Почитувани ученици и наставници,
Ве повикуваме да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“, во организација на Друштвото на физичарите на Р. Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштво на биолози на Р. Македонија, Македонско астрономско друштво, Македонско географско друштво, Скопско астрономско друштво, Природно - математички факултет и Skopje City Mall.
Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта во Р. Македонија (одделенска настава, предметна настава и ученици од средните училишта, гимназиско и средно стручно образование) и наставниците што предаваат природни науки (одделенска и предметна настава), физика, хемија, биологија и географија (во основно и во средно училиште).
Настанот ќе се одржува на две места: Природно-математичкиот факултет во Скопје и Skopje City Mall. Некои активности во Skopje City Mall, како Изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти се наменети и за граѓани, добронамерници, посетители, родители, студенти, Ваши роднини и пријатели...
Настанот ќе се одржи во текот на месец ноември 2016 година и вклучува повеќе настани наведени во програмата (дадена подолу).
Секој регистриран учесник на настанот (наставник, ученик) ќе добие сертификат за учество на настанот. Дипломи и награди ќе бидат доделени на најдобрите ученици на Изложбата и натпреварот во изработки, демонстрации и експерименти и на најдобрите ученици на тест натпреварот. Наставниците - ментори на наградените ученици исто така ќе добијат дипломи.
За регистрација за учество на настанот потребно е да се пополни: пријава за наставник, пријава за ученик и опис на изработка/демонстрација/експеримент и да се испрати на адресите во формуларите дадени подолу, а повеќе детали за регистрацијата за учество на настанот се дадени во документот „Известување...“.
Сите заедно да придонесеме во популаризација на природните науки!
Со почит,
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Симни документи/формулари:
25–28 септември, 2024, Охрид