Соопштение
18.01.2023
Почитувани ученици и наставници,
отворено е пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).
Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат исти:
- натпреварот се одржува во 2 категории дефинирани според програмата по хемија за основно образование: VIII и IX одделение;
- право на пријавување за општински натпревар има секој ученик од основно училиште во Македонија;
- темите од тековната година за општински, регионален и државен натпревар се дадени во документот Распоред на темите.
- за натпреварите за VIII и IX одделение треба да се совлада и кусиот дополнителен материјал со цел проширување на знаењата од темите кои се изучуваат во соодветната година (даден подолу),
- пријавувањето го координира наставникoт-ментор, кој пополнува електронска пријава за секој ученик (задолжително да се внесат е-mail адреси и од учениците и од наставниците).
Општинските натпревари и оваа година ќе се одржат online, со физичко присуство во училиштата на 24 февруари 2023, а точното време ќе биде определено во зависност од бројот на пријавени ученици. За организацијата на натпреварот и почитувањето на здравствените протоколи ќе биде одговорен наставникот – координатор, секој во своето училиште/општина. За непречено одвивање на натпреварот ќе биде потребен компјутер за секој натпреварувач, по еден компјутер со камера и микрофон во секоја училница и стабилна интернет врска.
Формуларот за пријавување може да го пополните ТУКА. Задолжително треба да се внесе точен e-mail на секој ученик и ментор.
Веб регистрацијата ќе биде отворена до 3 февруари 2023 година во 18:00 часот!
За учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Пример за уплатница е даден долу и во неа задолжително треба да биде внесено име/имиња на учениците (училиште и категорија) за кои е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 3 февруари 2023 година.
За уплата со фактура обратете се со барање за фактура на e-mail најдоцна до 3 февруари 2023 година и наведете за кое училиште и за кои ученици е фактурата.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ПОДГОТВУВАЈТЕ СЕ!
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
контакт e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com;
web: http://sctm.mk
https://www.facebook.com/sctmacedonia
20–23 септември, 2023, Охрид