Натпревари по хемија - средно - 2022/2023

Соопштение
26.05.2023

Почитувани ученици и наставници,

зад нас е уште еден успешно завршен циклус на натпревари по хемија за учениците од средните училишта.

Секцијата за хемиско образование при СХТМ и Државната комисија за натпревари по хемија им честитаат на сите учесници за постигнатите резултати.

Конечните резултати од Државниот натпревар по хемија за учениците од средното образование одржан на 26 мај 2023 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје може да се видат ТУКА.

Tестовите од Државниот натпревар 2023 со решенија се дадени тука:

I категорија (МК)
II категорија (МКАЛБ)
III категорија (МК,АНГ),
IV категорија (МК, АНГ)

Секцијата за хемиско образование при СХТМ е благодарна на сите наставници-ментори за учеството на овогодишните натпревари по хемија и за сета помош и соработка во организирањето и реализирањето на натпреварите.

Ве очекуваме и следната година со нови сили и знаења и мотивирани за постигнување на уште подобри резултати.

Учете и сакајте ја хемијата, откривајте нови и интересни нешта и забавувајте се!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

 

Соопштение
24.05.2023

Почитувани ученици и наставници,

Државниот натпревар по хемија оваа година ќе се одржи на 26 мај за ученици од основното и од средното образование на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје со почеток во 10.30 часот (дојдете 15 минути порано).

Распоредот на активностите е следниот.

Време

Активност

Локација

10:15

Распоред на ученици по предавални

Амф, предавални-распоред истакнат на влезот и пред секоја предавална

10:30-12:30
10:30-13:00

Натпревар-основно
Натпревар-средно

Амф, предавални

10:30-13:00

13:00-13:30

Ментори: Доделување сертификати за регионален и државен натпревар
Кафе, закуска и освежување

Библиотека

13:00

Објавување на клучевите

Веб страница СХТМ

13:00-15:00

Прегледување на тестовите

Предавални

13:30

Ученици и наставници:
Хемиски спектакл

Амф.

15:00

Објавување на прелиминарни резултати

хол I кат

15:00-16:00

Поднесување приговори и
одговор по приговорите

П101, П124, П125

~16:30

Прогласување на наградените ученици
Доделување дипломи и пофалници

Амф.

Амф. – Хемиски амфитеатар (влез од холот на III кат, П – предавална на I кат

Срдечен поздрав и се гледаме во петок подготвени за фер натпреварување и спектaкл,
СХТМ

 

Соопштение
09.05.2023

Почитувани ученици и наставници,

Конечните резултати од регионалните натпревари се дадени ТУКА при што со зелено се обоени пласираните на државен натпревар по првиот критериум: освоени најмалку 80% од максималниот број бодови во таа категорија, а со жолто според вториот критериум за дополнување на листата (според севкупниот пласман) со освоени најмалку: 28 поени за I, 22 поени за II, 15 поени за III и 20 поени за IV категорија, а со црвено се направените поправки по проверката за униформно бодирање кај сите ученици.

Им честитаме на наградените на регионалните натпревари, на пласираните на државниот натпревар и на сите ученици за учеството и фер-борбата.

Државниот натпревар по хемија за учениците од средно образование ќе се одржи во петок, 26 мај 2023 година на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (точното време ќе биде дополнително објавено).

Подготвувајте се и ве очекуваме на Институтот за хемија на државниот натпревар. 
Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com

 

Соопштение
07.05.2023

Почитувани ученици и наставници,

честитки за успешно реализираниот регионален натпревар и благодарност до координаторите и училиштата домаќини.

Прелиминарните резултати се дадени ТУКА, а конечните ќе бидат објавени по извршените проверки и пресметки на наградените и пласираните на државниот натпревар.

Во II категорија бодовите од втор дел кај сите се помножени со 2/3 за да се сведат на 20 поени вкупно бидејќи беа доделени 30 поени, a треба да се 20.  

 

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование при СХТМ

 

Соопштение
06.05.2023

Почитувани ученици и наставници,

Повелете тестови од регионалниот натпревар со решенија:

I категорија (МКАЛБАНГ)
II категорија (МКАЛБАНГ)
III категорија (МК, АЛБ, АНГ),
IV категорија (МКАЛБ, АНГ)

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

 

Соопштение
30.04.2023

Почитувани ученици и наставници,

Регионалниот натпревар ќе се одржи на 6 мај 2023 (сабота) со почеток од 12:00 ч со решавање на класични тестови за време од 90 минути. Дојдете 5-10 минути порано за да си го најдете местото.

Списокот со училиштата-домаќини и координаторите за реализација на Регионалниот натпревар по хемија за основно и средно образование 2023 е даден ТУКА а списокот на ученици кои ќе учествуваат на Регионалниот натпревар е даден ТУКА.

Правилата за регионален натпревар се дадени ТУКА:

Учениците кои се обоени во списокот ќе се натпреваруваат и на Државниот натпревар по англиски јазик (истиот ден, 6 мај, од 10-11.30). Тие ќе се натпреваруваат на регионалниот натпревар по хемија во Скопје во СУГС Гимназија Георги Димитров, Карпош (а ќе бидат рангирани во својот регион). Доколку ученикот се натпреварува на државниот натпревар по англиски, а не е обоен во списокот, веднаш менторот да ни пише мејл за да се обезбеди тест и место за него.

Тестовите ќе бидат прегледани веднаш по завршување на натпреварот, а наставниците треба да се вклучат во прегледувањето. Резултатите ќе бидат истакнати на огласна табла веднаш по прегледувањето, а потоа и објавени на веб страницата на СХТМ во најкус можен рок.

Ви посакуваме успех на натпреварот!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

e-mail: natprevar.hemija@gmail.com

Соопштение
13.04.2023

Почитувани ученици и наставници,

Регионалниот натпревар ќе се одржи на 6 мај 2023 (сабота) со почеток од 12:00 ч со присуство во училиште и решавање на класични тестови за време од 90 минути.

Списокот со училиштата-домаќини и координаторите за реализација на Регионалниот натпревар по хемија за основно и средно образование 2023 ќе биде утврден идната недела и објавен тука.

Пласираните ученици на регионалниот натпревар се дадени во претходното соопштение.

Учениците кои ќе се натпреваруваат на Државниот натпревар по англиски јазик (истиот ден, 6 мај, од 10-11.30), ќе се натпреваруваат на регионалниот натпревар по хемија во Скопје на Институтот за хемија (а ќе бидат рангирани во својот регион).

Менторите на овие ученици да ни пишат порака на e-mail за тие да бидат планирани за учество на регионалниот натпревар по хемија во Скопје.

Подготвувајте се за натпревар!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

Соопштение
01.03.2023

Почитувани ученици и наставници,

Конечните резултати од општинските натпревари се дадени ТУКА со освоените дипломи и пофалници (ќе бидат испратени до менторите во текот на оваа и идната недела). Вреднувани се сите точни одговори и проверени повеќе пати за се да биде коректно.

Пласираните на регионален натпревар според првиот критериум - прво место на општинскиот натпревар се обоени зелено, а со жолто се обоени оние пласирани според вториот критериум, а тој е: освоени најмалку 16 поени за I год., 15 поени за II год., 13 поени за III год. и 12 поени за IV год.

Уште еднаш ви честитаме за постигнатите резултати на сите и ви посакуваме уште поголеми успеси во следните натпревари!

Срдечен поздрав и подготвувајте се за регионалните натпревари,

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com
http://sctm.mk/natprevari-2022-mk.htm
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
25.02.2023

Почитувани ученици и наставници,

честитки за успешно завршените општински натпревари по хемија на 24 февруари 2023 со online тестирање на ClassMarker.

Благодариме за домаќините и набљудувачите за одличната организација и на сите учесници за почитувањето до правилата.

Резултатите на секој ученик се пратени на e-mail, а ТУКА е даден преглед на резултатите по регион/општина и категорија. 

Конечните резултати и списокот со пласирани ученици на регионален натпревар ќе бидат објавени следната недела.

 

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
https://sctm.mk/natprevari-2023-mk.htm

 

Соопштение
23.02.2023

Почитувани ученици и наставници,

Општинскиот натпревар ќе се одржи во петок, 24 февруари 2023 година.
- од 13 часот за учениците од VIII и IX одделение,
- од 14 часот за учениците од I, II, III и IV година.

Конечниoт список со натпреварувачи на општинскиот натпревар е даден ТУКА.

Конечниот распоред на местата на одржување на натпреварите е даден во претходното соопштение.

Инструкциите за натпреварувачите се дадени ТУКА, а упатство за наставниците-домаќини ТУКА.

Срдечен поздрав и среќно,

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
https://sctm.mk/natprevari-2023-mk.htm

 

Соопштение
22.02.2023

Почитувани ученици и наставници,

Општинскиот натпревар ќе се одржи во петок, 24 февруари 2023 година.
- од 11 часот за учениците од VIII и IX одделение,
- 12.30 часот за учениците од I, II, III и IV година.

Корисничко име и лозинка за најава на Classmarker на секој ученик кој ќе се натпреварува на општинскиот натпревар по хемија се пратени на нивните е-адреси.

Ве молиме проверете дали секој ученик ја добил пораката и следете го упатството за најава на Classmarker дадено ТУКА. Зачувајте си ги податоците за најава за во петок! Доколку некој ученик не добил порака и не може да се најави на Classmarker, испратете ни име и точна e-mail адреса од ученикот веднаш на e-mail адресата дадена долу. 

Распоредот на училишта за општинските натпревари е дададен ТУКА подредени по регион и општина и задебелени се училиштата домаќини, дадени се имињата и контакт од координаторите и бројките на ученици од другите училишта според тоа каде ќе се натпреваруваат.

Училиштата домаќини треба да обезбедат стабилен интернет и доволно училници за реализација на натпреварот. Учениците треба да имаат лаптоп или да се приклучат од десктоп компјутер доколку е обезбедена компјутерска училница. 

Имајќи ја предвид актуелната состојба со дојавите за бомби во училиштата, следете ги редовно информациите тука.

 

Срдечен поздрав, .

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
https://sctm.mk/natprevari-2023-mk.htm

 

Соопштение
20.02.2023

Почитувани ученици и наставници,

Конечниот список со учесници на општинскиoт натпревар може да го видите ТУКА (подредени според регион, општина, училиште, категорија и име на ученик).

Срдечен поздрав, следете информации тука и проверувајте e-mail.

 

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
https://sctm.mk/natprevari-2023-mk.htm

 

Соопштение за менторите
16.02.2023

Почитувани колеги,
за вклучување на состанокот на Teams во предвиденото време:

1. Најдете ја пораката на вашиот e-mail (со кој сте пријавени за натпреварите) од Microsoft Teams со Subject: You have been added to a team in Microsoft Teams (ако не е во Inbox, побарајте ја во Spam, Junk, Other...)

2. Во таа порака, под името на тимот Натпревари по хемија 2023 – средно кликнете на Open Microsoft Teams.

3. Ќе се отвори јазиче на Microsoft Teams и таму пак кликнете на Open Microsoft Teams и ќе влезете во соодветната група.

4. Во определеното време за состанокот администраторот ќе го отвори состанокот и вие вклучете се (не започнувајте нов состанок).

Срдечен поздрав од координаторите.

 

Почитувани колеги-ментори на учениците пријавени за натпреварот,

вклучени сте во група на Teams (Натпревари по хемија 2023 одделен тим за основно и за средно) и во рамките на соодветниот тим
Ве покануваме на состанок денес, 16 февруари 2023 (во канал General) за договор за: времето, организацијата и начинот на реализација на општинските натпревари закажани за 24 февруари 2023 година.

Распоредот за вклучување на состанокот е следниот:
18.30 - 19.15 наставници во основните училишта од регионите 1 и 2
19.15 - 20.00 наставници во основните училишта од регионите 3, 4, 5 и 6
20.00 - 20.45 наставници во средните училишта од сите региони

Ве молиме за присуство и конструктивност со цел ефикасна и успешна реализација на натпреварите што е во интерес на сите учесници.

Срдечен поздрав од координаторите.

 

Соопштение
14.02.2023

Почитувани ученици и наставници,

Конечниот список со учесници на општинскиoт натпревар може да го видите ТУКА (подредени според регион, општина, училиште, категорија и име на ученик). Проверете дали се во ред податоците, категоријата и јазикот на кој ќе се натпреварувате и веднаш кажете ни ако треба нешто да се измени.

Подготвувајте се за натпревар и проверете ја својата е-пошта на која треба да добиете упатство за користење на ClassMarker. Доколку не добиете порака со упатство на вашата е-пошта до четврток, во петок пишете на мејлот на натпреварите даден подолу од вашата е-пошта за да го добиете упатството за да имаме валиден e-mail од секој натпреварувач.  

Во понеделник, 20 февруари, секој ученик ќе добие корисничко име и лозинка за најава на платформата ClassMarker со кои треба да се најави за проверка дека се е во ред со податоците за најава.

Менторите ќе добијат покана за online состанок на Teams во четврток, 16.2.2023, за договор за организацијата на општинскиот натпревар.

 

Срдечен поздрав, следете информации тука и проверувајте e-mail.

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
https://sctm.mk/natprevari-2023-mk.htm

 

 

Соопштение
09.02.2023

Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за натпреварите по хемија оваа година заврши.

Списокот со пријавени ученици може да го видите ТУКА (подредени според општина, училиште, категорија и име на ученик). Учениците со регулирана уплата се означени во боја.

Проверете дали е се во ред со категоријата и јазикот на кој ќе се натпреварувате. Конечниот список на натпреварувачи ќе биде објавен во петок (доколку се уште не сте ја регулирале котизацијата направете го тоа веднаш).

Поздрав и подготвувајте се за натпревар,
...

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com;
web: http://sctm.mk 
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
18.01.2023

Почитувани ученици и наставници,

отворено е пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).

Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат исти:

- натпреварот се одржува во 4 категории дефинирани според програмата по хемија за гимназиско образование:  I, II, III и IV година/категорија (стручните училишта треба да се вклопат во овие категории според изучуваните теми наведени на веб страницата на БРО);

- право на пријавување за општински натпревар има секој ученик од средно училиште во Македонија;

- темите од тековната година за општински, регионален и државен натпревар се дадени во документот Распоред на темите,

- за регионален и државен натпревар за I, II, III и IV категорија треба да се совлада и кусиот дополнителен материјал со цел проширување на знаењата од темите кои се изучуваат во соодветната година (даден подолу),

- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој пополнува електронска пријава за секој ученик (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците).


Општинските натпревари и оваа година  ќе се одржат online, со физичко присуство во училиштата на 24 февруари 2023,а точното време ќе биде определено во зависност од бројот на пријавени ученици. За организацијата на натпреварот и почитувањето на здравствените протоколи ќе биде одговорен наставникот – координатор, секој во своето училиште. За непречено одвивање на натпреварот ќе биде потребен компјутер за секој натпреварувач, по еден компјутер со камера и микрофон во секоја училница и стабилна интернет врска.

Формуларот за пријавување може да го пополните ТУКА. Задолжително треба да се внесе точен e-mail на секој ученик.


Веб регистрацијата ќе биде отворена до 3 февруари 2023 година во 18:00 часот!

За учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Пример за уплатница е даден долу и во неа задолжително треба да биде внесено име/имиња на учениците (училиште и категорија) за кои е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 3 февруари 2023 година.

За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail најдоцна до 3 февруари 2023 година и наведете за кое училиште и за кои ученици е фактурата.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com;
web: http://sctm.mk 
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

 

16-ти Студентски конгрес на СХТМ

27–28 октомври, 2025, Скопје

Вести