Соопштение
18.05.2019
зад нас е уште еден успешен циклус на натпревари по хемија за учениците од основните училишта, четврти по ред. Секцијата за хемиско образование при СХТМ и Државната комисија за натпревари по хемија им честитаат на сите учесници. Вие сте најдобрите хемичари од основните училишта во Македонија и треба да сте горди на своите постигнувања.
Конечните резултати од Државниот натпревар по хемија за учениците од основното образование одржан на 17 мај 2019 на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје може да се видат тука за VIII одд. и за IX одд.
Tестовите од Државниот натпревар 2019 се дадени тука:
Секцијата за хемиско образование при СХТМ е благодарна на сите наставници-ментори за учеството на овогодишните натпревари по хемија за учениците од основните училишта и за сета помош и соработка во организирањето и реализирањето на натпреварите.
Ве очекуваме следната година подготвени за фер натпревар, побогати за уште едно искуство, со нови сили и знаења и мотивирани за постигнување на уште подобри резултати. Прифатете го предизвикот, учете и сакајте ја хемијата, откривајте нови и интересни нешта и забавувајте се!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ
Соопштение
14.05.2019
Почитувани ученици и наставници,
се надеваме дека со нетрпение ги одбројувате деновите до одржувањето на Државниот натпревар по хемија за ученици од основното образование што ќе се одржи во петок, 17 мај 2019 година на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Натпреварот почнува во 10 часот (дојдете 30 минути порано за да си го најдете местото).
Списокот на ученици кои ќе се натпреваруваат, подредени по азбучен ред и одделение, е даден ТУКА.
Правилата за државен натпревар се дадени ТУКА.
Распоредот на активностите е даден во табелата подолу.
По повод 150 години од формирањето на таблицата на периодниот систем, ќе се придружиме на одбележувањето на 2019 - Меѓународна година на периодниот систем со предавањето на проф. Владимир Петрушевски наменето за сите заинтересирани ученици и наставници, кое ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за хемија од 12.15 часот.
Срдечен поздрав и се гледаме во петок подготвени за фер натпреварување,
СХТМ
Агенда за државен натпревар по хемија за ученици од основното образование, 17 мај 2019
Време |
Активност |
Локација |
9:30-9:45 |
Распоред на ученици по предавални |
Амф., П101, П124, П125 |
10:00-11:30 |
Натпревар – решавање тестови |
Амф., П101, П124, П125 |
10:00-11:00 11:00-12:00 |
Ментори: |
библиотека |
11:30 |
Објавување на клучевите |
хол I кат |
11:30-13:30 |
Комисии: |
П124, П125 |
12:15-13:00 |
Ученици и наставници: |
Амф. |
13:30 |
Објавување на прелиминарни резултати** |
хол I кат |
13:30-14:30 |
Поднесување приговори и |
П124, П125 |
16:00 |
Прогласување на наградените ученици** |
Амф. |
* Пожелно е предметни наставници да се вклучат во прегледување на тестовите.
** Можна е промена на времето во зависност од потребното време за прегледување на тестовите.
Амф. – Хемиски амфитеатар на II кат, П – предавална на I кат
Соопштение
09.04.2019
Почитувани ученици и наставници,
Конечните резултати од регионалните натпревари по направените технички корекции по региони се дадени ТУКА, а вкупниот список по категории е даден ТУКА. Со зелено се означени учениците кои се пласираат на државниот натпревар според првиот критериум, а со жолто пласираните според вториот критериум (дефинирани во претходното соопштение), а со црвен текст се означени направените корекции поради техничка грешка при внесување на поените.
Повелете тестови со решенија:
VIII одделение (МК, АЛБ, СРП, АНГ), клуч
IX одделение (МК, АЛБ, СРП), клуч
Срдечен поздрав,
СХТМ
Соопштение
08.04.2019
Резултати од регионален
Почитувани ученици и наставници,
Регионалните натпревари се одржаа на 6 април 2019 година и изразуваме голема благодарност на координаторите и училиштата домаќини за беспрекорната организација, како и на сите наставници кои се вклучија во комисиите и придонесоа за објективност на натпреварот!
Официјалните резултати од регионалните натпревари по региони се дадени ТУКА, а вкупниот список по категории е даден ТУКА. Со зелено се означени учениците кои се пласираат на државниот натпревар според првиот критериум, а со жолто пласираните според вториот критериум и тоа:
Наградите се пресметани според критериумите утврдени во Правилникот.
Им честитаме на пласираните на државниот натпревар, на наградените на регионалните натпревари и на сите ученици за учеството и фер-борбата.
Следете ги информациите кои ги објавуваме на оваа веб страница.
Срдечен поздрав и сакајте и учете хемија,
Секција за хемиско образование при СХТМ
Соопштение
03.04.2019
Почитувани ученици и наставници,
се надеваме дека сте веќе подготвени за Регионалниот натпревар по хемија што ќе се одржи во сабота, 6 април 2019 година.
Натпреварот почнува во 10 часот (бидете таму 30 минути порано за да си го најдете местото).
Правилата за регионален натпревар се дадени ТУКА.
Табелата со училиштата-домаќини, координаторите за реализација на Регионалниот натпревар по хемија за основно и средно образование 2019 и членовите на комисиите заклучно со 03.04.2019 е дадена ТУКА. Пријавувањето за член на регионалната комисија ќе се врши кај претставникот од Државната комисија за натпревари по хемија пред почетокот на натпреварот, до постигнување на потребниот број членови.
Срдечен поздрав и се гледаме во сабота,
СХТМ
Соопштение
27.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
Регионалниот натпревар ќе се одржи во закажаниот термин на 06.04.2019 (сабота) со почеток од 10:00ч. Учениците треба да бидат во училиштето-домаќин најдоцна до 09:30ч.
Табелата со училиштата-домаќини и координаторите за реализација на Регионалниот натпревар по хемија за основно и средно образование 2019 е дадена ТУКА.
Во табелата е даден и минималниот број членови на комисијата за секој регион (според бројот на натпреварувачи). Во интерес на објективноста на натпреварот и ефикасното прегледување и објавување на резултатите, ги повикуваме наставниците-ментори да се пријават за членови на регионалните комисии на natprevar.hemija.osnovno@gmail.com најдоцна до 1 април 2019 (понеделник) .
Тестовите ќе бидат прегледани истиот ден, веднаш по завршувањето на натпреварувачкиот дел. Приговори од страна на наставниците-ментори ќе може да се поднесат до комисијата на самото место во текот на 60 минути по објавувањето на резултатите. Приговорите поднесени подоцна, нема да бидат разгледувани.
Официјалните резултати од регионалниот натпревар ќе бидат објавени на веб страницата на СХТМ во понеделник, 8 април 2019 година.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ,
контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Соопштение
23.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
конечниот список на ученици кои ќе се натпреваруваат на регионалниот натпревар е даден ТУКА, а листата на ученици кои ќе добијат дипломи, сертификати и пофалници од општинскиот натпревар може да се види ТУКА (отпечатените дипломи, пофалници и сертификати ќе бидат поделени за време на регионалните натпревари).
На регионалниот натпревар ќе има прашања и од дополнителниот материјал кој ја следи наставната програма:
за 8 одделение
- Валентност и номенклатура (оксиди, киселини, хидроксиди, нормални соли). Од соли потребно е да се знаат само нормални соли. Именувањето треба да биде со примена на правилата за валентност.
- Од јаглеводороди потребно е да се знае само за алкани – хомологија, изомерија, номенклатура, својства, претставници (оваа тема е само за државен натпревар).
за 9 одделение
- Основни типови неоргански соединенија (оксиди, киселини, хидроксиди, соли) – состав, поделба, номенклатура, добивање, својства. Не треба комплексни соединенија.
- Поделба на солите: нормални соли, хидроген соли, хидроксид соли, двојни или мешани соли, кристалохидрати.
- Во 9 одд. не е застапена тема од органска хемија во наставната програма, па според тоа теми од органска хемија не се предвидени за тестирање на ученици од 9 одд.
Како ориентација за длабочината и ширината на знаењата кои се потребни користете ги учебниците по хемија за 7 одд. (Алексовска, Антоновска – стр. 28-31, 54-57, 91–95, 100-138), за 8 одд. (Алексовска – стр. 69-77), 1 год. (Шоптрајанов – стр. 27-31, 135-148) и 2 год. (Шоптрајанов – стр. XII-XIX). Дополнителниот материјал за лабораториски прибор е преземен од книгата „Експериментот во наставата по хемија“, книга 1 од Владимир М. Петрушевски и Методија Најдоски и е даден ТУКА.
Листата на училишта-домаќини за регионалниот натпревар по хемија ќе биде дополнително објавена.
Срдечен поздрав и подготвувајте се,
Секција за хемиско образование при СХТМ,
контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Соопштение
20.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
Секцијата за хемиско образование при СХТМ им честита на сите ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар по хемија за постигнатите резултати. Истовремено се заблагодаруваме на наставниците кои активно учествуваа во општинските комисии, а особена благодарност изразуваме на координаторите од училиштата-домаќини, кои го реализираа натпреварот во ненадејно прогласениот работен ден.
Резултатите од општинскиот натпревар по хемија за учениците од основните училишта одржан на 16 март 2019 година (сабота) се сумирани во списокот кој може да се види ТУКА (подредени според регион, општина, категорија и поени). Во него се обоени со зелено учениците кои се пласираат на регионален натпревар по првиот критериум (прво место во својата категорија во општината), а со жолто се обоени учениците кои се пласираат според вториот критериум (освоени поени: најмалку 34 поени за VIII одделение и најмалку 38 поени за IX одделение).
Евентуални приговори по објавените резултати може да се испратат на е-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com само од страна на наставници-ментори најдоцна до четврток, 21.03.2019 година во 18.00 часот.
Регионалниот натпревар ќе се одржи на 6 април 2019 година и за тоа ќе бидат контактирани потенцијалните домаќини од страна на СХТМ и навреме ќе бидат објавени информациите.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, СХТМ
Соопштение
16.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
Ви благодариме за учеството на општинскиот натпревар по хемија!
Повелете тестови со решенија:
VIII одделение (МК, АЛБ, ТУР, СРП, АНГ), клуч
IX одделение (МК, АЛБ, ТУР, СРП, АНГ), клуч
Резултатите ќе бидат објавени во текот на следната недела!
Срдечен поздрав,
СХТМ
Соопштение
15.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
Ви посакуваме среќа на општинскиот натпревар и ве известуваме за
временскиот распоред на активностите за 16 март, 2019:
9.30 - 10.00 - распоредување на учениците во просториите за натпреварување
10.00 - 11.00 - решавање на тестовите - 60 минути
Учениците по 11 часот се слободни да си заминат. Тестовите со решенија ќе бидат објавени на оваа веб страница по завршувањето на натпреварот во сите општини.
Наставниците се должни да земат учество во општинските комисии и да придонесат за објективно прегледување и ефикасно објавување на резултатите, што ќе биде во текот на идната недела, по пристигнување на прегледаните тестови (со затворени коверти) од сите општини.
Официјално писмо од СХТМ до директорите на училиштата за одржувањето на натпреварот по хемија може да превземете ТУКА.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, СХТМ
Соопштение
14.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
до училиштата во текот на вчерашниот ден беше пратено известување од МОН дека сабота, 16.03.2019 ќе биде работен ден, поради што беше доведено во прашање одржувањето на Општинскиот натпревар по хемија за основно и средно образование, закажан уште во октомври 2018 година.
Со максимално вложување на сите инволвирани (општинските координатори, директорите на училиштата – домаќини и координаторите од СХТМ),
Ве известуваме дека Општинскиот натпревар по хемија за основно и средно образование 2019 ќе се одржи во закажаниот термин: САБОТА 16 МАРТ ВО 10.00
со мали промени во поглед на некои места на одржување (за Кавадарци, Карпош и Аеродром).
Ажурираниот список на местата на одржување на натпреварот може да го видите ТУКА.
Конечниот список на учесници е ТУКА (пред некои имиња има прашалници и тие ученици може да се натпреваруваат доколку приложат доказ за регулирана уплата на котизација до Општинскиот координатор).
Натпреварот почнува точно во 10 часот. Бидете на местото половина час порано и погледнете ги правилата дадени во претходното соопштение.
Срдечен поздрав и среќно во сабота!
Секција за хемиско образование, СХТМ
Соопштение
13.03.2019
Ажурирана листа на на училишта-домаќини е дадена ТУКА.
Почитувани ученици и наставници,
конечниот список на учесници на општинскиот натпревар по хемија за основно образование, кој ќе се одржи на 16 март 2019 година со почеток во 10 часот (бидете на местото половина час порано!) може да се види ТУКА. Доколку сте уплатиле котизацијаа, а ве нема во списокот, веднаш приложете потврда за уплата (на e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com) назначувајќи за кој ученик и училиште станува збор најдоцна до среда, 13 март 2019, во 12 часот!
Ви посакуваме успех на натпреварот!
СХТМ,
Секција за хемиско образование
Соопштение
11.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните и средните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) заврши.
Конечниот список со пријавените ученици ќе биде објавен веднаш по конечната проверка на уредно пријавените со регулирана котизација, кои ќе имаат право на учество на натпреварот.
Листата на училишта-домаќини е дадена ТУКА.
- Правилата за општински натпревар за учениците прочитајте ги ТУКА, за наставниците ТУКА, а за домаќинот на општинскиот натпревар ТУКА.
ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ ЗА НАТПРЕВАР!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
Соопштение
09.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
ажурираниот список на пријавени ученици за натпреварите по хемија за основно образование може да се види ТУКА. Последните уплати ќе бидат ажурирани во понеделник и конечниот список на ученици кои имаат право да се натпреваруваат на општинскиот натпревар во сабота, 16 март 2019 година, ќе биде објавен во вторник. Доколку е реализирана уплатата, а тоа не е евидентирано во списокот, испратете потврда на e-mail бидејќи некои уплати се непрепознатливи (не се наведени имиња на ученици или училиште).
Следете информации и подготвувајте се!
Срдечен поздрав,
СХТМ
Соопштение
05.03.2019
Почитувани ученици и наставници,
заврши пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).
Списокот со пријавените ученици е даден ТУКА. Во него се означени со зелено имињата на учениците со регулирана котизација. За да имаат право на учество, останатите мора да уплатат котизација најдоцна до 8 март 2019 година (ако имаат на време уплатена котизација која не е евидентирана, веднаш да пратат уплатница на e-mail).
- Ве молиме проверете ги податоците за име на ученик и ментор, а особено за категорија и јазик за да нема проблеми при реализацијата на општинскиот натпревар.
- Општинските натпревари ќе се одржат на 16 март 2019 година со почеток во 10 часот во сите општини и категории.
- Менторите од сите општини ќе бидат контактирани за организацијата на општинскиот натпревар. Во оние општини каде што има мал број ученици или само еден предметен наставник ќе биде направено спојување на учениците и општинскиот натпревар ќе се реализира во една општина.
-Местата на одржување на општинските натпревари и правилата ќе бидат објавени во текот на идната седмица.
Подготвувајте се и следете ги информациите!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-osnovno-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
17.01.2019
Почитувани наставници,
Со задоволство Ве информираме дека секојдневно пристигнуваат пријави за учество на натпреварот по хемија за ученици од основното образование.
Доколку имате желба поактивно да учествувате во подготовката и реализацијата на натпреварите, Ве повикуваме да испратите на долунаведената e-адреса примери за прашања на заокружување со еден точен одговор од понудени четири опции (A, B, C и D) и/или проблеми за соодветните категории, кои би можеле да бидат земени предвид при составувањето на тестовите. Ги очекуваме Вашите предлози најдоцна до 5 февруари 2019.
Воедно упатуваме повик за пријавување на училишта – кандидати за домаќини на општински и регионален натпревар. Училиштата-домаќини на општински/регионален натпревар имаат право да пријават уште по двајца ученици во секоја категорија (сo пријава и уплатeна котизација во предвидениот рок).
Важно: Училиштата – кандидати за домаќини на општински и регионален натпревар да се пријават на дадената електронска адреса најдоцна до 15 февруари за да може да се планираат натпреварите. Препорачуваме предметните наставници од општината и регионот меѓусебно да се договорат и училиштата-домаќини да ротираат.
Се радуваме на нашата соработка.
Со почит,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта СХО (натпревар основно): natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Web: http://www.pmf.ukim.edu.mk/PMF/Chemistry/sojuz/index-mk.htm
e-пошта СХТМ: sctmacedonia@gmail.com
Соопштение
28.12.2018
Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е отворено.
Формуларот за пријавување може да го пополните ТУКА.
Термините за натпреварите по хемија за учениците од основните училишта за 2018/19 година се веќе објавени:
Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите (даден подолу), а основните принципи на натпреварите остануваат исти:
- право на учество има секој ученик од VIII и од IX одделение од сите основни училишта во Република Македонија
- секое пријавено училиште на oпштинскиот натпревар може да учествува со максимален број ученици во соодветната категорија кој е еднаков на вкупниот број паралелки од таа категорија помножен со 3. Учениците, доколку нивниот број е поголем од дозволениот, ги утврдува предметниот наставник по претходно спроведен училишен натпревар
- натпреварот се одржува во 2 категории дефинирани според програмата по хемија за основно образование: Категорија 1 – VIII и Категорија 2 – IX одделение
- за регионален и државен натпревар треба да се совлада и кусиот дополнителен материјал поврзан со соодветните наставни содржини со цел проширување на знаењата од темите кои се изучуваат во соодветните одделенија (даден подолу)
- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој треба да ја пополни електронската пријава за секој ученик на посочената веб страница (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците)
- веб регистрацијата ќе биде отворена до 1 март 2019 год. до 23:59 часот
- за учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик.
Пример за уплатница е даден долу и во неа задолжително треба да биде внесено име/имиња на учениците за кои е уплатата. За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com и наведете за кое училиште и за кои ученици е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 8 март 2019 год.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!
Срдечен поздрав и СРЕЌНА, ВЕСЕЛА И УСПЕШНА 2019!
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://www.sctm.mk/natprevari-osnovno-2019-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
31.10.2018
Почитувани ученици и наставници,
и оваа година Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) ќе ги организира и реализира натпреварите по хемија за учениците ос основното и средното образование.
Термините за натпреварите по хемија за учениците од основните и средните училишта за 2018/19 година година се:
Правилата се дефинирани воПравилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат исти.
Веб регистрацијата ќе биде отворена во јануари 2019 година.
ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ И СЛЕДЕТЕ ГИ ИНФОРМАЦИИТЕ!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
ДОКУМЕНТИ:
25–28 септември, 2024, Охрид