Натпревари по хемија - средно - 2023/2024

Соопштение
16.4.2024

Почитувани ученици и наставници,

Конечните резултати од регионалните натпревари се дадени ТУКА (со зелено се обоени пласираните на државен натпревар по првиот критериум: освоени најмалку 80% од максималниот број бодови во таа категорија, а со жолто според вториот критериум за дополнување на листата (според севкупниот пласман) со освоени најмалку: 25 поени за I, 31,5 поени за II, 21 поени за III и 16,5 поени за IV категорија. Со розева боја се означени учениците кои се дел од олимпискиот тим и кои директно се пласираат на државен натпревар.

Им честитаме на наградените на регионалните натпревари, на пласираните на државниот натпревар и на сите ученици за учеството и фер-борбата.

Државниот натпревар по хемија за учениците од средното образование ќе се одржи во петок, 31 мај 2024 година на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (точното време ќе биде дополнително објавено).

Подготвувајте се и ве очекуваме на Институтот за хемија на државниот натпревар. 

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com

 

Соопштение
14.4.2024

Почитувани ученици и наставници,

честитки за успешно реализираниот регионален натпревар и благодарност до координаторите и училиштата домаќини.

Прелиминарните резултати се дадени ТУКА, а конечните ќе бидат објавени по извршените проверки и пресметки на наградените и пласираните на државниот натпревар.

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

 

Соопштение
13.4.2024

Почитувани ученици и наставници,

Повелете тестови од регионалниот натпревар со решенија:
I категорија (МК, АЛБ, АНГ)
II категорија (МК, АЛБ, АНГ)
III категорија (МК, АЛБ, АНГ),
IV категорија (МК)

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

 

Соопштение
12.4.2024

Почитувани ученици и наставници,

Регионалниот натпревар ќе се одржи на 13 април 2024 (сабота) со почеток од 11:30 ч со решавање на класични тестови за време од 90 минути. Дојдете 5-10 минути порано за да си го најдете местото.

Учениците кои ќе се натпреваруваат и на регионален натпревар по македонски јазик треба да дојдат 30 минути порано и ќе се натпреваруваат од 11 часот! (на натпреварот по македонски јазик ќе им биде дозволено да почнат подоцна)

Учениците кои ќе се натпреваруваат и на регионалниот натпревар по англиски јазик ќе бидат толерирани доколку малку задоцнат на натпреварот по хемија (учениците од Битола ќе се натпреваруваат во Прилеп, учениците од Берово и Радовиш-во Штип).

Правилата за регионален натпревар се дадени ТУКА.

Тестовите ќе бидат прегледани веднаш по завршување на натпреварот, а наставниците треба да се вклучат во прегледувањето. Резултатите ќе бидат истакнати на огласна табла веднаш по прегледувањето, а потоа и на веб страницата на СХТМ во најкус можен рок.

Ви посакуваме успех на натпреварот!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ

 

\Соопштение
4.4.2024

Почитувани ученици и наставници,

Регионалниот натпревар ќе се одржи на 13 април 2024 (сабота) со почеток од 11:30 ч со решавање на класични тестови за време од 90 минути. Местата се објавени во претходното соопштение.

Поради одржување на натпревари по англиски и македонски јазик во истиот ден, Ве замолуваме да известите доколку има ученици кои ќе уествуваат и на овие натпревари (пратете ни мејл со име и презиме на ученикот и на кој од овие натпревари ќе учествува истиот ден).

Ви посакуваме успех на натпреварот!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com

 

Соопштение
25.3.2024

Почитувани ученици и наставници,

Регионалниот натпревар ќе се одржи на 13 април 2024 (сабота) со почеток од 11:30 ч со решавање на класични тестови за време од 90 минути. Дојдете 5-10 минути порано за да си го најдете местото. Времето на одржување е одредено во координација со натпреварот по англиски јазик.

Списокот со конечни резултати од општинскиот натпревар е даден ТУКА.
Списокот со училиштата-домаќини и координаторите за реализација на Регионалниот натпревар по хемија за основно и средно образование 2024 е даден ТУКА, а списокот на ученици кои ќе учествуваат на Регионалниот натпревар е даден ТУКА

Правилата за регионален натпревар се дадени ТУКА.

Тестовите ќе бидат прегледани веднаш по завршување на натпреварот, а наставниците треба да се вклучат во прегледувањето.

Ви посакуваме успех на натпреварот!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com

Соопштение
26.2.2024

Почитувани ученици и наставници,

Конечните резултати од општинските натпревари се дадени ТУКА со освоените дипломи и пофалници (ќе бидат испратени до менторите во текот на оваа и идната недела). Вреднувани се сите точни одговори и проверени повеќе пати за се да биде коректно.

Пласираните на регионален натпревар според првиот критериум - прво место на општинскиот натпревар се обоени зелено, а со жолто се обоени оние пласирани според вториот критериум, а тој е: освоени најмалку 16 поени за I година, 18 поени за II година, 13 поени за III година и 12 поени за IV година, имајќи ја предвид воспоставената практика на регионален натпревар да се пласираат 50% од учесниците на општинските натпревари.

Честитки за постигнатите резултати на сите натпреварувачи и ви посакуваме уште поголеми успеси на следните натпревари!

Срдечен поздрав и подготвувајте се за регионалните натпревари,
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com;
web: http://sctm.mk/natprevari-2024-mk.htm;
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
23.2.2024

Почитувани ученици и наставници,
честитки за успешно завршените општински натпревари по хемија на 23 февруари 2024 со online тестирање на ClassMarker.
Благодариме на домаќините и набљудувачите за одличната организација и на сите учесници за почитувањето на правилата.

Резултатите на секој ученик се пратени на e-mail. Преглед на прелиминарните резултати по регион/општина и категорија за I категорија е даден ТУКА, за II категорија ТУКА, за III категорија ТУКА и за IV категорија ТУКА.
Конечните резултати и списокот со пласирани ученици на регионален натпревар ќе бидат објавени следната недела.

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com
https://sctm.mk/natprevari-2024-mk.htm

 

Соопштение
21.2.2024

Почитувани ученици и наставници,

Општинскиот натпревар ќе се одржи во петок, 23 февруари 2024 година.
- од 13 часот за учениците од VIII и IX одделение,
- од 12 часот за учениците од I, II, III и IV година

Конечниoт список со натпреварувачи на општинскиот натпревар е даден ТУКА.

Конечниот распоред на местата на одржување на натпреварите е даден во претходното соопштение. Списокот со училишта каде натпреварот ќе се следи online е даден ТУКА.

Инструкциите за натпреварувачите се дадени ТУКА, а упатство за наставниците-домаќини ТУКА.

Срдечен поздрав и среќно,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com
https://sctm.mk/natprevari-2024-mk.htm

 

Соопштение
20.2.2024

Почитувани ученици и наставници,
Општинскиот натпревар ќе се одржи во петок, 23 февруари 2024 година.
- од 12 часот за учениците од I, II, III и IV година,
- од 13 часот за учениците од VIII и IX одделение.

Корисничко име и лозинка за најава на Classmarker на секој ученик кој ќе се натпреварува на општинскиот натпревар по хемија се пратени на нивните е-адреси.

Ве молиме проверете дали секој ученик ја добил пораката и следете го упатството за најава на Classmarker дадено ТУКА. Зачувајте си ги податоците за најава за во петок! Доколку некој ученик не добил порака, најпрво проверете во SPAM/JUNK, а потоа доколку ни таму не се стигнати податоците, испратете ни име и точна e-mail адреса од ученикот веднаш на e-mail адресата дадена долу.

Распоредот на училишта за општинските натпревари е дададен ТУКА подредени по регион и општина и задебелени се училиштата домаќини, дадени се имињата и контакт од координаторите и бројките на ученици од другите училишта според тоа каде ќе се натпреваруваат.

Училиштата домаќини треба да обезбедат доволно училници за реализација на натпреварот. Менторите задолжително да го контактираат училиштето домаќин за детали за реализација на натпреварот со наставникот кој е координатор (за информација за тоа дали учениците треба да носат свој лаптоп или да се приклучат од десктоп компјутер доколку е обезбедена компјутерска училница).

 

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com
https://sctm.mk/natprevari-2024-mk.htm

 

Соопштение
16.2.2024

Почитувани ученици и наставници,

Конечниот список со учесници на општинскиoт натпревар може да го видите ТУКА (подредени според регион, општина, училиште, категорија и име на ученик). Проверете дали се во ред податоците, категоријата и јазикот на кој ќе се натпреварувате и веднаш кажете ни ако треба нешто да се измени.

Подготвувајте се за натпревар и проверете ја својата е-пошта на која треба да добиете упатство за користење на ClassMarker. Учениците кои се имаат пријавено со е-пошта @schools.mk да ни испратат нова е-пошта.
Во понеделник и вторник, 19 и 20 февруари, секој ученик ќе добие корисничко име и лозинка за најава на платформата ClassMarker со кои треба да се најави за проверка дека се е во ред со податоците за најава.

Доколку не добиете порака со упатство на вашата е-пошта до вторник, во среда пишете на мејлот на натпреварите даден подолу од вашата е-пошта за да го добиете упатството за да имаме валиден e-mail од секој натпреварувач. 

Менторите ќе бидат контактирани за договор за организацијата на општинскиот натпревар и се надеваме на соработка и ефикасност во интерес на успешна реализација на општинскиот натпревар.

 

Срдечен поздрав, следете информации тука и проверувајте e-mail.
Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com 
https://sctm.mk/natprevari-2023-mk.htm

 

Соопштение
10.2.2024

Почитувани ученици и наставници,
пријавувањето за натпреварите по хемија оваа година заврши.
Списокот со пријавени ученици може да го видите ТУКА (подредени според општина, училиште, категорија и име на ученик). Учениците со регулирана уплата се означени во боја.
Проверете дали е се во ред со категоријата и јазикот на кој ќе се натпреварувате. Конечниот список на натпреварувачи ќе биде објавен во вторник (доколку се уште не сте ја регулирале котизацијата направете го тоа веднаш).

Учениците кои нема да ја регулираат уплатата ќе бидат отстранети од списокот.

Поздрав и подготвувајте се за натпревар!

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com;
web: http://sctm.mk 
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
16.1.2024

Почитувани ученици и наставници,
отворено е пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училиштата во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).
Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат исти:
- натпреварот се одржува во 4 категории дефинирани според програмата по хемија за гимназиско образование:  I, II, III и IV година/категорија (стручните училишта треба да се вклопат во овие категории според изучуваните теми наведени на веб страницата на БРО);
- право да се натпреварува има секој ученик од средно училиште во Македонија;
- темите од тековната година за општински, регионален и државен натпревар се дадени во документот Распоред на темите,
- за регионален и државен натпревар за I, II, III и IV категорија треба да се совлада и кусиот дополнителен материјал со цел проширување на знаењата од темите кои се изучуваат во соодветната година (даден подолу),
- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој пополнува електронска пријава за секој ученик (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците).

Општинските натпревари и оваа година  ќе се одржат online, со физичко присуство во училиштата на 23 февруари 2024, а точното време ќе биде определено во зависност од бројот на пријавени ученици. За организацијата на натпреварот ќе биде одговорен наставникот – координатор во училиштето домаќин на натпреварот. За непречено одвивање на натпреварот ќе биде потребен компјутер за секој натпреварувач, по еден компјутер со камера и микрофон во секоја училница и стабилна интернет врска.

Формуларот за пријавување може да го пополните ТУКА. Задолжително треба да се внесе точен e-mail на секој ученик.

Веб регистрацијата ќе биде отворена до 2 февруари 2024 година во 18:00 часот!

За учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Пример за уплатница е даден долу и во неа задолжително треба да биде внесено име/имиња на учениците (училиште и категорија) за кои е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 2 февруари 2024 година.
За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail најдоцна до 2 февруари 2024 година и наведете за кое училиште и за кои ученици е фактурата.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!

Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија

контакт e-mail: natprevar.hemija@gmail.com;
web: http://sctm.mk 
https://www.facebook.com/sctmacedonia

 

Соопштение
15.12.2023

Почитувани колешки и колеги, драги ученици,

Ве повикуваме да земете учество на натпреварот по хемија за учениците од основните и средните училишта, кој и оваа учебна година го организира Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, акредитиран од МОН за натпревари по хемија.

Пријавувањето ќе биде отворено во втората половина на јануари 2024 година.

Календарот за натпреварите е следниот:
Општински натпревари (online во училиштата) на 23 февруари 2024 година.
Регионални натпревари (на ист начин како досега) на 12/13 април 2024 година
Државни натпревари на Институтот за хемија на 31 мај (основно и IV кат. средно)/1 јуни (средно I, II, и III кат.) 2024 година.

Сите информации ќе бидат достапни на веб-страницата на СХТМ
Подготвувајте се!

Срдечен поздрав и Ви посакуваме СРЕЌНА И УСПЕШНА 2024 ГОДИНА!

Секција за хемиско образование, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
e-пошта: natprevar.hemija@gmail.com

 

 

27-ми Конгрес на СХТМ

25–28 септември, 2024, Охрид

Вести