Натпревари по хемија - основно - 2015/2016


Почитувани ученици, наставници и родители,

Конечните резултати од државниот натпревар по хемија за учениците од основното образование се дадени тука за: VIII одд. и IX одд.

Правилата за доделување награди се дефинирани со член 14 од Правилникот за организација и реализација на натпревари по хемија за учениците од основното образование. Според него, како награда на најдобро пласираните натпреварувачи на државниот натпревар во секоја категорија СХТМ доделува дипломи, според следниве критериуми:

  • I награда – за освоени 95,0–100 проценти
  • II награда – за освоени 88,0–94,9 проценти
  • III награда – за освоени 80,0–87,9 проценти
  • Пофалница – за освоени 70,0–79,9 проценти

од максимално постигнатиот број бодови во соодветната категорија.

Процентите се пресметуваат според формулата n·100/n(max), каде што n е бројот на освоени бодови на тестот, а nmax­ е бројот на бодови на тестот на првопласираниот ученик на конечната ранг листа.

Наградени се вкупно 44 ученици и тоа:

  • од IX одделение една прва, четири втори и четири трети награди и
  • од VIII одделение осум први, осум втори и деветнаесет трети награди

Учениците кои освоија прва награда беа наградени со книги, прворангираните ученици – со подарок од Институтот за хемија, а на сите ученици на државниот натпревар СХТМ им подари маици.

Честитки за победниците и за сите учесници и за нивните ментори!
Благодарност до сите учесници, ментори и оние кои помогнаа за организација и реализација на натпреварите.
Подготвувајте се за следната година! Планирано време за пријавување – февруари 2016 год.
Сите информации ќе бидат достапни на оваа страница, зачувајте си ја и посетувајте ја одвреме навреме!
Коментари и сугестии за подобрување се добредојдени на: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

 

16-ти Студентски конгрес на СХТМ

27–28 октомври, 2025, Скопје

Вести