и сакајте ја хемијата, откривајте нови и интересни нешта и забавувајте се!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ
Соопштение
14.06.2021
Почитувани ученици и наставници,
се надеваме дека со нетрпение ги одбројувате деновите до одржувањето на Државниот натпревар по хемија за ученици од основното образование што ќе се одржи во среда, 16 јуни 2021 година на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Натпреварот почнува во 12 часот (дојдете 15-20 минути порано за да си го најдете местото).
Списокот на ученици кои ќе се натпреваруваат, подредени по азбучен ред и одделение, е даден ТУКА, a правилата за државен натпревар се дадени ТУКА.
Имајќи предвид дека натпреварот се организира за време на пандемија, со цел да бидат почитувани безбедносните Протоколи, во зградата ќе може да влезат само учениците кои се натпреваруваат, а распоредот по предавални ќе биде објавен на паноа на влезот на Институтот за хемија.
За време на натпреварот е забрането симнување на маската, поради што натпреварувачите ќе добијат закуска и освежување по завршувањето на натпреварувачкиот дел и веднаш без задржување треба да излезат од зградата.
По завршувањето на натпреварот ученикот ќе добие сертификати и дипломи од регионалниот натпревар, сертификат за учество на државниот натпревар, освежување и награда при излегување од просторијата во која се натпреварувал.
Тестовите ќе ги прегледуваат претставници од Државната комисија за натпревари по хемија.
Распоредот на активностите е даден во табелата подолу.
Срдечен поздрав и се гледаме во среда подготвени за фер натпревар,
СХТМ
Агенда за државен натпревар по хемија за ученици од основното образование, 16 јуни 2021
Време* |
Активност |
Локација** |
11:40-11:55 |
Распоред на ученици по предавални |
Амф., П101, П124, П125, библиотека |
12:00-13:30 |
Натпревар – решавање тестови |
Амф., П101, П124, П125, библиотека |
13:30 |
Подигнување сертификати за регионален |
Амф., П101, П124, П125, библиотека |
13:30 |
Објавување на клучевите |
На влезот на ИХ |
13:30-14:30 |
Кафе, закуска и освежување |
На влезот на ИХ |
13:30-14:30 |
Прегледување на тестовите |
ИХ |
14:30 |
Објавување на прелиминарни резултати |
На влезот на ИХ |
14:30-15:30 |
Поднесување приговори и |
На влезот на ИХ, приземје |
16:00 |
Прогласување на наградените ученици |
Пред влезот на ИХ |
* Можна е мала промена во зависност од потребното време за прегледување на тестовите.
**Амф. – Хемиски амфитеатар на II кат, П101, П124, П125 – предавални на I кат
Соопштение
02.06.2021
Почитувани ученици и наставници,
Конечните резултати од регионалните натпревари се дадени ТУКА,
Им честитаме на наградените на регионалните натпревари, на пласираните на државниот натпревар и на сите ученици за учеството и фер-борбата.
Државниот натпревар по хемија за ученици од основното образование ќе се одржи во среда, 16 јуни 2021 година на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје со почеток во 12 часот.
Промената на терминот е на барање на учениците и менторите од деветто одделение за да се изготват наградите и сертификатите кои ќе им послужат на учениците при уписот во средно училиште (14-17 јуни).
Доколку некој во меѓувреме реши да не се натпреварува, ве молиме да не известите бидејќи бројот на учесници е важен за планирање на распоредот за седење на натпреварувачите.
Подготвувајте се и ве очекуваме на Институтот за хемија на државниот натпревар.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Web: http://www.sctm.mk/natprevari-osnovno-2021-mk.htm
Соопштение
31.05.2021
Почитувани ученици и наставници,
Регионалните натпревари се одржаа на 28 мај 2021 година во 22 училишта во Македонија. Изразуваме огромна благодарност на координаторите и училиштата домаќини за беспрекорната организација и почитувањето на протоколите за реализација на натпревари со физичко присуство во услови на пандемија.
Честитки за постигнатите резултати на сите ученици и нивните ментори, имајќи ги предвид условите во кои се одвиваше наставата оваа учебна година, електронски, на далечина и со скратена програма, кога е особено тешко да се доближи хемијата до учениците и да се мотивираат.
Прелиминарните резултати може да ги видите ТУКА подредени по регион, категорија и освоени бодови, а конечните резултати и списокот на ученици пласирани на државниот натпревар ќе биде објавен во среда.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Соопштение
28.05.2021
Почитувани ученици и наставници,
Повелете тестови од регионалниот натпревар со решенија:
VIII одделение (МК, АЛБ, АНГ)
IX одделение (МК, АЛБ, АНГ)
Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени во понеделник.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ
Соопштение
24.05.2021
Почитувани ученици и наставници,
Нека ни е честит и вечен денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј!
Регионалниот натпревар ќе се одржи во закажаниот термин на 28 мај 2021 (петок) со почеток од 12:00 ч со присуство во училиште и решавање на класични тестови, со сите мерки на претпазливост и почитување на Протоколите. Правилата за регионален натпревар по хемија 2021 може да ги видите ТУКА.
Учениците треба да бидат во училиштето-домаќин најдоцна до 11:50 ч и во училиштето треба да влезат само учениците-натпреваруачи. Списокот на ученици кои ќе учествуваат на Регионалниот натпревар по хемија за основно образование е даден ТУКА.
Табелата со училиштата-домаќини и координаторите за реализација на Регионалниот натпревар по хемија за основно и средно образование 2021 е дадена ТУКА.
Тестовите ќе бидат прегледани од Државната комисија за да нема собирање и задржување во училиштата, а резултатите ќе бидат објавени на веб страницата на СХТМ во понеделник, 31 мај 2021 година.
Ви посакуваме успех на натпреварот!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ
Соопштение
15.05.2021
Почитувани ученици и наставници,
На регионалниот натпревар ќе има прашања и од дополнителниот материјал кој ја следи наставната програма:
за 8 одделение
- Валентност и номенклатура (оксиди, киселини, хидроксиди, нормални соли).
за 9 одделение
- Основни типови неоргански соединенија (оксиди, киселини, хидроксиди, соли) – состав, поделба, номенклатура, добивање, својства.
- Поделба на солите: нормални соли, хидроген соли, хидроксид соли, двојни или мешани соли, кристалохидрати.
Како ориентација за длабочината и ширината на знаењата кои се потребни ги препорачуваме учебниците по хемија за 7 одделение (Алексовска, Антоновска) и за 8 одделение (Алексовска). Секако, може да користите и други учебни помагала за совладување на овие теми.
Листата на училишта-домаќини за регионалниот натпревар по хемија ќе биде дополнително објавена.
Срдечен поздрав и подготвувајте се,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Соопштение
11.05.2021
Почитувани ученици и наставници,
конечните резултати од општинските натпревари по хемија за основно образование може да ги видите ТУКА заедно со информација за награди и пофалници, како и за пласман на регионалните натпревари според двата критериуми:
1 - секој првопласиран во својата категорија во својата општина (независно од освоените поени),
2 - освоени најмалку 23 поени за VIII одделение и 21 поен за IX одделение.
Регионалните натпревари ќе се одржат на 28 мај со присуство во училиште и решавање на класични тестови, со сите мерки на претпазливост и почитување на Протоколите. Местата на одржување ќе бидат објавени дополнително.
Тие ќе се одржат во повеќе училишта истовремено (не само во 6 како вообичаено) за да нема многу ученици во едно училиште, а тестовите ќе бидат прегледани од Државната комисија за да нема собирање и задржување во училиштата.
Подготвувајте се за регионалните натпревари користејќи ги и дополнителните материјали, покрај редовните од наставата.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Соопштение
08.05.2021
Почитувани ученици и наставници,
честитики за успешно реализираниот општински натпревар и благодарност на наставниците за соработката и ангажманот!
Прелиминарните резултати може да ги видите ТУКА, а списокот на ученици пласирани на регионален натпревар (на 28 мај) ќе биде објавен во понеделник.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Соопштение
06.05.2021
Почитувани ученици и наставници,
во петок на 7 мај ќе се реализираат општинските натпревари по хемија за учениците од основното образование (од 12 часот) и средното образование (од 13 часот) при што секој ученик ќе се натпреварува во своето училиште, а наставниците по хемија ќе бидат одговорни за организацијата, секој во своето училиште.
Правилата за реализација на општинскиот натпревар може да ги најдете ТУКА.
Бидете во училниците најдоцна 10 до 15 минути пред почетокот на натпреварот, за да се поврзете на интернет.
Учениците од основните училишта во Гази Баба (поради одлуката на општината да останат затворени и да не спроведуваат натпревари за ученици) ќе се натпреваруваат на Институтот за хемија. Затоа е потребно со себе да носат лаптоп и да бидат пред зградата на Институтот за хемија најдоцна во 11,45 часот.
Ве молиме за поддршка и соработка за да имаме успешен натпревар и во овие услови на пандемија со надеж дека наскоро ќе можеме да се вратиме на вообичаениот начин на реализација на натпреварите.
Срдечен поздрав,
Марина Стефова и Наташа Ристовска, координатори за натпревари по хемија
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
Соопштение
27.04.2021
Почитувани ученици и наставници,
напредуваме со подготовките за општинскиот натпревар по хемија, кој ќе се одржи на 7 мај 2021 година според планот – online со присуство во училиште, со сите мерки на претпазливост. Погледајте го Прилог бр. 75 и подгответе се за негово строго почитување: Протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот | Влада на Република Северна Македонија (vlada.mk).
Во текот на претходната недела, на секој ученик на е-пошта се пратени податоци за влез во програмата за online тестирање ClassMarker. Оние што не добиле податоци за најава, веднаш да ни пишат (откако од компјутер, не од мобилен телефон, ќе проверат и во spam, junk…)!
Упатство за ClassMarker може да видите ТУКА. Најавете се за потврда дека се е во ред со вашата регистрација и запишете си ги корисничкото име и лозинката, кои треба да ги имате со себе на натпреварот на 7 мај.
Подготвувајте се и следете ги информациите на оваа веб страница!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Соопштение
18.04.2021
Почитувани ученици и наставници,
имајќи ја предвид состојбата со пандемијата, која деновиве го достигнува максимумот, општинскиот натпревар по хемија го одложуваме уште за две седмици, т.е. ќе се одржи на денот планиран за регионален натпревар по хемија: 7 мај 2021 година. Надежта е дека дотогаш ќе помине максимумот и ќе можеме, со сите мерки на претпазливост, да реализираме општински натпревари според планот – online со присуство во училиште.
Во меѓувреме, на секој ученик на е-пошта се пратени податоци за влез во програмата за online тестирање ClassMarker. Оние што не добиле податоци за најава, веднаш да ни пишат (откако ќе проверат и во spam, junk…)! Потоа ќе oрганизираме пробен тест (од дома) за запознавање со програмата, за да бидеме подготвени за 7 мај.
Конечниот список на учесници на општинскиот натпревар по хемија за основно образование може да се види ТУКА.
Следете информации на оваа веб страница и подготвувајте се!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Соопштение
26.03.2021
Почитувани ученици и наставници,
имајќи ја предвид актуелната состојба со ширењето на корона вирусoт и извршените консултации со менторите, донесена е одлука за одложување на општинскиот натпревар предвиден за 2 април за 3 седмици и тој ќе се одржи на 23 април на претходно предвидениот начин (со online тестирање во училиште).
Подготвувајте се, следете ги препораките и чувајте се!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Соопштение
22.03.2021
Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за натпреварите за оваа година заврши и ова е списокот на пријавени ученици за општински натпревар (означените со сино се учениците ослободени од општински натпревар како членови на селекцијата која се подготвува за меѓународни натпревари, со зелено се учениците со регулирана котизација, необоените да достават потврда за регулирана котизација за да се натпреваруваат). Проверете дали е точно внесена категоријата и јазикот на кој ќе се натпреварувате и реагирајте веднаш доколку е потребна корекција.
Општинскиот натпревар се планира да се одржи со присуство, секој во своето училиште, со строго почитување на пропишаните владини протоколи за организирање и реализирање на натпревари за ученици (Протокол бр. 75 за основно, бр. 76 за средно образование: https://vlada.mk/protokoli-koronavirus). За тоа е неопходна поддршката од вашите наставници и директорите на училиштата и строго почитување на мерките за заштита и одговорно однесување на сите нас.
Натпреварот ќе се реализира со решавање на тест online за време од 45 минути и за тоа е неопходно секој ученик да има свој компјутер (од училиштето или личен) и да се приклучи со свое корисничко име и лозинка. Токму поради ова, при пријавувањето беше неопходно да се внесе лична е-пошта на секој ученик и на 3-4 дена пред натпреварот проверете си ја вашата е-пошта каде секој ќе добие податоци за најава. Запишете си ги овие податоци и понесете ги со себе на денот на натпреварот – со нив ќе се најавите за решавање на тестот на општинскиот натпревар. Доколку некој не ги добие овие податоци - веднаш да ни се обрати на е-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com.
Со наставниците-ментори ќе оствариме online средба оваа недела за договор за организацијата и реализацијата на натпреварот (очекувајте покана за средбата на e-mail).
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Соопштение
17.02.2021
Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е отворено.
Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите (даден подолу), а основните принципи на натпреварите си остануваат исти:
- натпреварот се одржува во 2 категории дефинирани според програмата по хемија за основно образование: категорија 1 – VIII одделение и категорија 2 – IX одделение;
- право на пријавување за општински натпревар има секој ученик од осмо и деветто одделение од сите основни училишта во Македонија;
- секое пријавено училиште на општинскиот натпревар може да учествува со максимален број ученици од соодветната категорија кој е еднаков на вкупниот број паралелки од таа категорија помножен со 3;
- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој пополнува електронска пријава за секој ученик на дадената веб страница (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците).
За оваа година, Државната комисија за натпревари по хемија во консултации со наставниците по хемија од основните и средните училишта донесе одлука општинските натпревари да се организираат online, но со физичко присуство во училиштата. Натпреварот ќе се организира во секое училиште од каде што ќе има пријавени ученици со следење и снимање на текот на натпреварот преку платформата MS Teams за да се обезбеди објективност и веродостојност на постигнатите резултати.
Општинските натпревари ќе бидат организирани на 2 април во два термини: со почеток од 11 часот за осмо одделение и од 13 часот за деветто одделение. За организацијата на натпреварот и почитувањето на здравствените протоколи ќе биде одговорен наставникот – координатор, секој во своето училиште. За непречено одвивање на натпреварот ќе биде потребен компјутер или таблет за секој натпреварувач, по еден компјутер со камера и микрофон во секоја училница и стабилна интернет врска.
За учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Пример за уплатница е даден долу. Внимавајте при пополнување на цел на дознака: Име и презиме на ученикот (натпреварувач), име на училиште и одделение. Уплатата треба да се направи најдоцна до 15.03.2021 година.
Учениците кои минатата година се пласираа за регионален натпревар, оваа година се ослободени од плаќање на котизација, но мора да се пријават!
Формуларот за пријавување може да го пополните ТУКА.
Задолжително треба да се внесе точен e-mail на секој ученик.
Веб регистрацијата ќе биде отворена до 05.03.2021 година во 18:00 часот!
За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com најдоцна до 05.03.2021 година и наведете за кое училиште и за кои ученици е фактурата.
Темите од тековната година за општински натпревар се според скратената програма за:
- VIII одделение – заклучно со користење универзален индикатор;
- IX одделение – заклучно со реагирање на метали со киселини.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
Соопштение
02.02.2021
Почитувани ученици и наставници,
Ве информираме дека оваа година, Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, акредитирано здружение од МОН, ќе ги организира и реализира натпреварите по хемија за учениците од основно образование водејќи грижа за актуелните околности.
Во договор со акредитираните здруженија од МОН за организирање на натпревари за учениците од основните училишта по наставните предмети хемија, биологија, физика, математика, информатика и природни науки,
термините за натпреварите по хемија за учениците од основните училишта за 2020/21 година година се:
Детали за пријавувањето, организацијата и реализацијата ќе бидат наскоро објавени.
ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ И СЛЕДЕТЕ ГИ ИЗВЕСТУВАЊАТА!
25–28 септември, 2024, Охрид