Соопштение
16.06.2020
Почитувани ученици и наставници,
учебната година заврши и ви посакуваме пријатен летен одмор по турбулентното второ полугодие.
До последен момент се надевавме дека ќе се подобри состојбата со ширењето на вирусот и дека ќе биде можно да го завршиме циклусот натпревари, но дојде време за одлука и Ве известуваме дека поради пандемијата со COVID-19 регионалните и државниот натпревар по хемија за оваа година нема да се одржат. За селекционите натпревари за олимпијадите ќе бидат земени предвид најдобро пласираните на вкупната листа од општинските натпревари.
Ви посакуваме добро здравје, чувајте се себе и блиските со почитување на мерките, имајте убав летен одмор и следната година да ја почнеме со нови сили и елан.
Срдечен поздрав и сакајте ја хемијата,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com
http://www.sctm.mk/natprevari-2020-mk.htm
Соопштение
23.03.2020
Почитувани ученици и ментори,
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена. Заради неизвесноста на ситуацијата со ширење на COVID-19 вирусот и почитување на мерките за намалување на ризикот од ширење на истиот, закажаните термини за регионалниот и државниот натпревар по хемија за учениците од основното и средното образование ќе бидат поместени.
Натпреварот по хемија ќе се одржи во моментот кога ќе се создадат услови за тоа. Здруженијата по хемија, биологија, физика, математика и информатика, акредитирани од МОН за организација и реализација на натпревари, се во координација за идните чекори.
Ве молиме за трпение и разбирање и остануваме во комуникација за сите идни чекори.
Најважни се безбедноста и здравјето на секој од нас!
Срдечен поздрав и останете дома!
Соопштение
2.03.2020
Почитувани ученици и наставници,
конечниот список на ученици кои ќе се натпреваруваат на регионалниот натпревар е даден ТУКА, а листата на ученици кои ќе добијат дипломи, сертификати и пофалници од општинскиот натпревар може да се види ТУКА (отпечатените дипломи, пофалници и сертификати ќе бидат поделени за време на регионалните натпревари).
На регионалниот натпревар ќе има прашања и од дополнителниот материјал даден најдолу на оваа страница.
Листата на училишта-домаќини за регионалниот натпревар по хемија ќе биде дополнително објавена.
Срдечен поздрав и подготвувајте се,
Секција за хемиско образование при СХТМ,
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com
Соопштение
27.02.2020
Почитувани ученици и наставници,
Секцијата за хемиско образование при СХТМ им честита на сите ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар по хемија за постигнатите резултати. Истовремено се заблагодаруваме на наставниците и тетстаторите кои активно учествуваа во општинските комисии, а особена благодарност изразуваме на координаторите од училиштата-домаќини.
Резултатите од општинскиот натпревар по хемија за учениците од средните училишта одржан на 22 февруари 2020 година (сабота) се сумирани во списокот кој може да се види ТУКА (подредени според регион, општина, категорија и поени). Во него се обоени со зелено учениците кои се пласираат на регионален натпревар по првиот критериум (прво место во својата категорија во општината), а со жолто се обоени учениците кои се пласираат според вториот критериум (освоени поени: најмалку 26 поени за I категорија, најмалку 28 поени за II категорија и најмалку 30 поени за III и IV категорија).
Регионалниот натпревар ќе се одржи на 4 април 2020 година и за тоа ќе бидат контактирани потенцијалните домаќини од страна на СХТМ и навреме ќе бидат објавени информациите.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, СХТМ
Соопштение
18.02.2020
Почитувани ученици и наставници,
конечниот список на учесници на општинскиот натпревар по хемија за средно образование, кој ќе се одржи на 22 февруари 2020 година со почеток во 10 часот може да се види ТУКА.
Доколку сте уплатиле котизација, а ве нема во списокот, веднаш приложете потврда за уплата (на e-mail: natprevar.hemija@gmail.com) назначувајќи за кој ученик и училиште станува збор најдоцна 19.02 2020 (среда), во 12 часот!
Списокот на местата на одржување на натпреварот може да го видите ТУКА. Во некои училишта, каде што има помалку пријавени ученици, ќе се натпреваруваат заедно основците и средношколците. Им благодариме на колегите-координатори за ангажманот за домаќини на општинските натпревари.
Ви посакуваме среќа на општинскиот натпревар и ве известуваме за
временскиот распоред на активностите за 22 февруари, 2020:
9.30 - 10.00 - распоредување на учениците во просториите за натпреварување
10.00 - 11.00 - решавање на тестовите - 60 минути
Учениците по 11 часот се слободни да си заминат. Тестовите со решенија ќе бидат објавени на оваа веб страница по завршувањето на натпреварот во сите општини.
Наставниците се должни да земат учество во општинските комисии и да придонесат за објективно и ефикасно прегледување, а објавувањето на резултатите ќе биде во текот на идната недела, по пристигнување на прегледаните тестови (со затворени коверти) од сите општини.
Ви посакуваме успех на натпреварот!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, СХТМ
Соопштение
12.02.2020
Почитувани ученици и наставници,
конечниот список на учесници на општинскиот натпревар по хемија за средно образование може да се види ТУКА.
Доколку веќе сте уплатиле котизација, а тоа не е означено или пак ве нема во списокот (не сте се пријавиле на време), веднаш приложете потврда за уплата (на e-mail: natprevar.hemija@gmail.com) назначувајќи за кој ученик, училиште и година станува збор!
Општинскиот натпревар по хемија ќе се одржи на 22 февруари 2020 година со почеток во 10 часот. Списокот со училиштата – домаќини ќе го објавиме дополнително. Во моментов комуницираме со потенцијалните училишта домаќини, а отворен е повикот за пријавување на домаќини за општински и регионален натпревар.
Следете информации и подготвувајте се!
Срдечен поздрав,
СХТМ
Соопштение
04.02.2020
Почитувани ученици и наставници,
заврши пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).
Им посакуваме успех на пријавените ученици и нивните ментори. Списокот со пријавените ученици е даден ТУКА. Во текот на оваа недела ќе бидат проверени котизациите и следниот понеделник ќе биде објавен конечниот список на учениците кои ќе се натпреваруваат оваа година (доколку сте се пријавиле, а сеуште не сте уплатиле, веднаш сторете го тоа!).
Ве молиме проверете ги податоците за име на ученик и ментор, а особено за категорија и јазик за да нема проблеми при реализацијата на општинскиот натпревар.
- Општинските натпревари ќе се одржат на 22 февруари 2020 година со почеток во 10 часот во сите општини и категории. Ментори од сите општини ќе бидат контактирани за организацијата на општинскиот натпревар, а заинтересираните училишта може да се пријават за домаќини. Од практични причини, во општините каде има малку натпреварувачи, општинскиот натпревар може да се одржи во основното училиште кое е домаќин на општинскиот натпревар по хемија за ученици од основното образование или пак да се одржи натпревар за основно и средно на едно место за повеќе општини.
Местата на одржување на општинските натпревари и правилата ќе бидат објавени пред натпреварот.
Подготвувајте се и следете ги информациите!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
Соопштение
25.12.2019
Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е отворено.
Формуларот за пријавување може да го пополните ТУКА.
Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите (даден подолу), а основните принципи на натпреварите си остануваат исти:
- право на пријавување за општински натпревар има секој ученик од средно училиште од Македонија
- натпреварот се одржува во 4 категории дефинирани според програмата за гимназиско образование: I, II, III и IV година/категорија, а за стручните училишта според табелата дадена подолу во Категории,
- темите од тековната година за општински, регионален и државен натпревар се дадени во документот Распоред на темите подолу на страницава,
- за регионален и државен натпревар за I, II, III и IV категорија треба да се совлада и кусиот дополнителен материјал со цел проширување на знаењата од темите кои се изучуваат во соодветната година (даден подолу),
- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој пополнува електронска пријава за секој ученик на дадената веб страница (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците).
Веб регистрацијата ќе биде отворена до 31 јануари 2020 година во 18:00 часот!
За учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Пример за уплатница е даден долу и во неа задолжително треба да биде внесено име/имиња на учениците (училиште и категорија) за кои е уплатата. За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail: natprevar.hemija@gmail.com најдоцна до 25 јануари 2020 година и наведете за кое училиште и за кои ученици е фактурата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 31 јануари 2020 година.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!
Срдечен поздрав и СРЕЌНА, ВЕСЕЛА И УСПЕШНА 2020!
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail:;natprevar.hemija@gmail.com;
web:;http://sctm.mk/natprevari-2020-mk.htm;
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
24.09.2019
Почитувани ученици и наставници,
и оваа година Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) ќе ги организира и реализира натпреварите по хемија за учениците од средното образование.
Во договор со акредитираните здруженија од МОН за организирање на натпревари за учениците од основните и средните училишта по наставните предмети хемија, биологија, физика, математика, информатика и природни науки,
термините за натпреварите по хемија за учениците од средните училишта за 2019/20 година година се:
Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите остануваат исти.
Веб регистрацијата ќе биде отворена;во јануари 2020 година.
ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ И СЛЕДЕТЕ ГИ ИНФОРМАЦИИТЕ!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
ДОКУМЕНТИ:
27–28 октомври, 2025, Скопје