III Семинар за наставници по хемија од основните училишта

Соопштение
13.10.2020

Почитувани наставници,
По барање на голем број наставници, семинарот со наслов  ONLINE АЛАТКИ ВО НАСТАВАТА ПО ХЕМИЈА ќе се одржи како „вебинар“преку платформата Microsoft Teams, на 17.10.2020 година, со почеток во 10 часот, според програмата дадена подолу.

ONLINE АЛАТКИ ВО НАСТАВАТА ПО ХЕМИЈА
17.10.2020, MS Teams

ПРОГРАМА

10:00

Отворање на семинарот – проф. д-р Марина Стефова, раководител на Секцијата за хемиско образование при СХТМ

 

претседавач: проф. д-р Наташа Ристовска, координатор на III Семинар за наставници по хемија од основното образование

 

 

I дел – Предавања

10:05

проф. д-р Марина Стефова
Учење на далечина – Потреба, предности и недостатоци

10:30

Александра Блажевска
Примена на националната online платформа во наставата по хемија.
Професионален развој на наставниците. Повик за Scientix амбасадори.

11:30

Пауза

 

 

II дел – Пример часови со Online алатки

11:45

проф. д-р Наташа Ристовска: Online алатки за периодниот систем

12:15

Александра Блажевска: Игри и online лаборотории во наставата по хемија

12:45

Снежана Стефановска: Тестирање на ученици преку апликацијата Thatquiz

13:15

Дискусија

 

Пауза

 

 

III дел – Работилница – Подготовка на online тестови

14:00

Online проверка на знаење – Quiz/Google forms/MS Forms

14:30

Работа во групи: Подготовка на тестови за Online проверка на знаење

15:30

Дискусија и евалуација

16:00

Затворање на семинарот

 

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

 

Соопштение
25.08.2020

Почитувани наставници,

Семинарот за наставници закажан за март 2020 година се одложи поради здравствената криза со COVID-19. Сметаме дека сега е време за негово одржување имајќи ја предвид потребата од квалитетно одвивање на наставата по хемија по електронски пат.
Учењето на далечина не е од сега, но особено е актуелно од првата половина на 2020 кога светот премина на овој вид настава во сите степени на образованието. „Новата педагогија“ на наставата на далечина подразбира добро разбирање на процесите на учење и нивно поврзување со потенцијалните иновативни приоди во учењето со користење на дигиталната технологија.
Кај нас, на овој начин ќе започне наставата и во учебната 2020/21 година и токму затоа донесена е одлуката да се измени темата на семинарот и таа да биде:
ONLINE АЛАТКИ ВО НАСТАВАТА ПО ХЕМИЈА
со цел преку предавања и работилница, кои ќе се реализираат online, да се понудат решенија за најефикасно реализирање на наставата по хемија на далечина.
Се надеваме дека новиот концепт ќе биде прифатлив за вас и ќе земете активно учество на семинарот за наставници-2020 кој ќе се одржи online во средината на септември (деталите за точниот датум, време и платформа ќе бидат објавени).
За подобра организација на семинарот, Ве молиме да го пополните овој прашалник до 1-ви септември 2020.
Доколку покрај веќе пријавените има и други наставници заинтересирани за учество на овој семинар, ги охрабруваме и нив да го пополнат истиот прашалник и формуларот за пријавување, кој претходно пријавените веќе го пополнија, до 1-ви септември 2020. Котизацијата останува иста како во март. Во зависност од бројот на наставници и добиените одговори на прашалникот ќе биде направен распоред за одржување на семинарот.

Срдечен поздрав,
Организационен одбор на Семинарот и 
Секција за хемиско образование 
при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
e-mail: seminar.osnovno@gmail.com

 

Соопштение
11.03.2020

Почитувани наставници,
во согласност со Одлуката на Владата и препораките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од 10.03.2020, а врз основа на заклучоците на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, планираниот Семинар за наставници по хемија од основното образование нема да се одржи на 20.03.2020, следејќи ги мерките за превенција од ширење на корона вирусот.
Семинарот се одложува и ќе бидете известени за новиот датум веднаш кога ќе бидат исполнети условите за негово одржување, се надеваме во следните два месеци.

Срдечен поздрав и добро здравје,
https://ci6.googleusercontent.com/proxy/x7Az90uC0FlqG1NQNJvbQl7YtYRlnWzoqu2O_ZLb9xIKhYpJarh3aZrZ_qlU6_VKMQpRwI5_nDi9FsJOqf0XSQHw_6yv1VK7rhIBScGS2g=s0-d-e1-ft#https://ssl.gstatic.com/ui/v1/icons/mail/images/cleardot.gif
Секција за хемиско образование 
при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
e-mail: seminar.osnovno@gmail.com

Соопштение
03.03.2020

Почитувани наставници,

пријавувањето за учество на семинарот за настаници по хемија од основното образование 2020 заврши. Пријавените имаа можност да се изјаснат за датумот што повеќе им одговара за одржување на семинарот. Ги сумиравме пријавите, според кои 60 наставници од вкупно 63 пријавени се изјасниле за петок, 20.03.2020. 
Според тоа, семинарот ќе се одржи во петок, 20 март 2020. Програмата за семинарот ќе ја објавиме во текот на идната недела.
Очекуваме да земете активно учество на семинарот и ве потсетуваме дека котизацијата треба да се уплати најдоцна до 05.03.2020.

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование 
при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија

 

Соопштение
12.02.2020

Почитувани наставници,
Секцијата за образование при СХТМ и оваа учебна година организира семинар за наставници по хемија од основните училишта со цел професионален развој на наставниците и размена на идеи меѓу учесниците.
Семинарот за наставници по хемија од основните училишта ќе биде реализиран на Институтот за хемија на 20.03.2020 (петок) и/или 21.03.2020 (сабота), во зависност од изјаснувањето на пријавените наставници. Доколку има повеќе од 40 пријавени за секој од двата дена, тогаш семинарот ќе се одржи и во двата дена, ако се помалку, тогаш ќе се одржи во сабота 21 март 2020.
Во рамките на семинарот се планирани две предавања и две работилници од интерес за наставата по хемија и во функција на натпреварите и олимпијадите, за утврдување на дополнителни материјали и обуки:
Предавања: 
      1. Анализа на наставните програми за VIII и IX одделение - споредба со претходните програми и со оние од регионот
      2. Натпревари по хемија – краток преглед, концепт на тестови, потреба за дополнителен материјал
Работилници:
      1. Основи на хемиско сметање
      2. Анализа на прашања - проверка на концептуално знаење

Котизацијата за учество на Семинарот изнесува:

  • 800 ден. за активни членови на СХТМ
  • 1000 ден. за сите останати

Котизацијата вклучува: предавања, учество во работилници, сертификат за учество, ручек и кафе паузи, како и дополнителни консултации во текот на учебната година. Котизацијата треба да се уплати на следнава сметка:

Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
Број на сметка 300000001352895, Комерцијална банка
Цел на дознаката: Семинар основно (име и презиме на учесникот)
Рокот за пријавување е 29.02.2020 година, а крајниот рок за уплата на котизација е 05.03.2020 година.
Линкот за регистрација е: https://docs.google.com/forms/d/1ub8QM_qiKdlTZ-FJYSFE5XgBQq8zD8zzn4MX5XXH5_Q/edit

Сите дополнителни информации ќе бидат објавени на нашата официјална веб-страница
http://www.sctm.mk/seminari.htm
Искрено се надеваме дека идеите што ќе произлезат од овој семинар ќе го најдат своето место во наставата по хемија за учениците од основните училишта и со тоа ќе ги зголемат интересот и љубовта на учениците кон хемијата.

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ
e-mail: seminar.osnovno@gmail.com

16-ти Студентски конгрес на СХТМ

27–28 октомври, 2025, Скопје

Вести