Соопштение
14.05.2019
Почитувани ученици и ментори,
зад нас е уште еден успешен циклус на натпревари по хемија за учениците од средните училишта, шести по ред. Секцијата за хемиско образование при СХТМ и Државната комисија за натпревари по хемија им честитаат на сите учесници. Вие сте најдобрите хемичари од средните училишта во Македонија и треба да сте горди на своите постигнувања.
Конечните резултати од Државниот натпревар по хемија за учениците од средното образование одржан на 18 мај 2019 на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје може да се видат ТУКА.
Честитки за сите и потсетување дека првопласираниот во секоја категорија, како и секоја година, добива специјална награда од Природно-математичкиот факултет: бесплатно запишување на студиска програма по хемија!
Tестовите со решенија од Државниот натпревар 2019 се дадени тука:
I катег. II катег. III катег. III алб. IV категорија
Секцијата за хемиско образование при СХТМ е благодарна на сите наставници-ментори за учеството на овогодишните натпревари по хемија и за сета помош и соработка во организирањето и реализирањето на натпреварите.
Ве очекуваме следната година подготвени за фер натпревар, побогати за уште едно искуство, со нови сили и знаења и мотивирани за постигнување на уште подобри резултати. Прифатете го предизвикот, учете и сакајте ја хемијата, откривајте нови и интересни нешта и забавувајте се!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ
Соопштение
14.05.2019
Почитувани ученици и наставници,
ги одбројувате деновите до одржувањето на Државниот натпревар по хемија за ученици од средното образование што ќе се одржи во сабота, 18 мај 2019 година на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Натпреварот почнува во 10 часот (дојдете 30 минути порано за да си го најдете местото).
Списокот на ученици кои ќе се натпреваруваат, подредени по категорија и азбучен ред, е даден ТУКА.
Правилата за државен натпревар се дадени ТУКА.
Распоредот на активностите е даден во табелата подолу.
Сојузот на хемичарите и технолозите се придружува на одбележувањето на 2019 - Меѓународна година на периодниот систем по повод 150 години од формирањето на таблицата на периодниот систем. Една од активностите ќе биде и одржувањето на Хемиски спектакл во амфитеатарот на Институтот за хемија во сабота од 13.00 часот со учество на студентите и наставниците од Институтот за хемија наменет за учесниците на државниот натпревар.
Срдечен поздрав и се гледаме во сабота подготвени за фер натпреварување и спектaкл,
СХТМ
Агенда за државен натпревар по хемија за ученици од средното образование, 18 мај 2019
Време |
Активност |
Локација |
9:30-9:45 |
Распоред на ученици по предавални |
Амф., П124 |
10:00-12:00 |
Натпревар – решавање тестови |
Амф., П124 |
10:00-11:00 11:00-12:00 |
Ментори: |
библиотека |
12:00 |
Објавување на клучевите |
хол I кат |
12:00-13:30 |
Комисии: |
П101, П124, П125 |
13:00-14:00 |
Ученици и наставници: |
Амф. |
14:00 |
Објавување на прелиминарни резултати** |
хол I кат |
14:00-15:00 |
Поднесување приговори и |
П101, П124, П125 |
16:00 |
Прогласување на наградените ученици** |
Амф. |
* Пожелно е предметни наставници да се вклучат во прегледување на тестовите.
** Можна е промена на времето во зависност од потребното време за прегледување на тестовите.
Амф. – Хемиски амфитеатар на II кат, П – предавална на I кат
Соопштение
09.04.2019
Повелете тестови од регионалниот натпревар со решенија:
I категорија (МК, АЛБ, АНГ), клуч
II категорија (МК, АЛБ, АНГ), клуч
III категорија (МК, АЛБ, АНГ), клуч
IV категорија (МК), клуч
Следете ги информациите на оваа веб страница и подготвувајте се за државниот натпревар на 18 мај 2019.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ
Соопштение
08.04.2019
Резултати од регионален
Почитувани ученици и наставници,
Регионалните натпревари се одржаа на 6 април 2019 година и изразуваме голема благодарност на координаторите и училиштата домаќини за беспрекорната организација, како и на сите наставници кои се вклучија во комисиите и придонесоа за објективност на натпреварот!
Официјалните резултати од регионалните натпревари по региони се дадени ТУКА, а вкупниот список по категории е даден ТУКА. Со зелено се означени учениците кои се пласираат на државниот натпревар според првиот критериум, а со жолто пласираните според вториот критериум и тоа:
Наградите се пресметани според критериумите утврдени во Правилникот.
Им честитаме на пласираните на државниот натпревар, на наградените на регионалните натпревари и на сите ученици за учеството и фер-борбата.
Следете ги информациите кои ги објавуваме на оваа веб страница.
Срдечен поздрав и сакајте и учете хемија,
Секција за хемиско образование при СХТМ
Соопштение
03.04.2019
Почитувани ученици и наставници,
се надеваме дека сте веќе подготвени за Регионалниот натпревар по хемија што ќе се одржи во сабота, 6 април 2019 година.
Натпреварот почнува во 10 часот (бидете таму 30 минути порано за да си го најдете местото).
Правилата за регионален натпревар се дадени ТУКА.
Табелата со училиштата-домаќини, координаторите за реализација на Регионалниот натпревар по хемија за основно и средно образование 2019 и членовите на комисиите заклучно со 03.04.2019 е дадена ТУКА. Пријавувањето за член на регионалната комисија ќе се врши кај претставникот од Државната комисија за натпревари по хемија пред почетокот на натпреварот, до постигнување на потребниот број членови.
Срдечен поздрав и се гледаме во сабота,
СХТМ
Соопштение
27.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
Регионалниот натпревар ќе се одржи во закажаниот термин на 06.04.2019 (сабота) со почеток од 10:00ч. Учениците треба да бидат во училиштето-домаќин најдоцна до 09:30ч.
Табелата со училиштата-домаќини и координаторите за реализација на Регионалниот натпревар по хемија за основно и средно образование 2019 е дадена ТУКА.
Во табелата е даден и минималниот број членови на комисијата за секој регион (според бројот на натпреварувачи). Во интерес на објективноста на натпреварот и ефикасното прегледување и објавување на резултатите, ги повикуваме наставниците-ментори да се пријават за членови на регионалните комисии на natprevar.hemija@gmail.com најдоцна до 1 април 2019 (понеделник) .
Тестовите ќе бидат прегледани истиот ден, веднаш по завршувањето на натпреварувачкиот дел. Приговори од страна на наставниците-ментори ќе може да се поднесат до комисијата на самото место во текот на 60 минути по објавувањето на резултатите. Приговорите поднесени подоцна, нема да бидат разгледувани.
Официјалните резултати од регионалниот натпревар ќе бидат објавени на веб страницата на СХТМ во понеделник, 8 април 2019 година.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ,
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
Соопштение
23.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
конечниот список на ученици кои ќе се натпреваруваат на регионалниот натпревар е даден ТУКА, а листата на ученици кои ќе добијат дипломи, сертификати и пофалници од општинскиот натпревар може да се види ТУКА (отпечатените дипломи, пофалници и сертификати ќе бидат поделени за време на регионалните натпревари).
На регионалниот натпревар ќе има прашања и од дополнителниот материјал даден најдолу на оваа страница.
Листата на училишта-домаќини за регионалниот натпревар по хемија ќе биде дополнително објавена.
Срдечен поздрав и подготвувајте се,
Секција за хемиско образование при СХТМ,
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
Соопштение
20.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
Секцијата за хемиско образование при СХТМ им честита на сите ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар по хемија за постигнатите резултати. Истовремено се заблагодаруваме на наставниците кои активно учествуваа во општинските комисии, а особена благодарност изразуваме на координаторите од училиштата-домаќини, кои го реализираа натпреварот во ненадејно прогласениот работен ден.
Резултатите од општинскиот натпревар по хемија за учениците од средните училишта одржан на 16 март 2019 година (сабота) се сумирани во списокот кој може да се види ТУКА (подредени според регион, општина, категорија и поени). Во него се обоени со зелено учениците кои се пласираат на регионален натпревар по првиот критериум (прво место во својата категорија во општината), со жолто се обоени учениците кои се пласираат според вториот критериум (освоени поени: најмалку 20 поени за I категорија, 32 поени за II категорија и за III категорија и најмалку 18 поени за IV категорија), а со розово се обоени оние кои се пласираат директно на регионален натпревар.
Евентуални приговори по објавените резултати може да се испратат на е-пошта: natprevar.hemija@gmail.com само од страна на наставници-ментори најдоцна до четврток, 21.03.2019 година во 18.00 часот.
Регионалниот натпревар ќе се одржи на 6 април 2019 година и за тоа ќе бидат контактирани потенцијалните домаќини од страна на СХТМ и навреме ќе бидат објавени информациите.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, СХТМ
Соопштение
16.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
Ви благодариме за учеството на општинскиот натпревар по хемија!
Повелете тестови со решенија:
I категорија (МК, АЛБ, АНГ), клуч
II категорија (МК, АЛБ, АНГ), клуч
III категорија (МК, АЛБ, АНГ), клуч
IV категорија (МК), клуч
Резултатите ќе бидат објавени во текот на следната недела!
Срдечен поздрав,
СХТМ
Соопштение
15.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
Ви посакуваме среќа на општинскиот натпревар и ве известуваме за
временскиот распоред на активностите за 16 март, 2019:
9.30 - 10.00 - распоредување на учениците во просториите за натпреварување
10.00 - 11.00 - решавање на тестовите - 60 минути
Учениците по 11 часот се слободни да си заминат. Тестовите со решенија ќе бидат објавени на оваа веб страница по завршувањето на натпреварот во сите општини.
Наставниците се должни да земат учество во општинските комисии и да придонесат за објективно прегледување и ефикасно објавување на резултатите, што ќе биде во текот на идната недела, по пристигнување на прегледаните тестови (со затворени коверти) од сите општини.
Официјално писмо од СХТМ до директорите на училиштата за одржувањето на натпреварот по хемија може да превземете ТУКА.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, СХТМ
Соопштение
14.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
до училиштата во текот на вчерашниот ден беше пратено известување од МОН дека сабота, 16.03.2019 ќе биде работен ден, поради што беше доведено во прашање одржувањето на Општинскиот натпревар по хемија за основно и средно образование, закажан уште во октомври 2018 година.
Со максимално вложување на сите инволвирани (општинските координатори, директорите на училиштата – домаќини и координаторите од СХТМ),
Ве известуваме дека Општинскиот натпревар по хемија за основно и средно образование 2019 ќе се одржи во закажаниот термин: САБОТА 16 МАРТ ВО 10.00
со мали промени во поглед на некои места на одржување (Кавадарци).
Ажурираниот список на местата на одржување на натпреварот може да го видите ТУКА.
Конечниот список на учесници е ТУКА (пред некои имиња има прашалници-тие ќе се натпреваруваат само ако приложат доказ за регулирана уплата на котизација до Општинскиот координатор).
Натпреварот почнува точно во 10 часот. Бидете на местото половина час порано и погледнете ги правилата дадени во претходното соопштение.
Срдечен поздрав и среќно во сабота!
Секција за хемиско образование, СХТМ
Соопштение
13.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
конечниот список на учесници на општинскиот натпревар по хемија за средно образование, кој ќе се одржи на 16 март 2019 година со почеток во 10 часот (бидете на местото половина час порано!) може да се види ТУКА. Со темно црвено се означени имињата на учениците кои одат директно на регионален натревар (олимпијци, учесници на државен натпревар по математика), а со жолто оние кои треба да ја потврдат уплатата. Доколку сте уплатиле котизација, а ве нема во списокот, веднаш приложете потврда за уплата (на e-mail: natprevar.hemija@gmail.com) назначувајќи за кој ученик и училиште станува збор најдоцна до среда, 13 март 2019, во 12 часот!
Ви посакуваме успех на натпреварот!
СХТМ,
Секција за хемиско образование
Соопштение
11.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните и средните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) заврши.
Конечниот список со пријавените ученици ќе биде објавен веднаш по конечната проверка на уредно пријавените со регулирана котизација, кои ќе имаат право на учество на натпреварот.
Листата на училишта-домаќини е дадена ТУКА.
- Правилата за општински натпревар за учениците прочитајте ги ТУКА, за наставниците ТУКА, а за домаќинот на општинскиот натпревар ТУКА.
ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ ЗА НАТПРЕВАР!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
Соопштение
09.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
ажурираниот список на пријавени ученици за натпреварите по хемија за средно образование може да се види ТУКА. Последните уплати ќе бидат ажурирани во понеделник и конечниот список на ученици кои имаат право да се натпреваруваат на општинскиот натпревар во сабота, 16 март 2019 година, ќе биде објавен во вторник. Доколку е реализирана уплатата, а тоа не е евидентирано во списокот, испратете потврда на e-mail бидејќи некои уплати се непрепознатливи (не се наведени имиња на ученици или училиште).
Следете информации и подготвувајте се!
Срдечен поздрав,
СХТМ
Соопштение
05.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
заврши пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).
Списокот со пријавените ученици е даден ТУКА. Во него се означени со зелено имињата на учениците со регулирана котизација, а останатите мора да ја регулираат котизацијата најдоцна до 8 март 2019 година за да имаат право да се натпреваруваат (ако имаат на време уплатена котизација која не е евидентирана, веднаш да пратат уплатница на e-mail).
- Ве молиме проверете ги податоците за име на ученик и ментор, а особено за категорија и јазик за да нема проблеми при реализацијата на општинскиот натпревар.
- Општинските натпревариќе се одржат на 16 март 2019 година со почеток во 10 часот во сите општини и категории. Менторите од сите општини ќе бидат контактирани за организацијата на општинскиот натпревар. Од практични причини, во општините каде има малку натпреварувачи, општинскиот натпревар може да се одржи во основното училиште кое е домаќин на општинскиот натпревар по хемија за ученици од основното образование.
- Местата на одржување на општинските натпревари и правилата ќе бидат објавени во текот на идната седмица.
Подготвувајте се и следете ги информациите!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
Соопштение
26.02.2019
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани ученици и наставници,
Ве потсетуваме дека веб регистрацијата за натпреварите по хемија ќе биде отворена до 1 март 2019 год. до 23:59 часот.
Истовремено би сакале да ве информираме дека до Државната комисија за натпревари по хемија стасаа неколку барања од ученици кои сакаат да учествуваат на натпреварот по хемија, но се пласирани и на Државниот натпревар по математика, кој се одржува во исто време со општинскиот натпревар по хемија.
Имајќи го предвид интересот на учениците и заложбата да ги мотивира учениците да учествуваат на натпревари од највисок ранг од областа на природно-математичките науки, комисијата одлучи да им дозволи на учениците кои ќе учествуваат на Државниот натпревар по математика, директно да се пласираат на Регионалниот натпревар по хемија.
Според тоа,
учениците кои сакаат да учествуваат на натпреварите по хемија, а ќе се натпреваруваат на Државниот натпревар по математика, треба уредно да се пријават за натпреварот по хемија со пополнување на формуларот, да уплатат котизација во предвидените рокови и на natprevar.hemija@gmail.com да известат за своето учество на Државниот натпревар по математика (што ќе биде потврдено со официјалните списоци по натпреварот на веб страницата на СММ). Дополнитени пријави по предвидените рокови нема да бидат прифатени.
Со почит,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-2019-mk.htm
Соопштение
17.01.2019
Почитувани наставници и ученици,
Со задоволство Ве информираме дека секојдневно пристигнуваат пријави за учество на натпреварот по хемија, кој оваа година се одржува по шести пат во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија.
Би сакале да Ве информираме дека, врз основа на петгодишното искуство, а имајќи ги предвид и Вашите укажувања, од оваа година, со одлука на Државната комисија за натпревари по хемија при СХТМ сите пријавени ученици ќе се натпреваруваат на општински натпревар, а на регионален натпревар ќе се квалифицира најдобро пласираниот ученик од општинскиот натпревар, а листата на ученици кои се пласираат на регионален натпревар потоа ќе се надополни со ученици кои освоиле определен број бодови во соодветната категорија (овој број бодови го одредува ДКНХ, по добивање на конечните ранг листи по категории од сите општини во Македонија). На државен натпревар ќе се квалифицираат првите тројца најдобро пласирани ученици од секој регион во секоја категорија, доколку имаат освоено и најмалку 40 % од вкупниот број поени. Листата на ученици кои обезбедуваат пласман на државен натпревар потоа се надополнува со ученици кои освоиле определен број бодови во соодветната категорија (овој број бодови го одредува ДКНХ, по добивање на конечните ранг листи по категории од сите региони во Македонија).
Овој принцип успешно се применува на натпреварите по хемија за основно образование и обезбедува рамноправен третман на сите пријавени ученици од самиот почеток на натпреварите (независно од бројот), како и пласман на регионален натпревар на ученици од секоја општина водејќи притоа сметка и за нивното постигнување.
Драги наставници,
доколку имате желба поактивно да учествувате во подготовката и реализацијата на натпреварите, Ве повикуваме да испратите на долунаведената e-адреса примери за прашања на заокружување со еден точен одговор од понудени четири опции (A, B, C и D) и задачи за соодветните категории, кои би можеле да бидат земени предвид при составувањето на тестовите. Ги очекуваме вашите предлози најдоцна до 5 февруари 2019.
Воедно упатуваме повик за пријавување на училишта – кандидати за домаќини на општински и регионален натпревар.
Важно: Училиштата – кандидати за домаќини на општински и регионален натпревар да се пријават на дадената електронска адреса најдоцна до 15 февруари за да може да се планираат натпреварите. Препорачуваме предметните наставници од општината и регионот меѓусебно да се договорат и училиштата-домаќини да ротираат.
Се радуваме на нашата соработка.
Со почит,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-2019-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
28.12.2018
Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е отворено.
Формуларот за пријавување може да го пополните ТУКА.
Термините за натпреварите по хемија за учениците од средните училишта за 2018/19 година година се веќе објавени:
Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите (даден подолу), а основните принципи на натпреварите си остануваат исти:
- право на пријавување за општински натпревар има секој ученик
- натпреварот се одржува во 4 категории дефинирани според програмата за гимназиско образование: I, II, III и IV година/категорија, а за стручните училишта според табелата дадена подолу во Категории
- темите од тековната година за општински, регионален и државен натпревар се дадени во документот Распоред на темите подолу на страницава
- за регионален и државен натпревар за I, II, III и IV категорија треба да се совлада и кусиот дополнителен материјал со цел проширување на знаењата од темите кои се изучуваат во соодветната година (даден подолу)
- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој пополнува електронска пријава за секој ученик на дадената веб страница (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците)
- веб регистрацијата ќе биде отворена до 1 март 2019 год. до 23:59 часот
- за учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Пример за уплатница е даден долу и во неа задолжително треба да биде внесено име/имиња на учениците за кои е уплатата. За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail: natprevar.hemija@gmail.com и наведете за кое училиште и за кои ученици е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 8 март 2019 год.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!
Срдечен поздрав и СРЕЌНА, ВЕСЕЛА И УСПЕШНА 2019!
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-2019-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
31.10.2018
Почитувани ученици и наставници,
и оваа година Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) ќе ги организира и реализира натпреварите по хемија за учениците ос основното и средното образование.
Термините за натпреварите по хемија за учениците од основните и средните училишта за 2018/19 година година се:
Правилата се дефинирани воПравилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат исти.
Веб регистрацијата ќе биде отворена во јануари 2019 година.
ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ И СЛЕДЕТЕ ГИ ИНФОРМАЦИИТЕ!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
ДОКУМЕНТИ:
27–28 октомври, 2025, Скопје