Натпревари по хемија 2015/2016

Драги ученици-натпреварувачи и колеги-наставници,

на 14 мај 2016 година, на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје,  се одржа третиот државен натпревар по хемија за учениците од средните училишта во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија.

На него се пласираа 106 ученици од вкупно пријавените 468 ученици од 50 училишта  по одржаните општински и регионални натпревари на 12 март и 9 април, соодветно.

  • Конечните резултати од државниот натпревар се дадени ТУКА!

Честитки за победниците и за сите учесници и за нивните ментори!

Благодарност до сите учесници, ментори и оние кои помогнаа за организација и реализација на натпреварите.

Подготвувајте се за следната година! Планирано време за првиот круг – општински натпревари е првата половина на март 2016 год.

Сите информации ќе бидат достапни на оваа страница, зачувајте си ја и посетувајте ја одвреме навреме!
Коментари и сугестии за подобрување се добредојдени на: natprevar.hemija@gmail.com

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com

 

 

27-ми Конгрес на СХТМ

25–28 септември, 2024, Охрид

Вести