Соопштение
07.05.2018
Почитувани ученици и ментори,
Третиот државен натпревар по хемија за ученици од основните училишта се одржа на 6 мај 2018 на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Конечните резултати се дадени ТУКА. Се извинуваме што претходно беше објавена постара верзија од резултатите (пред да се земат предвид приговорите).
Нагрaдените ученици на конкурсот за дизајн на маица се:
Елена Петковска, ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино
Татјана Босиланова, ООУ „Сандо Масев“, Струмица
Теодора Петреска, ООУ „Гоце Делчев“, Прилеп
Tестови од Државниот натпревар 2018: VIII одд. и IX одд.
Секцијата за хемиско образование при СХТМ се заблагодарува на сите наставници ментори за учеството на овогодинешните натпревари по хемија за учениците од основните училишта и за сета помош и соработка во организирањето и реализирањето на натпреварите. Воедно, упатуваме честитки до сите наградени ученици и на сите им посакуваме многу успеси понатаму.
Ве очекуваме следната година. Прифатете го предизвикот и учете хемија, откривајте нови и интересни нешта и забавувајте се!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ
Соопштение
02.05.2018
Почитувани ученици и наставници,
Државниот натпревар ќе се одржи на 06 мај 2018 година со почеток во 10 часот на Институтот за хемија - Ве молиме дојдете половина час порано за да си го најдете местото и натпреварот да започне точно навреме.
Агенда – државен натпревар по хемија за ученици од основното образование, 06 мај 2018 година
Време |
Активност |
Локација |
9:30-10:00 |
Распоред на ученици по предавални |
Амф, П124, П125 |
10:00-11:30 |
Натпревар – решавање тестови |
Амф, П124, П125 |
10:30-11:00 |
Доделување сертификати за регионален натпревар |
библиотека |
11:00-12:00 |
Кафе, закуска и освежување |
библиотека |
11:30 |
Објавување на клучевите |
хол I кат |
12:00-14:00 |
Прегледување на тестовите* |
библиотека |
14:00 |
Објавување на прелиминарни резултати** |
хол I кат |
14:00-15:00 |
Поднесување приговори** и |
П101, СК104 |
15:00-15:30 |
Објавување на официјални резултати** |
хол I кат |
16:00 |
Прогласување на наградените ученици** |
амфитеатар |
* Пожелно е предметните наставници да се вклучат во прегледување на тестовите.
** Можна е промена на времето во зависност од потребното време за прегледување на тестовите.
Амф. – Хемиски амфитеатар на II кат, П – предавална, СК-сала за конференции
Соопштение
25.04.2018
Почитувани ученици,
Секоја година учесниците на државниот натпревар по хемија добиваат маица со дизајн кој симболизира љубов кон хемијата. Оваа година, Секцијата за хемиско образование при СХТМ организира
Секој ученик пласиран на државниот натпревар има право да учествува со своја идеја – дизајн на маица, кој треба да биде претставен на лист со формат А4 на кој рачно, со молив или со пенкало, треба да биде напишан текст и/или нацртана скица во врска со хемијата (симболи на елементи, структури на молекули, кристали, апаратура, ...). Во долниот десен агол треба да се наведе име и презиме на ученикот, одделение, училиште и град.
Учениците ќе ги презентираат своите идеи откако ќе завршат со решавање на тестот на државниот натпревар (на вториот кат на Инститотут за хемија). Најдобрата идеја ќе биде наградена.
Срдечен поздрав,
СХТМ
Тестовите од регионален натпревар за 8 одд. се достапни на следниве линкови: МК, АЛБ, СРП, АНГЛ.
Тестовите од од регионален натпревар 9 одд. се достапни на следниве линкови: МК, АЛБ, СРП, TR, АНГЛ.
Соопштение
27.03.2018
Почитувани ученици и наставници,
Регионалните натпревари се одржаа на 24 март 2018 година и изразуваме голема благодарност на координаторите и училиштата домаќини за беспрекорната организација и на сите наставници кои се вклучија во комисиите и придонесоа за ефикасно прегледување и објективност на регионалните натпревари!
Официјалните резултати од регионалните натпревари по региони се дадени ТУКА. Со зелено се означени учениците кои се пласираа на државниот натпревар според првиот критериум, а со сино пласираните според вториот критериум и тоа:
Вкупно наградени ученици на регионален натревар од VIII одд. се 170, а од IX одд. 272 ученика. Наградите се пресметани според следниве критериуми: I награда – за освоени 95,0–100 бодови, II награда – за освоени 85,0–94,9 бодови, III награда – за освоени 70,0–84,9 бодови и пофалница – за освоени 50–69,9 бодови. Бодовите се пресметуваат според формулата n·100/nmax, каде што n е бројот на освоени бодови, а nmax е бројот на бодови на првопласираниот ученик на конечната ранг листа. Така, на пример, ако најдобриот ученик во дадена категорија има 50 бода, ученик со 42 бода има трета награда (42*100/50=84 бода).
Им честитаме на пласираните на државниот натпревар, на наградените на регионалните натпревари и на сите за учеството и фер-борбата.
Следете ги информациите кои ги објавуваме на оваа веб страница.
Срдечен поздрав и сакајте и учете хемија,
Секција за хемиско образование при СХТМ
ВАЖНО ЗА НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ НА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА И ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА
Доколку има ученици кои се квалификувале да се натпреваруваат на овие два натпревари веднаш(најдоцна до четврток, 22 март, до 15 часот) да се пријават на e-mail: natprevar.hemija@gmail.com за да се организира нивното учество на двата натпревари во договор со комисијата за регионалниот натпревар по хемија во Скопје и Здружението на информатичарите на Македонија.
Соопштение
20.03.2018
Почитувани ученици и наставници,
се надеваме дека сте веќе подготвени за регионалните натпревари во сабота, 24 март 2018 година.
Списокот на учесници и местата на одржување се дадени во соопштенијата подолу.
Натпреварите почнуваат во 10 часот (бидете таму 15 минути порано за да си го најдете местото).
Правилата за регионален натпревар се дадени ТУКА.
Листата на пријавените училишта-домаќини и регионални комисии заклучно со 20.03.2018 е дадена ТУКА.
Појаснување за дополнителен материјал
за 8 одд.
- Валентност и номенклатура (оксиди, киселини, хидроксиди, нормални соли). Од соли потребно е да се знаат само нормални соли. Именувањето треба да биде со примена на правилата за валентност.
- Од Јаглеводороди потребно е да се знае само за алкани – хомологија, изомерија, номенклатура, својства, претставници (оваа тема е само за државен натпревар).
за 9 одд.
- Основни типови неоргански соединенија (оксиди, киселини, хидроксиди, соли) – состав, поделба, номенклатура, добивање, својства. Не треба комплексни соединенија.
- Поделба на солите: нормални соли, хидроген соли, хидроксид соли, двојни или мешани соли, кристалохидрати.
- Во 9 одд. не е застапена тема од органска хемија во наставната програма, па според тоа теми од органска хемија не се предвидени за тестирање на ученици од 9 одд.
Срдечен поздрав и се гледаме во сабота,
СХТМ
Соопштение
19.03.2018
Листата на пријавените училишта-домаќини комисии заклучно со 19.03.2018 е дадена ТУКА.
Соопштение
14.03.2018
Почитувани ученици и наставници,
Дополнителниот материјал за лабораториски прибор е преземен од книгата „Експериментот во наставата по хемија“, книга 1 од Владимир М. Петрушевски и Методија Најдоски и е даден ТУКА.
Дополнителниот материјал важи за регионален и/или државен натпревар и ја следи наставната програма. Темите за различните нивоа на натпреварување се дадени во првото соопштение од 29.12.2017 (најдолу на страницава).
Листата на пријавените училишта-домаќини е дадена ТУКА.
Освен тоа, во документот е даден и бројот на членови на регионална комисија за секој регион. Ве молиме да се придржувате до ова и да доставите предлози за членови на комисија онаму каде што недостасува. Во спротивно, доколку нема формирано регионална комисија со потребниот број членови, тестовите нема да се прегледуваат.
Регионалниот натпревар започнува во 10:00ч. Учениците треба да бидат во училиштето домаќин најдоцна до 09:30ч.
Тестовите ќе бидат прегледани истиот ден, веднаш по регионалниот натпревар, од страна регионалната комисија, во која ќе членува и претставник на СХТМ. Прелиминарни резултати ќе бидат истакнати истиот ден на огласна табла на училиштето домаќин. Приговори ќе може да се поднесат веднаш по истакнувањето на резултатите и нема да бидат разгледувани приговорите поднесени подоцна. Официјални резултати од регионалниот натпревар ќе бидат објавени на веб страницата на СХТМ најдоцна 7 дена по завршување на регионалните натпревари.
Со почит,
СХТМ
Соопштение
09.03.2018
Почитувани ученици и наставници,
конечниот список на ученици пласирани на регионален натпревар по хемија е даден ТУКА. Дополнителни информации ќе бидат објавени на оваа веб-страница.
Листата на училишта-домаќини и координатори е дадена ТУКА.
Ве молиме, во интерес на учениците кои обезбедиле пласман за регионален, најдоцна до понеделник да испратите информација за училиште-домаќин, координатор и комисија. Во спротивно, нема да може да се реализира натпреварот во тој регион, а доколку нема формирано комисија нема да може да се прегледаат тестовите на учениците.
Темите за дополнителниот материјал се дадени на оваа веб страница. Како ориентација за длабочината и ширината на знаењата кои се потребни користете ги учебниците по хемија за 7 одд. (Алексовска, Антоновска – стр. 28-31, 54-57, 91–95, 100-138), за 8 одд. (Алексовска – стр. 69-77), 1 год. (Шоптрајанов – стр. 27-31, 135-148) и 2 год. (Шоптрајанов – стр. XII-XIX), а подетално за лабораториски прибор ќе објавиме во текот на наредната седмица.
Со почит,
Секција за хемиско образование при СХТМ,
контакт e-mail:natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
Соопштение
04.03.2018
Почитувани ученици, наставници и родители,
СХТМ донесе одлука да излезе во пресрет на учениците кои учествуваа на натпреварот по математика, а не беа навреме пријавени од менторите и да им овозможи пласман на регионален натпревар по хемија. Учениците обележани со светло и темно зелена боја, жолта и портокалова се пласираат на регионален натпревар.
Ве замолуваме во иднина да ги почитувате правилата за натпреварување и да ги следите објавите на оваа веб страница.
Евентуални забелешки во врска со општинскиот натпревар и со списокот на пласирани ученици може да испратите најдоцна до 07.03.2018 година. Забелешки пристигнати по овој период нема да бидат земени предвид.
Листата на пласирани ученици за регионален натпревар е дадена ТУКА.
ВАЖНО: ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР
Наставниците ментори имаат обврска, преку меѓусебен договор, да достават предлог за училиште домаќин на регионален натпревар. Координаторот на регионалниот натпревар, по претходна консултација со наставниците ментори од својот регион, има обврска да формира регионална комисија која ќе биде задолжена за регуларноста на натпреварите и за прегледување на тестовите. За регион 1 наставниците ментори, по претходен договор, доставуваат листа на членови на регионална комисија на официјалниот мејл за натпревари по хемија за основно образование. Бројот на членови во регионалната комисија за секој регион варира во зависност од бројот на ученици во тој регион. Сумирано, овие податоци се дадени подолу и Ве молиме да се придржувате до нив.
Во спротивно, доколку нема формирано регионална комисија со потребниот број членови, тестовите нема да се прегледуваат.
Регион |
Број на ученици |
Број на членови на рег. комисија |
Училиште домаќин, координатор |
1 |
191 |
мин. 19 |
Институт за хемија, ПМФ, Скопје |
2 |
50 |
мин. 5 |
|
3 |
40 |
мин. 4 |
|
4 |
82 |
мин. 8 |
|
5 |
94 |
мин. 9 |
ООУ „Гоце Делчев“, Прилеп, Кети Ивановска |
6 |
100 |
мин. 10 |
ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, Берово, Сузана Гашчеовска |
Ве молиме предлозите за училиште домаќин за регионалниот натпревар и за членови на комисијата да ги доставите најдоцна до 10 март 2018 година на natprevar.hemija.osnovno@gmail.com. Во некои општини можно е натпреварот за основно и за средно образование да се реализира во едно училиште во дадениот регион, а во организацијата да бидат вклучени два координатора – еден од основно и еден од средно училиште.
СХТМ не сноси одговорност за непочитување на роковите и правилата за натпреварување од страна на учениците и нивните ментори.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ,
контакт e-mail:natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-osnovno-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
01.03.2018
Почитувани ученици, наставници и родители,
СХТМ им честита на сите ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар по хемија. Резултатите од општинскиот натпревар по хемија за учениците од основните училишта одржан на 24 февруари 2018 година (сабота) се сумирани.
Според Правилникот и направените измени во него (соопштение од 22.01.2018), на регионален натпревар, во одредена категорија, се квалифицира најдобро пласираниот ученик на општинскиот натпревар во соодветната општина (прв критериум). Учениците кои обезбедуваат пласман според овој критериум за означени со темно зелена боја.
Листата е надополнета (втор критериум) со ученици кои освоиле најмалку:
35 бодови – за IX одделение и
33 бодови – за VIII одделение
Тоа се учениците чии имиња се означени со светло зелена боја.
Според претходно утврдените правила, директно на регионален натпревар се пласираат оние ученици кои на минатогодишниот натпревар по хемија освоиле прва награда. Оваа година директно на регионален натпревар се пласираат оние ученици кои учествувале на општински натпревар по математика и за кои СХТМ навремено има добиено известување од страна на нивните ментори. Имињата на тие ученици се означени со црвени букви. По дополнителна проверка, ќе биде објавен официјален список на ученици кои обезбедуваат пласман на регионален натпревар.
СХТМ не сноси одговорност за непочитување на роковите и правилата за натпреварување од страна на учениците и нивните ментори.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Наставниците ментори имаат обврска, преку меѓусебен договор, да достават предлог за училиште домаќин за регионален натпревар и да формираат регионална комисија која ќе биде задолжена за регуларноста на натпреварите и за прегледување на тестовите. Ве молиме предлозите за училиште домаќин за регионалниот натпревар и за членови на комисијата да ги доставите до 10 март 2018 година на natprevar.hemija.osnovno@gmail.com. Во некои општини можно е натпреварот за основно и за средно образование да се реализира во едно училиште во дадениот регион, а во организацијата да бидат вклучени два координатора – еден од основно и еден од средно училиште.
Прелиминарниот список на ученици кои се пласираат на регионален натпревар е даден ТУКА.
На крајот би сакале да Ве замолиме тестовите да не се ставаат внатре во ковертите бидејќи на тој начин се нарушува анонимноста во прегледувањето, а и самата постапка на прегледување се одолговлекува.
Тестовите од 8 одд. се достапни на следниве линкови: МК, АЛБ, ТУР, СРП, АНГЛ.
Тестовите од 9 одд. се достапни на следниве линкови: МК, АЛБ, ТУР, СРП, АНГЛ.
Ви благодариме уште еднаш за активното учество во реализацијата на општинските натпревари.
Остануваме во контакт и се подготвуваме за регионалните натпревари закажани за 24 март 2018 година. Конечниот список на ученици кои обезбедуваат пласман на регионален натпревар ќе биде објавен дополнително на оваа веб-страница.
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ,
контакт e-mail:natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-osnovno-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
26.02.2018
Почитувани ученици и наставници,
Општинскиот натпревар по хемија за средните училишта се реализираше на 24 февруари 2018 година. Резултатите и тестовите со клучевите ќе бидат објавени за 7 дена.
Следете ги новостите и подготвувајте се за регионалниот натпревар!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, СХТМ
контакт e-mail:natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-osnovno-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
21.02.2018
Почитувани ученици и наставници,
Конечниот список со учениците кои оваа година ќе се натпреваруваат е даден ТУКА.
Општинскиот натпревар во сабота почнува во 10 часот. Бидете таму 30 min пред почетокот за да си го најдете местото и натпреварот да почне навреме!
СРЕЌНО ВО САБОТА!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ
контакт e-mail:natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-osnovno-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
20.02.2018
Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) заврши.
Конечниот списокот со пријавените ученици е даден ТУКА. Во него се означени со зелено имињата на учениците со регулирана котизација, а останатите немаат право на учество на натпреварот (ако имаат на време уплатена котизација која не е евидентирано, веднаш да пратат уплатница на e-mail).
Конечна листа на училишта-домаќини е дадена ТУКА.
- Правилата за општински натпревар за учениците и за менторите и домаќинот прочитајте ги ТУКА.
ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ ЗА НАТПРЕВАР!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-osnovno-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
17.02.2018
Ажурираната листата на пријавените ученици со регулирана котизација е дадена ТУКА (оние без котизација немаат право да се натпреваруваат).
Соопштение
16.02.2018
Листата на досега пријавените училишта-домаќини заклучно со 16.02.2018 е дадена ТУКА.
ВАЖНО: ВО ОПШТИНИТЕ БИТОЛА, НОВАЦИ И МОГИЛА НЕМА ПРИЈАВЕНО УЧИЛИШТЕ-ДОМАЌИН. Потребно е да се пријави координатор за овие општини.
Упатства за реализација на општинскиот натпревар, структурата на тестовите и начинот на оценување се дадени ТУКА.
Ажурираната листата на пријавените ученици со регулирана котизација е дадена ТУКА (ќе биде ажурирана уште еднаш и во петок ќе биде објавена конечната листа на натпреварувачи).
Соопштение
12.02.2018
Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) заврши.
Списокот со пријавените е даден ТУКА (подредени според: регион, општина, категорија, училиште). Во него се означени со зелено имињата на учениците со регулирана котизација. За да имаат право на учество, останатите мора да уплатат котизација веднаш: рокот за уплата од 9 февруари е продолжен до 12 февруари-понеделник!
Проверете и дали се во ред вашите податоци во списокот!
Во зависност од бројот на пријавени ученици/училишта/општини по категории со регулирана котизација, по проверката на котизациите ќе биде објавено каде ќе има општински натпревар, во согласност со Правилникот. Директно на регионален натпревар ќе се натпреваруваат учениците кои учествуваат на општински натпревар по математика кој се одржува во исто време со натпреварот по хемија, како и ученици од 9 одд. кои на минатогодишниот државен натпревар освоиле прва награда. Сите ученици треба да имаат регулирани обврски заклучно со 12 јануари 2018.
Листата на досега пријавените училишта-домаќини заклучно со 12.02.2018 е дадена ТУКА. За непречено одвивање на општинските и регионалните натпревари потребно е да се пријават училишта-домаќини од останатите општини. Ве молиме тоа да го сторите во најкус можен рок. Во оние општини каде што има мал број ученици или само еден предметен наставник ќе биде направено спојување на учениците и општинскиот натпревар ќе се реализира во една општина.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-osnovno-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
08.02.2018
Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е отворенo до 9 февруари 2018 год. до 23:59 часот
Формуларот за пријавување се пополнува ТУКА.
Списокот со пријавените до 7 февруари е даден ТУКА. Потсетуваме дека за учество на натпреварите мора да се регулира и котизацијата (упатство-подолу во претходното соопштение).
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
За непречено одвивање на општинските и регионалните натпревари потребно е да се пријават училишта-домаќини. Ве молиме тоа да го сторите во најкус можен рок.
Менторите на учениците кои се натпреваруваат по математика во истиот период да испратат список на ученици преку мејл, а потоа да достават официјална потврда од СММ за учество на натпреварот по математика.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
web: http://sctm.mk/natprevari-osnovno-2018-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia
Соопштение
22.01.2018
Почитувани ученици и наставници,
врз основа на досегашното искуство од организирањето и реализацијата на натпреварите по хемија за ученици од основно образование Ве известуваме дека Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија изврши измена на член 11 и член 14 од Правилникот за организација и реализација на натпревари по хемија за учениците од основното образование која се однесува на обезбедувањето пласман на повисоко ниво на натпреварување и наградувањето на државен натпревар, што сметаме дека ќе биде во интерес на учениците. Оваа одлука е донесена во согласност со сугестиите добиени од повеќе наставници вклучени во натпреварите и за истата се известени БРО и МОН.
Направените измени може да се видат ТУКА.
Ве потсетуваме дека пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е во тек и сите информации се дадени подолу.
Соопштение
29.12.2017
Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) е во тек.
Формуларот за пријавување се пополнува ТУКА.
Термините за натпреварите по хемија за учениците од средните училишта за 2017/18 година година се:
Структура на тестовите:
Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат како за минатата година:
- право на учество има секој ученик од VIII и од IX одделение од сите основни училишта во Република Македонија
- секое пријавено училиште на oпштинскиот натпревар може да учествува со максимален број ученици во соодветната категорија кој е еднаков на вкупниот број паралелки од таа категорија помножен со 3. Учениците, доколку нивниот број е поголем од дозволениот, ги утврдува предметниот наставник по претходно спроведен училишен натпревар.
- училиштата-домаќини на регионален натпревар имаат право да пријават уште по двајца ученици во секоја категорија, но имаат обврска да се пријават во предвидениот рок и да уплатат котизација за оваа година (за ова треба да ги известат организаторите по електронски пат)
- доколку ученикот кој се пријавува за натпревар од IX одд. на минатогодишниот државен натпревар освоил прва награда, директно се пласира на регионален натпревар, но има обврска да се пријави во предвидениот рок и да уплати котизација за оваа година
- доколку ученикот учествува и на општински натпревар по математика, може директно да се пласира на регионален натпревар по хемија, но има обврска да се пријави во предвидениот рок и да уплати котизација за оваа година. Освен тоа, по натпреварот задолжително треба да достави официјална потврда од Сојузот на математичари на Македонија за учество на општински натпревар по математика.
- натпреварот се одржува во 2 категории дефинирани според програмата по хемија за основно образование: I категорија – VIII и II категорија – IX одделение
- подолу се дадени дополнителни материјали поврзани со соодветните наставни содржини наменети за продлабочување на знаењата (прашања/проблеми од дополнителниот материјал ќе бидат застапени само на регионален и на државен натпревар)
- пријавувањето за натпревар е кај наставникoт, кој треба да ја пополни пријавата за своите ученици на посочената веб страница за пријавување, при што задолжително треба да се внесат електронски адреси и од учениците и од наставниците за полесна комуникација понатаму. Податоците од формуларот се користат за објавување на резултати и изработка на сертификати и дипломи.
- формуларот за регистрацијата ќе биде достапен до 9 февруари 2018 год. до 23:59 часот;
- за учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Упатството за уплата со уплатница е на веб страницата (задолжително да се внесе име/имиња на учениците при уплатата), а за уплата со фактура обратете се со барање за фактура на електронската адреса natprevar.hemija.osnovno@gmail.com и наведете за кое училиште и за кои ученици е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 9 февруари 2018.
Важно: Училиштата – кандидати за домаќини на општински и регионален натпревар да се пријават на дадената електронска адреса до 1 февруари за да може да се планираат натпреварите. Препорачуваме предметните наставници од општината и регионот меѓусебно да се договорат и училиштата-домаќини да ротираат.
Срдечен поздрав и ги очекуваме Вашите пријави,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
ДОКУМЕНТИ:
27–28 октомври, 2025, Скопје